Економија
РКЕ издаде 400 лиценци: Со струјата од обновливи извори може да се снабдуваат десет градови
За петнаесет месеци Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за 400 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори. Станува збор за вкупна инсталирана моќност од 191,6 MW што е приклучена на мрежа за една година и три месеци и со која може да се задоволат потребите на домаќинствата со просечна потрошувачка од десет градови: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св Николе, Ресен, Дојран, Дебар и Виница.

– Во првото тромесечје од 2023 година Регулаторна комисија за енергетика издаде лиценци за 133 фотонапонски електроцентрали со моќност од 39,4 MW. Ако се гледа кумулативно со претходната година од кога стартуваше т.н Елдорадо за инвестиции во обновливи извори, во земјава на мрежа се вклучени капацитети со инсталирана можност од 191,6 MW, со која може да се задоволат потребите на близу 76 000 домаќинствата со просечна потрошувачка, односно може да се обезбеди електрична енергија за домаќинствата од десет градови. За да може да се искористи енергијата од Сонце и во текот на ноќните часови во фаза на изработка сме на правила што ќе ја регулираат процедура во поставувањето на батериите пред се како комплементарен, но и засебен дел од секоја изградена централа, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.
Во 2022 години РКЕ, се вели во соопштението, им издаде лиценци на вкупно 267 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со инсталиран вкупен капацитет од 152.2 MW. Од нив 106.5 MW се ФЕЦ, додека 36 MW се за ветерни електроцентрали, а 7,2 MW се за мали хидроцентрали и 2,5 MW за тероелектроцентрали на биогас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

