Економија
Светските рејтинг агенции S&P Global и Moody’s го подобрија рејтингот на „Јунајтед груп“
Јунајтед Груп , водечка телекомуникациска и медиумска компанија во Југоисточна Европа, во чии рамки работи компанијата Тотал ТВ во нашата земја, со задоволство објави дека рејтинг агенциите S&P Global и Moody’s позитивно ги оценија рејтинзите на компанијата и нејзините идни перспективи.
S&P Global ја подобри прогнозата за рејтингот на Јунајтед Груп од стабилен на позитивен, додека Moody’s го подобри рејтингот од негативен на стабилен.
Ова е резултат на успешната продажба на инфраструктурата за мобилни кули на Јунајед Груп во Бугарија, Хрватска и Словенија на TAWAL за 1,22 милијарди евра или 20,1 пати поголема од вредноста на EBITDA. Приливот на средства од оваа трансакција ќе биде искористен за исплата на обврските доспеани во 2024 и 2025 година со значително намалување на задолженоста на Групацијата.
Јунајтед Груп ги гледа овие одлуки како потврда за успешните стратешки иницијативи на компанијата, вклучувајќи го и нејзиното проширување на грчкиот и бугарскиот пазар. Компанијата останува посветена на подобрување на својата финансиска стабилност и можности за понатамошен раст, а истовремено инвестира во нови технологии и проширување на мрежата.
Викторија Боклаг, извршниот директор на Јунајтед Груп, изјави:
„Продажбата на нашата мобилна инфраструктура ни овозможи да ја оптимизираме структурата на капиталот, да ја зајакнеме нашата финансиска позиција и успешно да се справиме со силните глобални макроекономски притисоци. Остануваме фокусирани на спроведување на нашата стратегија за раст и обезбедување иновативни и висококвалитетни услуги за нашите клиенти. Ние сме среќни што S&P и Moody’s го препознаа овој успех“.
За Јунајтед груп:
Јунајтед Груп со седиште во Холандија е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. Активна во осум земји, компанијата има повеќе од 15 милиони корисници и речиси 15.000 вработени. Јунајтед Груп генерира речиси 2,7 милијарди евра годишни приходи. Компанијата има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на
корисниците најатрактивниот избор на ТВ содржини од целиот свет. Значајните инвестиции во дигиталната инфраструктура, содржината и технологијата обезбедуваат извонредност на производите и услугите што ги обезбедува на клиентите. Јунајтед Груп е во мнозинска сопственост на BC Partners, една од најголемите светски инвестициски компании, од март 2019 година.
За повеќе информации посетете ја https://united.group/
Изјави во идно време
Информациите содржани во ова соопштение може да содржат изјави во идно време. Овие изјави вклучуваат елементи на субјективно расудување и анализа и се засноваат на најдоброто расудување на Јунајтед Груп на датумот на ова прашање. Овие изјави се предмет на промена без најава и се засноваат на голем број претпоставки и повлекуваат познати и непознати ризици и несигурности, бидејќи постојат различни фактори кои можат да предизвикаат фактичките настани и случувања да се разликуваат материјално од какви било идни настани и случувања изразени или имплицирани од таквите изјави кои се насочени кон иднината. Затоа, не треба да се потпирате на овие изјави. Ниту Јунајтед Груп, ниту кое било друго лице не презема обврска, ниту има некаква обврска, да ги ажурира овие изјави за настани или околности што се случуваат после датумот на ова објавување или да ажурира или одржува актуелна некоја од информациите содржани овде и ова објавување не е застапување од страна на Издавачот или кое било друго лице дека тие ќе го сторат тоа, освен до степенот што го бара законот.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

