Економија
Само пет проценти од компаниите извезуваат од Македонија
Клучот за економски развој на земјава е во развојот на приватниот сектор, така што тој ќе биде во состојба да искреира производи и услуги со повисока додадена вредност кои ќе бидат конкурентни на глобалниот пазар. Ваков беше заклучокот на денешната прес-конференција на Сојуз на стопански комори на Македонија. За да се постигне тоа, беше наведено, потребен е поволен деловен амбиент што ќе ја поттикне иновативноста на домашните компании, а воедно ќе го поддржи и внесот на нови технологии.
Потпретседателот на Сојузот, Габриела Кулебанова, истакна дека конкурентноста на македонското стопанство најдобро се огледа преку извозот на македонските производи.
„Концентрацијата на извозот кај многу мал број компании и денес е многу голема. Според податоците од Државниот завод за статистика во Македонија, само 3 500 компании извезуваат, тоа е околу 5 проценти од вкупниот број на активни трговски друштва во земјава. Најголем дел од фирмите кои извезуваат или 2.835 фирми се микро и мали, а само 110 од извозниците се големи компании кои имаат над 250 вработени. Но, иако се малку на број, големите извозни компании создаваат најголем дел или 80 отсто од вкупниот извоз на државата. Ова јасно покажува дека наголем дел од македонските компании, пред сè малите и средни претпријатија, немаат можности за инвестирање во иновации и технологија и се кадровски, финансиски и технички ограничени за да можат да остваруваат извоз“, изјави Кулебанва и додаде дека треба поагресивно да се стимулира воведувањето и примената на нова технологија и да се наградува ангажирањето на домашни иноватори.
Во насока на стимулирање на иновативноста и технолошката конкурентност, како што посочи, постојат низа мерки како даночни ослободувања за модернизација и нови технологии, користење одредени фондови за набавка на нова опрема, како и стимулирање на партнерства со странските инвеститори кои во голема мера може да пренесат знаење и внес на нови технологии кај домашните компании.
Согласно со извештајот за глобална конкурентност на Светскиот економски форум (СЕФ), всушност најконкурентни се токму оние економии кои се извозно ориентирани, најиновативни и технолошки најподготвени. Подобрување на конкурентноста на македонските производи, преку креирање на уникатен производ со додадена вредност, може да создаде врвен производ за избраните извозни пазари, како ефективен начини за зголемување на БДП, велат од ССК.
„Квалитетните и оригинални производи, амбалажа, стандардизација и подготвеноста да се задоволат специфичните барања на купувачите, како и следење на истражувањата и трендовите во одредена индустрија се неколку аспекти за зголемување на побарувачката и извозот. Учеството на извозот во БДП, кое е нешто над 50 проценти, треба да се зголеми, а за тоа е неопходно значително подобрување на капацитетите на одредени сектори. Согасно со анализите, производи и услуги со поголема додадена вредност може да се креираат во сите сектри, почнувајќи од ИКТ, иновативно земјоделство, мали индустриски капацитети, пред сè прехранбени кои ќе креираат уникатен производ со конкурентна цена. Иновативните бизниси се обично со зголемен ризик при нивното формирање, но и со потенцијална можна зголемена добивка. Затоа треба да се овозможи соодветен амбиент каде изворите на финансирање би им биле достапни на овие компании. Во таа насока формирање фондови за одобрување строго наменски кредити со пониски каматни стапки за стимулирање на извозот и на извозно-ориентираните компании ќе биде стимул за приватниот сектор“, изјави Даниела Николовска, член на Сојузот.
Развиените мали и средни компании, како и нивна адекватна поддршка, може да ја зголеми конкурентноска на МСП кои се 99,7 проценти од вкупниот број регистирани компании во земјата. Според последните податоци на ДЗС, за период јануари – ноември 2018, вкупниот извоз е над 5 милијарди евра и бележи пораст од 16.7 отсто во однос на истиот период од претходната година. Најголем тровски партнер е Германија со кој Македонија бележи суфицит во размената. Значајни трговски партнери на земјата се и Бугарија, Србија, Грција, Италија, Романија, Шпанија, Турција и Велика Британија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска меѓу енергетските лидери на P-TEC форумот во Атина: фокус на новата трансатлантска соработка
Во Атина денес официјално започна Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC)– глобален форум што ги обединува енергетските министри од 25 земји од Европа и Северна Америка, посветен на унапредување на енергетската безбедност и стратешките инфраструктурни проекти.
