Економија
СДСМ: Вработените во текстилната индустрија веќе не се дискриминирани по однос на плати
Спроведувањето на Законот за минимална плата се одвива непречено и без сериозни импликации врз буџетот и позитивно влијае врз растот на платите, тврдат во соопштение од владејачката партија СДСМ.
„Од вкупно 90.000 граѓани кои сега добиваат повисока плата, субвенционирани се исплатите на плати на околу 10.000 лица, што е околу 10 отсто од вкупниот број граѓани коишто добиваат поголема минимална плата во висина од 12.000 денари“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ нагласуваат дека процентот на искористеност на државната помош за исплата на минималната плата докажува дека претпријатијата се во добра кондиција, а економијата е стабилна, развојна и се движи во добар правец.
„Растот на минималната плата овозможи раст на просечната плата во текстилната, чевларската и кожарската индустрија, а вработените во овие индустрии веќе не се дискриминирани и земаат еднаква минимална плата како и вработените во другите стопански гранки“, велат од владејачката партија.
Оттаму потенцираат дека во јануари 2018 забележан е раст од 16 отсто на платите во производството на облека, 19 отсто на платите во кожарската и 24 отсто пораст на платите во текстилната индустрија, споредено со јануари 2017 година.
„Сето тоа влијаеше на пораст од 5,6 отсто на просечната нето плата којашто во јануари изнесува 24.075 денари. Ова е уште еден показател за успешноста на економските политики на Владата, којашто продолжува одговорно, отчетно и транспарентно да ги спроведува мерките што овозможуваат економски раст, повисоки плати, нови работни места и повисок животен стандард“, истакнуваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

