Економија
Се очекува одлука дали „Герешајмер“ ќе инвестира во Македонија, во игра се две земји
Се очекува одлука дали германската компнаија „Герешајмер“ ќе инвестира во Македонија. Бордот ќе ја донесе одлуката во последниот квартал годинава бидејќи во опција се две земји. Ова го изјави членот на бордот на директори на медицинскиот оддел на „Герешајмер“, Оливер Бургел, по средбата со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Александар Младеновски, кои беа во работна посета во Германија и во Чешка.
„Ги разгледуваме можностите за реализација на новата инвестиција, во опција се две земји, помеѓу кои е и Република Македонија. Импресионирани сме од инфраструктурата во вашата земја, од условите во технолошко-индустриските зони, како и од посветеноста на Владата да ја направи Македонија успешна приказна. Очекуваме во последниот квартал од 2018 година бордот на компанијата да донесе одлука за инвестицијата“, рече Бургел.
Анѓушев и Младеновски за време на посетата ги презентираа можностите за инвестирање во Македонија и мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите, со цел да ги убедат членовите на менаџментот да донесат одлука новата планирана инвестиција да ја реализираат во земјата.
„’Герешајмер’ е глобален лидер во производство на пластични и стаклени компоненти, кој соработува со најголемите медицински и фармацевтски компании, како AstraZeneca, GSK, Roche, Novo Nordisk и други. Иницијалните контакти со оваа компанија се направени пред 8 месеци, а за време на дводневната посета разговаравме со членовите на менаџментот на оваа компанија нивната нова инвестиција да ја реализираат во некоја од технолошко-индустриските зони во нашата земја. Посветени сме во реализацијата на овој проект, освен што би се вложиле значителни средства во изградба на производствена хала и набавка на опрема, процесот на производство е на највисоко технолошко ниво на развиеност, со што се отвора можност за вработување млади и едуцирани кадри од техничките струки“, нагласи Анѓушев.
„Герешајмер“ има производствени капацитети во 15 земји во Европа, Азија, Северна и во Јужна Америка, а во согласност со деловниот план на компанијата, во периодот што следува планираат отворање уште една фабрика, која би можела да биде лоцирана и во Република Македонија.
Компанијата во моментот управува со 50-ина производствени капацитети во 15 земји, во кои работат околу 10.000 лица, а остварува годишен приход од 1,3 милијарда евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