По покана од американскиот секретар за енергетика Крис Рајт и грчкиот министер за енергетика Ставрос Папастравру, министерката Божиновска присуствуваше на свеченото отворање на форумот и потпишувањето на новиот договор за соработка меѓу САД и Грција.
Форумот, кој ги обединува енергетските министри од 25 земји од Европа и Северна Америка, претставува водечка платформа за дијалог за енергетската безбедност, диверзификацијата на изворите и стратешките инвестиции во регионот.
На настанот беше потпишан стратешки енергетски договор меѓу ExxonMobil, Energean и Helleniq Energy, кој предвидува 60% инвестициски удел во истражувањето на гасното подрачје „Block 2“во Јонското Море, северозападно од Крф.
Со овој потег, САД и Грција ја отворија новата фаза на билатерална енергетска соработка, вредна меѓу 50 и 100 милиони долари, насочена кон засилување на регионалната безбедност и диверзификација на европскиот пазар.
Во своето обраќање, грчкиот министер за енергетика Папастравру ја спомена Северна Македонија како пример за успешна и стабилна регионална соработка, истакнувајќи дека заедничките енергетски проекти со Македонија се модел за доверба и интеграција во југоисточна Европа.
Вчера вечер, министерката Божиновска по посебна покана на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Атина, Кимберли Гилфојл, присуствуваше и на приемот во чест на американскиот секретар за енергетика Крис Рајт и секретарот за внатрешна безбедност Даг Бургам, организиран во Амбасадата на САД во Атина.
Настанот беше од висок дипломатски карактер, на кој присуствуваа американската делегација, европски министри и претставници на водечки енергетски компании, со цел зајакнување на трансатлантското партнерство и инвестициите во чиста енергија и инфраструктура.
Форумот P-TEC, кој се одржува во Zappeion Megaron, оваа година собра над 400 високи претставници од 25 држави, и потврди дека енергетската соработка меѓу Европа и САД станува стратешка оска на стабилност и развој во регионот.
Присуството на Македонија на вакви форуми е потврда дека нашата земја се движи рамноправно со европските и трансатлантските партнери во новата енергетска ера, соопштија од министерството.
Економија
Бизнис-форумот Грција – Северна Македонија ги поттикнува економските врски
Повеќе од 60 компании од Грција и од Северна Македонија се собраа денес во Стопанската комора на Северна Македонија на бизнис-форум на високо ниво наменет за продлабочување на економската соработка. Настанот, коорганизиран од грчката амбасада во Скопје и од Стопанската комора на Северна Македонија, овозможи повеќе од 200 B2B (бизнис-до-бизнис) средби.
Форумот го отворија Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, и Софија Филипиду, амбасадорка на Грција. Во своето воведно обраќање амбасадорката Филипиду нагласи дека овој форум претставува извонреден пример за тоа како две соседни земји, кои имаат толку многу заедничко, може да ги развиваат и продлабочуваат економските врски во корист на двете економии.
Високата посетеност и значајниот број на денешните B2B средби јасно укажуваат на интересот да се премине од дискусија кон конкретни акции.
Делегацијата ја сочинуваа високи претставници од Атинската стопанска и индустриска комора (ACCI), Хеленската федерација на претпријатијата (SEV), Асоцијацијата на грчките извозници (SEVE) и Enterprise Greece. Грчките компании што учествуваа на форумот претставуваа клучни економски сектори, меѓу кои градежништво и градежни материјали, енергетика, фармацевтски производи, храна и информатичка технологија.
Економија
Од клик до осигурителна полиса – онлајн без чекање
Денес, да се избере осигурителна полиса не мора да значи долги редици, хартија и чекање. Минт Инс како осигурителен брокер им нуди на своите клиенти достапност на начин најдобар за нивните потреби и тоа не само во нашите филијали, туку и целосно онлајн преку Минт Инс веб страната или Mint App мобилната апликаија.
Со Минт Инс, осигурувањето е во тек со дигиталната ера – брзо, транспарентно и достапно за секого, во секое време. Добијте понуда и склучете осигурителна полиса онлајн.
Зошто да склучите осигурителна полиса онлајн?
Со склучувањето на осигурителна полиса онлајн склучување на полиса онлајн, целиот процес на осигурување се олеснува: од пребарување и споредба на понуди, до склучување и следење на вашите полиси.
