Економија
Следната недела ново издание на Саемот на градежништво
Петнаесеттиот меѓународен Саем на градежништво, градежни метеријали, енергетика, водовод, алати и градежна механизација Саем на градежништво 2018 и 8. Саем на недвижнини и инвестиции – Realexpo 2018 ќе се одржат следната недела од 24 до 28 октомври во комплексот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Во истиот период ќе се одржи и реномирата манифестација „Технома 2018“, која ги обединува претставниците на најголемите домашни, но и странски производители во областа на металургијата, електротехниката, енергетиката, неметалите, градежништвото, обезбедување и заштита, еден од најголемите бизнис-настани во државата.
„Спојувањето на двете манифестации ќе придонесе да се направи настан од голема важност како за изложувачите така и за посетителите, имајќи предвид дека програмот на изложување се надополнува. Акцент на саемите ќе се стави на енаргетикатa, заштеда во енергијата, користeње материјали за енергетска ефикасност, енергетски ефикасни решенија, заштита на околината и рециклирање, енергетско ефикасно домување, употреба на материјали за добивање енергетско ефикасни објекти. Оваа саемска манифестација е од особен интерес за архитекти, проектанти и дизајнери на екстериери и ентериери, градежници, трговски застапници, дистрибутери, добавувачи, професионалци во градежната индустрија, како и за широката публика, која е сè повеќе заинтересирана најновите информаци за производите и услугите од областа на градежништвото и недвижностите да ги добие токму на ваков тип саемска манифестација каде што имаат можност да остварат директен контакт со изложувачите “, изјави Валентина Димитрова, оперативен директор Саем за градежништво и технома, Скопски саем.
Градежната комора на Македонија традиционалнао ја поддржува саемската манифестација. Претседателот Ивица Јаќимовска истакна дека најголем дел од компаниите членови на комората се присутни на Саемот.
Во рамките на овој саем по осми пат ќе се одржи Саемот за недвижности и инвестиции Real Expo 2018. Основната цел е да ги собере сите релевантни фактори на едно место, кои ќе ги презентираат сегашните и идните проекти, како и да воспостават нови бизнис-контакти помеѓу претставниците на градежниот сектор, широката публика и јавните институции
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска: Вложувањето во знаење е најсилната енергетска инвестиција – врачени сертификати на 90 професионалци во Project Management и Energy Trading”
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес свечено им ги врачи сертификатите на учесниците кои успешно ги завршија двете специјализирани обуки – Project Management и Energy Trading, реализирани со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
Преку овие програми, повеќе од 90 експерти од енергетскиот сектор стекнаа нови знаења и практични вештини во областа на управувањето со проекти, тргувањето со електрична енергија и оптимизацијата на цените – компетенции кои се клучни за понатамошниот развој на модерниот и конкурентен енергетски пазар.
Во своето обраќање, Божиновска истакна дека инвестицијата во знаење е најсилната инвестиција што може да ја направиме – не само во институциите, туку и во заедничката иднина.
„ Секое ново стекнато знаење, секоја нова вештина, значи посилен систем, посигурен енергетски пазар и поголема отпорност на предизвиците што ги носи транзицијата кон одржлива енергија,“ рече Божиновска.
Таа додаде дека обуките што ги поддржа ЕБРД се доказ дека вложувањето во луѓето е предуслов за стабилен и модерен енергетски сектор, нагласувајќи дека Министерството ќе продолжи со создавање можности за стручно усовршување и развој на домашните кадри.
„ Ќе продолжиме да инвестираме во знаењето, затоа што само така можеме да создадеме систем кој не зависи од поединци, туку од заеднички развиени капацитети, визија и професионализам,“ порача министерката.
На настанот присуствуваа претставници на ЕБРД, како и учесници од јавниот и приватниот енергетски сектор. Церемонијата се одржа во позитивна и инспиративна атмосфера, во знак на заедничката посветеност кон градење на експертски и компетентен кадар кој ќе го движи македонскиот енергетски сектор напред.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,057 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,010 ден/кг и сега ќе изнесува 36,057 ден/кг.
Економија
Страшно добра понуда од Минт кредит!
Време е за нови можности и храбри одлуки – затоа што оваа есен носи страшно добра понуда од Минт Кредит! Аплицирај онлајн за Минт Кредит до 300.000 денари и добиј финансиска поддршка токму кога ти треба, лесно и брзо со:
· -30% помали трошоци до 31.10.2025.
· Инстант одобрување за само 10 минути.
· Брз, сигурен и транспарентен процес целосно онлајн, телефонски или во една од нашите канцеларии.
Искористи ја оваа промотивна акција и добиј можност да ги оствариш своите планови без финансиски притисок. Пoпустот трае до 31.10.2025 за Минт Кредит до 300.000 мкд. Побрзај – страшно добрите понуди не траат вечно!
Аплицирај уште денес и откриј колку лесно може да биде кога си со Минт Кредит, повеќе флексибилност, помалку трошоци.
За повеќе информации контактирај не на 15 107, преку веб-страната Минт Кредит, или во една од нашите канцеларии.
(ПР)

