Контакт

Економија

Се намалува цената на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек од 0,85 % во однос на одлуката од 7.7.2022 година. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука, со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек од 0,85 % во однос на одлуката од 7.7.2022 година.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,601 %, кај дизелот за 2,615 %, кај екстра-лесното масло за 2,965 %  и кај мазутот за 2,754 %.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се намалува 0,50 денари/л, а малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 1,00 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ не се менува.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваа 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,661 денари/кг и сега ќе изнесува 50,903 денари/кг.

Од 12.7.2022 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 105,50 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 107,50 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 100,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 98,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 50,903 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,032 %.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Андоновски: Објавен првиот повик во рамките на програмата „Дигитална Европа“ за 2025 година

Објавено пред

Од

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната прес-конференција соопшти дека е објавен првиот пакет на претстојни повици во рамки на програмата „Дигитална Европа” за претставниците на приватниот сектор (малите, средните и големите претпријатија), стопанските комори, академските институции од сите нивоа, невладиниот сектор и јавните институции.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Андоновски соопшти дека Европската комисија во овој повик има одредени 1,3 милијарди евра за проекти од областа на вештачката интелигенција, сајбер безбедноста и дигиталните вештини.

Тој потенцираше дека владата веќе втора година го овозможува учеството на заинтересираните во оваа програма

„Како Влада, ние веќе втора година го овозможуваме учеството на сите заинтересирани страни во програмата Дигитална Европа, со навременото уплаќање на членарината и со поддршката кон домашните институции, организации и компании кои ќе одлучат да аплицираат на Програмата“, рече Андоновски.

Сите заинтересирани страни е потребно да испрат елаборат до министерството со потребните податоци кои се објавени на веб страницата на МДТ и да се испратат на адресата digital.europe@mdt.gov.mk, најдоцна до 03.05.2025 година.

„Дозволете да ги информирам заинтересираните дигитални иновациски хабови дека денес Министерството го распиша Јавниот повик за заинтересираните дигитални иновациски хабови за учество во консолидацијата на мрежата на Европски дигитални иновациски хабови (EDIHs) со засилен фокус на вештачка интелигенција (ВИ). Финансирањето на ЕДИХ доаѓа од 50% кофинансирање од Програмата за Дигитална Европа, а за останатите 50%, апликантите треба да обезбедат одржливи извори за кофинансирање.” додаде министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски

Прикажи повеќе...

Економија

СДС ја уништи државата со 3 милијарди нов долг, сега глумат финансиери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

СДС, партијата што го задолжи секој граѓанин со над 1.600 евра долг за време на нивното владеење, денеска се јавува со прес-конференции за 137 милиони евра – средства што одат исклучиво за отплата на нивните долгови, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

„137 милиони евра што сега ги спомнуваат СДС не се ново задолжување, туку рефинансирање на кредити кои доспеваат – кредити кои тие ги земаа, без срам и без покритие“, додаваат од владејачката партија.

Како што појаснуваат, во времето на СДС (2017–2024) јавниот долг скокнал од 47% на над 65% од БДП, а единственото што оставија како што велат, се ситни проекти, рекламни видеа и сметки од „ресторани“.

Прашуваат: Каде се парите од 1,2 милијарди евра задолжување во 2020 година? Каде се парите од еврообврзниците во 2018, 2020 и 2021 година?
Зошто 6 години ја лажевте јавноста дека ќе го намалите долгот, а го зголемивте за над 3 милијарди евра?

Напоменуваат дека денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ плаќа камати за долгови направени од СДСМ.

„Го стабилизира буџетот без зголемување на даноци, ја враќа довербата на инвеститорите и стопанството, и подготвува прв ребаланс со кој за првпат по години ќе се види капитална реализација – не слики на Фејсбук. Вашето време помина, оставивте држава со највисока сиромаштија, највисока младинска емиграција и со буџет кој 40 % оди на враќање камати и плати, без ефект за граѓаните. Затоа, СДС, вратете се кај вашите квази-економисти и пиар-советници. Народот ве прочита. Ако сакате дебата за долг, не носете лажни бројки, носете сметка што не ја плативте 7 години, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска: Енергија за секој дом, стабилност за целата економија и вистински исчекор кон климатска одржливост

Објавено пред

Светските искуства покажуваат дека енергетските аукции се моќна алатка за забрзување на транзицијата кон обновлива енергија. Токму оваа тема беше во фокусот на панел-дискусијата „Energy Auctions as Catalysts for Renewable Energy Deployment in the Western Balkans“, во рамки на Adria Summit, организиран од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), каде што учествуваше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Министерката Божиновска говореше за искуствата на Македонија и новиот модел на поддршка што земјата го воведува за привлекување инвестиции во обновливи извори – „Contracts for Difference“ (CfD). Овој пристап, веќе потврден како ефикасен во ЕУ, обезбедува стабилност, заштита од пазарна нестабилност и поттикнува реална конкуренција.

„Веруваме дека CfD-механизмот е најсоодветниот модел за создавање сигурна и предвидлива инвестициска клима. Со поддршка од ЕБОР и меѓународни партнери, го адаптираме овој систем на нашиот пазар, со цел да создадеме услови за реализација на целта – 1,7 GW обновливи извори до 2030 година“, изјави Божиновска.

Во изминатите години, Македонија имаше ограничен успех со системите на фид-ин тарифи и премии, поради кои државата плаќаше високи субвенции, често над пазарната цена. Енергетската криза дополнително ги покажа слабостите на ваквиот модел – дел од електраните се откажаа од привилегираниот статус за да можат да продаваат струја на слободниот пазар.

