Економија
СДСМ: Економските параметри ги демантираат празните зборови на Мицкоски

Штетите предизвикани од 11-годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ се санираат, а економијата се стабилизира и се движи во добар правец, порачуваат од СДСМ.
„Економските параметри ги демантираат празните зборови на Мицкоски. Факт е дека само последните месеци од криминалното и расипничко владеење на партијата на Мицкоски резултираа со пад на економијата од 1,3 отсто во првиот квартал од 2017 година. Со успешните политики на Владата предводена од СДСМ таа состојба беше надмината и во последниот квартал од 2017 година забележан е раст од 1,2 отсто.
Индустриското производство во јануари 2018 бележи раст од 8,4 отсто во споредба со истиот месец од 2017 година, а стапката на невработеност во последниот квартал од 2017 изнесуваше 21.9 отсто, што е помалку во однос на истиот период од 2016 година, кога изнесувала 23,1 отсто. Истовремено, со зголемување на минималната плата на 12.000 денари околу 90.000 граѓани добиваат поголема плата. Трајно се реши проблемот на 5.000 стечајни работници и обезбедена е егзистенција за овие семејства.
Ќе се надмине ли Мицковски да се извини за пустошот во економијата, осиромашените граѓани и огромните долгови што ВМРО-ДПМНЕ ги остави по 11-годишното криминално владеење?“ се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Трговците бараат продолжување на рокот за објавување на цените онлајн

Стопанската комора на трговци на мало бара да се пролонгира рокот за креирање веб-страници на која продавниците ќе ги објавуваат цените на производите.
„Имајќи ги предвид тековните околности и предизвици со кои се соочуваат нашите членки во процесот на дигитална трансформација, упатуваме официјално барање до Министерството за економија за продолжување на рокот за изработка на веб-страница на правните субјекти коишто подлежат на оваа обврска. Ценејќи ја важноста на дигиталното присуство како неопходен елемент за современо и конкурентно делување на пазарот, напоменуваме дека значителен дел од малите трговци сѐ уште се во процес на адаптација, од технички, финансиски и кадровски аспект“, велат од Комората.
Од таму истакнуваат дека станува збор за реална потреба од дополнително време со цел квалитетна и одржлива имплементација поради комплексноста и обемноста на материјата.
„Сметаме дека продолжувањето на рокот ќе претставува поддршка кон сите засегнати субјекти но највеќе на оние на кои им е најпотребно, а тоа се малите стопанственици и ќе придонесе кон инклузивен пристап во спроведувањето на политиките за дигитализација, со што ќе се овозможи посеопфатна и правично распоредена транзиција. Очекуваме разбирање и соработка од надлежните институции, со единствена цел – градење стабилна и конкурентна економија, во која секој економски субјект има фер можности за развој и напредок“, велат од Комората.
Економија
(Видео) Трипуновски: Од доставените 1.600 понуди за закуп на земјоделско земјиште, донесени се 982 одлуки за вкупна површина од речиси 2.862 хектара

На крајот од минатата 2024-та година беа распишани 5 јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 и над 3 хектари, едниот повик ги опфати површините со насади со што се овозможува легализација на насадите кои ги имаат подигнато земјоделците, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
Според него, со распределбата и легализација на насадите, ќе се овозможи на сопствениците да склучат договор со Министерството и ќе се стави ред во користењето на земјоделското земјиште во државна сопственост.
До Министерството, како што соопшти изминатиот период пристигнале околу 1.600 понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, и 220 понуди за легализација на земјиште над кое има подигнато долгогодишни насади.
Оцени дека овие бројки се доказ дека јавните повици предизвикале голема заинтересираност кај земјоделците.
„Можам слободно да кажам дека имаме успешно спроведени јавни повици за закуп на државно земјоделско земјиште. Јавните повици се спроведени без можност за било каква селективност, и да напоменам спроведени се за сите региони од нашата држава, односно опфатено е сето слободно земјоделско земјиште надвор од градежниот реон на општините. Комисиите напорно работеа за да ги разгледаат сите понуди кои што беа пристигнаа до Министерството. Дел од договорите веќе се доставени до подрачните единици на Министерството за да ги потпишат земјоделците и за краток период истите ќе бидат врачени до сите оние кои што добиле договор за користење на земјоделско земјиште. Од вкупно 1.600 понуди кои што беа доставени до Министерството, донесени се 982 одлуки за вкупна површина од околу 2.862 хектари. А, за повикот за легализација на насадите од 220 понуди кои што пристигнаа до Министерството, донесени се 160 одлуки за избор со вкупна површина од 380 хектари“.
Најави дека во претстојниот период ќе бидат распишани нови огласи за доделување на државно земјоделско земјиште се со цел да се стави во функција преостанатото земјоделско земјиште на земјоделците и да се создадат услови секој граѓанин кој што е заинтересиран да се вклучи во произведството на храна.
Со тоа, додаде тој, се отвораат нови можности за младите, за сточарите, за сите заинтересирани да се занимаваат со земјоделство.
Економија
Божиновска со амбасадорките на WOBA: Лидерството не е машка привилегија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, активно се вклучи во регионалната иницијатива Women on Boards Adria (WOBA), насочена кон јакнење на женското лидерство на највисоките управувачки нивоа – во управни одбори, извршни совети и клучни институции.
Како амбасадорка на WOBA за Македонија, Божиновска учествуваше на работен состанок со останатите амбасадорки од регионот, каде во фокус беа практични чекори за поголема застапеност на жени во одлучувањето – не како форма, туку како суштина на современото водење. Министерката ја искористи оваа платформа за да ја потенцира важноста на жените во лидерските улоги, што е во согласност со стратешките цели на Министерството за создавање на правична и конкурентна економска средина.
„Родовата рамноправност во водењето на институциите и компаниите не е само прашање на еднаквост и фер застапеност, туку клучен предуслов за современо, одговорно и инклузивно управување. Како министерка, мојата цел е да создадам услови каде што жените не само што ќе имаат пристап до одлучувачките позиции, туку и ќе бидат препознаени и вреднувани за нивниот придонес. Затоа го поддржувам секој процес што ја отвора вратата за повеќе жени во одлучувањето“, истакна министерката Божиновска.
Таа додаде дека Министерството за енергетика активно работи на политики кои промовираат еднакви можности, особено во сектори каде што жените традиционално се помалку застапени, како што е енергетиката. Во рамки на WOBA агендата, министерката присуствуваше и на мрежен настан посветен на инспиративно лидерство, храброст и влијание, каде со лидерки од регионот се разговараше за регионалната поддршка за жените во клучни улоги и конкретните алатки што им се потребни за да го засилат својот глас во управувањето.
Иницијативата Women on Boards Adria се залага за системска промена преку вмрежување, директна соработка со институции и бизнис-секторот и менторски програми.