Економија
Синдикатите на протест побараа минималната плата да изнесува 18.000 денари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/273201411_468658581439094_1272303726437301033_n.jpg)
Сојузот на синдикатите ја блокира улицата пред седиштето на Организацијата на работодавците во центарот на Скопје во знак на незадоволство од нивниот предлог за методологијата на минималната плата, што според пресметките би изнесувала 16.164 денари, а не 18.000, како што бараат синдикатите.
Сојузот очекува позитивен одговор на нивниот предлог за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите други плати во согласност со колективен договор и закон и регрес за годишен одмор за работниците во јавниот сектор веднаш. Во спротивно најавуваат генерален штрајк.
Претходно, синдикатите порачаа дека се подговени да ги објават и имињата на пратениците што нема да гласаат за измените на Законот за минималната плата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Измените на Законот за Енергетика кои ги предлагаме ќе спречат поскапување на струјата за најголем дел од домаќинствата, ќе работиме на поевтинување после јануари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/12/struja.jpg)
„На заминувањето на власта на СДСМ и ДУИ, се случува повторно ново поскапување на електричната енергија, со што директно се удира по стопанството и по буџетот на домаќинствата“ вели ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните и затоа поднесе Предлог закон за дополнување на законот за енергетика по скратена постапка, со кој ќе се спречи поскапувањето на цената на електричната енергија за најголем дел од домаќинствата сега на почетокот на јули.
Со оглед на тоа што универзалниот снабдувач од порано продолжува да ја врши истата услуга и во иднина, Регулаторна со измените треба само да му ја продолжи лиценцата, без да има дополнителни бирокартски процедури кои чинат пари и време и во исто време ќе се намали маржата од 11,5% на 9,9%. Овие промени но и оптимизацијата во работата на универзалниот снабдувач би ги заштитило граѓаните од поскапувања и со тоа дополнително загрозување на стандардот на граѓаните.
Овие мерки кои сега ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, пред формирањето на владата се во насока на заштита на интересите на граѓаните. По формирањето на владата ќе следи силна и посветена работа во областа на енергетиката, што би требало да резултира со намалување на цената на електричната енергија во следниот регулационен период од јануари 2025, како за домаќинството така и за стопанството“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
Просечната плата во април изнесува 41.085 денари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/08/denari-plata-126565.jpg)
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2024 година, изнесува 41.085 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по работен во април 2024 година, во однос на април 2023 година, изнесува 113.7.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (21.8%), Земјоделство, шумарство и рибарство (18.6%) и Информации и комуникации (18.0%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (6.3%), Информации и комуникации (5.7%) и Транспорт и складирање (4.9 %).
Економија
Нова цена на горивата од полноќ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/benzin-gorivo-960x639-1-2.jpg)
РКЕ донесе нова одлука за цената на горивата од полноќ.
Цената на бензините и дизелот остануваат исти, а „мазутот“ поскапува 1,2 денар.
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 81,00 (денар/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 83,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 74,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,00 (денари/литар)
„Мазут М-1 НС“ – 45,680 (денари/килограм)