Преку Минт Инс осигурителен брокер, имате можност:
• Да побарате понуда за осигурување онлајн преку нашата веб-страна или мобилната апликација Mint App за различни видови осигурувања.
• Да добиете пристап до понуди од повеќе осигурителни компании.
• Да ја склучите полисата онлајн со само неколку клика.
• Да ја следите и проверувате состојбата директно од апликацијата во секое време.
Целиот процес е дизајниран за брзина и едноставност – без непотребни чекори, без чекање.
Како осигурителните полиси достапни онлајн го олеснуваат процесот?
Можноста да склучите осигурителна полиса онлајн значи дека целата постапка – од добивање понуда, до плаќање – се одвива дигитално. Ова не е само дигитализација на стар процес. Ова е нов начин на размислување.
Минт Инс е осигурителен брокер кој не само што ги поврзува корисниците со повеќе осигурителни компании, туку им дава и целосна контрола врз нивните полиси преку нашата веб страна и мобилната апликација Mint App.
Со Mint App, сè е на вашиот телефон: избирате вид на осигурување кое ви одговара, добивате понуда според вашите потреби, ја склучувате полиса и ги имате информациите за истата достапни во апликацијата.
Брзина
Нема повеќе чекање во ред, нема повици до осигурителни агенти. Нема повици, нема чекање. За неколку минути аплицирате за својата осигурителна полиса онлајн, без разлика дали сте дома, на работа или на патување.
Едноставност
Процесот е дизајниран така што секој може да го користи – без техничко знаење, без сложени чекори. Интерфејсот и на Минт Инс веб-страната и на Mint App е јасен и интуитивен. Сè што ви треба е достапно на едно место.
Заштеда на време
Времето е највредниот ресурс денес. Со Минт Инс, добивате осигурување на начин кој вас ви одговара, од компјутер, таблет, мобилен, или во канцеларија. Нашата цел е да го направиме начинот на добивање понуда значително пооелеснителен за нашите клиенти.
Целосна транспарентност
Повеќе нема скриени детали или нејасни услови. Нашите брокери Ви помагаат да изберете најсоодветна понуда од различни компании, така што секогаш го добивате најповолното решение за вас.
Минт Инс – Повеќе од осигурителен брокер
Повеќе нема потреба да го одложувате осигурувањето затоа што „немате време“. Минт Инс е тука за да ви заштеди време, да ја поедностави процедурата и да го направи осигурувањето – конечно – современо.
Зад Минт Инс стои тим од лиценцирани брокери со долгогодишно искуство, кои ја комбинираат експертизата од осигурителниот сектор со современа технологија. Резултатот е систем кој е:
• брз и сигурен,
• едноставен за користење,
• достапен 24/7,
• и создаден за вистинските потреби на клиентите.
Покрај тоа, Минт Инс нуди постојана корисничка поддршка и советување, така што секогаш можете да добите професионален совет пред да ја склучите вашата полиса.
Какви видови осигурувања можете да добиете преку Минт Инс?
Преку Минт Инс можете да склучите осигурителна полиса за следните видови на осигурувања:
• Животно осигурување
• Патничко осигурување
• Авто-одговорност осигурување
• КАСКО осигурување
• Зелен картон
• Имотно осигурување
• Осигурување од Општа и Професионална Одговорност
• Осигурување од последици од несреќен случај
• ЦМР осигурување
• Дополнително Здравствено Осигурување
• Осигурување ДОМ
• И сите останати видови на осигурувања
Секој вид на осигурување има различни карактеристики. Сѐ што треба да направите е да нè контактирате, и ние ќе ви изработиме персонализирана понуда, прилагодена на вашите потреби.
Минт Инс – Брзо, едноставно и без чекање.
Секоја осигурителна полиса склучена онлајн преку Минт Инс е чекор напред кон нов начин кој штеди време, нуди транспарентност и носи сигурност. Со само неколку клика, можете да добиете осигурителна полиса онлајн, да ја плаќате на рати, да ја следите состојбата и да имате целосна контрола.
Ако барате брзина, едноставност и заштеда на време, тогаш Минт Инс е вистинскиот избор за вас. Дополнително, преку Mint App, Минт Инс го поедноставува процесот на склучување на осигурување.
Посетете ја веб страната Минт Инс или преземете ја Mint App, добијте понуда за неколку минути, и склучете осигурителна полиса онлајн – брзо, едноставно и без чекање.
ПР

