Економија
Скопје сити мол слави 10 години – Забава, концерти, попусти и шопинг за сите возрасти!
Со голема роденденска прослава и огромни попусти, како што и доликува на најомилениот трговски центар во главниот град, Скопје сити мол го одбележува десетгодишниот јубилеј. Со концерти и забава прилагодена на различни вкусови и возрасни групи, Скопје сити мол ќе ги прослави првите 10 години од своето постоење. Од огнено шоу, огромни маскоти, фотобут за супер фотки, детска програма до големи концерти овој викенд сите сме во Скопје сити мол.
Концертите се закажани за претстојниот викенд, а на нив ќе настапат познати домашни музички ѕвезди, групи, диџеи, уметници и таленти. Трите роденденски настани ќе се одржат на 30 септември, 1 и 2 октомври, на најгорното ниво од катната гаража во Скопје сити мол.
Тридневната роденденска забава започнува в петок (30.9. 2022) со настапи на повеќе познати диџеи од домашната клупска и радиосцена, како и со спектакуларен концерт на диригентот Џијан Емин & The Magical Orchestra: Електро симфонија.
Ѕвезда на втората роденденска вечер што ќе се одржи в сабота (1.10.2022) ќе биде македонската поп-дива Каролина Гочева, а за загревање и продолжение на одличната забава ќе се погрижат домашни бендови и диџеи.
Програмата на третиот ден од роденденската забава, што ќе се одржи в недела (2.10.2022) е прилагодена првенствено за најмладите. Започнува со „Светот на Биби”, како и дружината од Фамилија 5+, а во музичкиот дел ќе настапат младите надежи од фестивалот „Златно славејче“.
„Скопје сити мол е првиот современ трговски центар во државата кој воведе сосема нов концепт што ги обединува шопингот, забавата и дружењето, нудејќи им содржини на сите возрасни групи, со различни вкусови и интереси. Затоа и за нас беше сосема природно првите десет години на Скопје сити мол да ги прославиме заедно со сите оние за кои постои овој трговски центар”, објаснува маркетинг менаџерот на Скопје сити мол, Дамјан Корубин.
Вратите за концертите за роденденската забава во првите два дена се отвораат во 20:00 часот, додека концертите започнуваат во 21 часот. На третиот ден ќе вратите се отвораат на пладне, а програмата почнува во 12:30 минути по пладне и ќе трае до 16 часот.
Целосната програма ќе може да ја видите на сајтот на Скопје сити мол.
Локацијата за одржување на сите концерти е кровот на Скопје сити мол, каде од безбедносни причини и за комфор на присутните, проектирано е да прими до 2500 посетители. Влезот на концертите е слободен. Откако капацитетот ќе се исполни, влезовите за концертите ќе бидат затворени, по што ќе продолжат да работат на принцип излез-влез поради одржување на бројката од 2500 луѓе.
· 10 години – најдоброто урбано место за шопинг, забава и дружење,
· 70 милиони посети,
· 500 настани,
· 170 закупци,
· Револуција во шопинг искуството на домашниот пазар
· 1500 вработени во трговскиот центар
· 36.700м2 простор за купување, дружење, уживање,
· Прва и единствена мобилна апликација за лојалност на молови MojCityMall
· Безброј филмски премиери
· Сè што сакам!
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