Во однос на плановите за нови аукции, министерката истакна дека во соработка со ЕБОР се прави детална регулаторна и финансиска анализа за воведување CfD-аукции кои ќе се спроведуваат транспарентно и ќе овозможат директна конкуренција меѓу инвеститорите.

Таа ја нагласи и важноста на меѓународната поддршка:

„ЕБОР, Светската банка, германската KfW и други институции се наши клучни партнери. Со нивна помош веќе инвестираме во нови соларни и ветерни капацитети, ја модернизираме преносната мрежа и отвораме нови можности за зелена енергија. Само ЕБОР досега има инвестирано над 2,9 милијарди евра во Македонија, што е доказ за довербата и потенцијалот што го имаме.“

На панелот, покрај министерката Божиновска, учествуваа и министерот за енергетика на Црна Гора Адмир Шахмановиќ, потпретседателката на CWP Europe Маја Турковиќ, директорката за финансирање на UniCredit Bank Србија Светлана Церовиќ и извршниот директор на New Energy Solutions, Милош Чолиќ. Модератор на панелот беше Адил Ханиф, шеф на одделот за одржливи пазари при ЕБОР.

Панелот понуди можност за размена на искуства и практики меѓу земјите од Западен Балкан и претставници на приватниот и финансискиот сектор, во насока на подобрување на регулативата и зголемување на инвестициите во чиста енергија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Уште еден пациент од Бугарија се враќа дома, во странство остануваат да се лекуваат уште 55 повредени

Министерството за здравство информира дека денеска се враќа еден пациент, кој беше на лекување во Бугарија. Во странство во моментот...

Македонија2 часа

Истрага за 43 лица за измами со брзи кредити: осомничен и службеник во ФЗО

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека поведува постапка против вкупно 43 лица, кои со разни дејства на компјутерски измами,...

Македонија3 часа

Изгаснат пожарот спроти Клиничкиот центар во Скопје, изгоре возило

Изгаснат е пожарот спроти Клиничкиот центар во Скопје. Во пожарот изгоре возило, а густиот чад се гледаше и од центарот...

Македонија5 часа

Продолжува потрагата по исчезнатото лице од село Степанци, ќе се вклучат и извидници и ловци

Потрагата по исчезнато повозрасно лице од село Степанци во општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 7.4.2025 година...

Македонија6 часа

ДУИ го осуди именувањето на Богојевски за раководител на Агенцијата за европски образовни фондови: Ова е провокација

„Демократската унија за интеграција најостро ја осудува одлуката на Владата за именување на Петар Богојевски за раководител на Агенцијата за...

Македонија6 часа

Политика, мито и корупција има зад пресудата за смртта на Теодора, оценува семејството Ристовски

Семејството на Теодора Ристовска која беше смртно прегазена во 2022 година иразува благодарност до јавноста, медиумите и премиерот Христијан Мицкоски...

Свет7 часа

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет сет“ се искачи на 184

Бројот на загинати во уривањето на покривот во ноќниот клуб „Џет Сет“ во Санто Доминго се искачи на најмалку 184,...

Свет7 часа

Кина со години се подготвува за царините на Трамп, вели уредник на „Економист“

Кина внимателно и долгорочно се подготвуваше за царините од Вашингтон и има низа краткорочни и долгорочни контрамерки, тврди Дејвид Рени,...

Свет7 часа

Трамп: Ако пропаднат преговорите со Иран, ќе следува воена акција

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста за исклучување воена интервенција против Иран, додека високи американски претставници се подготвуваат за...

Свет7 часа

Америка тврди дека го почитува суверенитетот на Панама во Панамскиот Канал

Соединетите Држави го почитуваат суверенитетот на Панама во Панамскиот канал, изјавија панамскиот министер Френк Абрего и американскиот министер Пит Хегсет...

Свет8 часа

Трамп: Кинескиот претседател е еден од најпаметните луѓе во светот, тој точно знае што треба да направи

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе паузира некои од своите нови царини на 90 дена и дека дополнително...

Свет8 часа

Макрон: Франција би можела да ја признае Палестина

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз може да ја признае палестинската држава во јуни, додавајќи дека за возврат некои...

Свет16 часа

Трамп зборуваше за одлуката да ги стопира царините три месеци: „Луѓето стануваа малку нервозни“

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека последниве денови го следел пазарот на обврзници и укажа дека тоа било еден...

Свет19 часа

Трамп ги стопира царините на 90 дена за сите освен за Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп штотуку објави дека ги суспендира царините на 90 дена за сите, освен за Кина. „Врз основа...

Свет21 час

Германија го укинува забрзаното доделување државјанства, го ограничува и бројот на работници од Западен Балкан

Денес формираната владејачк црно-црвена коалиција на конзервативните демохристијани и социјалдемократите на Германија се согласила во коалицискиот договор да го откаже...

Македонија1 ден

(Видео) Кажале дека бараат часовник што го изгубил затвореник додека си играл со кучката Цеца, а барале кокаин и марихуана во топка, кривични за штипски затворски полицајци

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, поднесе кривични пријави против неколкумина затворски полицајци од затворот во Штип...

Македонија1 ден

Определен 30 дена притвор за директорот на Геријатрија

Судот им определи 30 дена притвор на директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин...

Македонија1 ден

ССМ на состанок во Владата: Дојдовме да им кажеме на функционерите дека треба да живеат на минималец ако не ги зголемат платите

Делегација од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) точно напладне влезе на состанок со претставници од Владата. Претседателот на ССМ,...

Македонија1 ден

Четворица од повредените лица во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство

Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани, кои се лекуваа во...

Македонија1 ден

„Трошки за работниците наместо вистинско зголемување на платите, Владата ги извиси граѓаните“, велат од СДСМ

„Наместо вистинско и реално зголемување на платите, владата ги извиси работниците. Власта им фрла трошки на работниците со покачување од...