Економија
Секоја скенирана сметка ќе учествува на дневно, месечно и главно извлекување на парични награди

Со секоја скенирана сметка преку апликацијата МојДДВ граѓаните ќе учествуваат во наградната игра МојДДВ#Моја награда, информираат од Министерството за финансии.
Секоја скенирана сметка станува потенцијален добитник на парични награди кои ќе се доделуваат на дневно ниво, додека оние кои ќе бидат недобитни на дневно ниво, ќе учествуваат во месечно извлекување на парични награди. Недобитните скенирани сметки на месечно ниво ќе учествуваат во извлекување на две главни парични премии.
Истовремено, со секоја скенирана сметка, граѓаните ќе остваруваат право на поврат согласно Законот за МојДДВ.
Фондот за наградната игра е 31 милион денари и сите награди се парични. Наградната игра треба да започне на 25 ноември, а дополнителни детали за апликацијата и наградната игра ќе бидат соопштени на прес-конференција.
Министерката за финансии, Нина Ангеловска, вели дека МојДДВ#Моја награда е унапредување на мерката МојДДВ, која дава резултати и ќе биде дополнителен мотив на граѓаните во борбата против сивата економија.
„Наградната игра МојДДВ #Моја награда е еден вид унапредување на мерката која до сега даде резултати. При креирањето на наградната игра тимот кој работеше ги зема предвид и бројните предлози што пристигнаа од граѓаните и задоволство ми е да ви кажам дека добар дел од нив ќе бидат и инкорпорирани во унапреденото решение. Исто така, беа земени предвид успешни најдобри практики од други земји. И не само тоа туку одиме чекор повеќе и покрај наградувањето Наградната игра има и едукативни елементи кои ќе влијаат на финансиската писменост“, изјави министерката Ангеловска.
Апликацијата мојДДВ има 200 илајди инсталации и на месечно ниво се скенираат над 7,5 милиони сметки од страна на над 150 илјади активни корисници кои скенираат. На крајот на годината ќе биде првата исплата на остварениот поврат на ДДВ, кој за три месеци од реализација на мерката досега изнесува над 3 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.
Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.
„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.
Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.
Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.
Економија
Николоски: Македонија добива голем сојузник во Британија и стратешко партнерство

Македонија постигна договор за стратешко партнерство со Велика Британија, кој, според вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, претставува историски исчекор за земјата и нејзино позиционирање на светската сцена.
На гостувањето во централниот Дневник на телевизија Сител, Николоски изјави дека договорот е резултат на повеќегодишен процес кој започнал уште додека биле во опозиција, потенцирајќи дека станува збор за „највисоко можно ниво“ на билатерални односи со една од највлијателните земји во светот.
„Сметам дека вчерашниот ден ќе остане запаметен како историски и ќе се бележи во историјата на Македонија. Постигнавме стратешко партнерство со втората светска сила“, истакна Николоски, додавајќи дека Велика Британија е „единствената кралска империја која преживеа, нуклеарна суперсила и земја со глобално културолошко влијание“.
Според него, овој договор ја става Македонија на радарот на британскиот премиер и значително ќе придонесе како на политички, така и на економски план.
„Да успееме да дојдеме на мапата на премиерот на Велика Британија и да се постигне ваков договор, зборува многу. Ова ќе значи многу за Македонија, особено во делот на политиката и економијата“, рече тој.
Николоски посочи дека за Македонија е особено важно да има големи сојузници, како што се Велика Британија и САД, ако сака да ги заштити своите национални интереси и човековите права на Македонците.
„Големите битки се добиваат со големи сојузници. Ние не можеме да се бориме ниту за човековите права, ниту за нашите интереси без поддршка. Овој договор покажува во каква позиција сме денес“, заклучи Николоски.
Тој соопшти дека следната недела во Лондон ќе се потпише Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, по принцип Влада со Влада.
„Ова беше процес кој што траеше со месеци, ексклузивно ќе кажам дека уште кога бевме во опозиција оствaривме иницијални контакти на оваа тема. Остваривме стратешко партнество со втората светска сила. Договорот за стратешко партнерство е со голем сојузник“, изјави вицепремиерот Николоски.
Тој додаде дека Коридорот 8 и Коридорот 10 треба паметно да се искористат, два договори кои ги вклучува политичката соработа.
Договорот Влада со Влада каде ќе се воспостави партнерстово со Велика Британија.
„Транспорт и здравство се најважни сегменти на овој договор Влада со Влада. Имаме неограничена временска рмка за користење на овие расположливи средства. Во мометнот имаме спремни два проекти кои се околу 2,2 милијарди евра. И тоа се првите проекти со кои ќе стартуваме“, рече Николоски.
Брза железница на коридорот 10 е едниот проект и ќе се користи постојната рута. Вториот проект е изградба на Клиничка болница во Штип.
Николоски оцени дека ова партнерство значи инвестиции во транспортот, здравството, образованието, одбраната, нови работни места и силна економија и стратешка позиционираност на Македонија.
Компании
Самир Мане беше единствениот претставник од регионот на „FII PRIORITY Europe Summit“

Албанската престолнина беше домаќин на еден од најпрестижните меѓународни форуми во светот — „FII PRIORITY Europe Summit“, кој за првпат се одржа во Тирана на 16–17 мај 2025 година.
Овој самит ги обединува светските лидери од владите, бизнис-секторот, науката, технологијата и филантропијата, со цел да се дискутираат глобалните приоритети што ја обликуваат иднината во клучен момент за човештвото. Главната тема на ова европско издание на „FII PRIORITY“ беше: „Приоритизирање за поодржлива, поправедна и попросперитетна иднина“.
Самир Мане, претседателот на „BALFIN Group“, беше единствениот официјален претставник од Албанија поканет да учествува на дискусионите панели заедно со некои од највлијателните личности од светот. Тој учествуваше на главниот панел со наслов „Board of Changemakers“: Може ли капиталот да го поврзе расцепканиот свет?, каде што ја делеше сцената со меѓународни лидери од политиката и финансиите.
За време на самитот, г. Мане одржа средби и размени мислења со високи личности како Матео Ренци, поранешен премиер на Италија, Бернард Менсах, претседател на „Bank of America International“, Анри Пупар-Лафарж, извршен директор на Alstom, меѓу другите.
еговото учество на самитот како глас на регионалниот бизнис го истакнува и неговото лично лидерство, и сè поголемата улога на Западен Балкан во обликувањето на идниот развој на Европа и пошироко.
„FII PRIORITY Europe Summit“ е дел од серија глобални форуми кои промовираат меѓусекторски дијалог и поттикнуваат конкретна акција за справување со најгорливите предизвици на денешницата, вклучително и климатските промени, одржливиот развој и технолошката трансформација.
Комерцијален текст