Економија
Советот за следење на состојбите во пензискиот систем: Пензискиот систем е стабилен и одржлив
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/thumbnail_слика-3-совет.jpg)
Советот за следење на состојбите во пензискиот систем, денеска ја оддржа првата седница од изборот на оваа Влада, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, како новa претседателка на ова тело.
На денешната седница, членовите на Советот беа информирани за работењето на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и состојбата на пензискиот систем во 2021 година, како и за предлогот на Владата за измена на методологијата за усогласување на пензиите.
На седницата беше потврдена стабилноста и одржливоста на пензискиот систем и остварените резерви во висина од 1.3 милијарди денари во Фондот за ПИОМ. Притоа се дискутираше и за промената на методологијата за усогласување на пензиите, за што беше одржана претходно средба со претставниците на пензионерите.
Министерката Тренчевска информираше за отворањето на социјалниот дијалог со Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери како претставници на пензионерите и можностите за промена на методологијата за усогласување на пензиите.
„Целта е да воспоставиме системско решение, на долг рок. Новата методологија треба да обезбеди континуиран раст во иднина, без потреба од дополнителна интервенција од страна на институциите. Нашата цел е воспоставување на систем, кој обезбедува сигурност и извесност,“рече Тренчевска.
Вицепремиерот Битиќи посочи дека свикувањето на советот треба да биде редовна пракса. Тој се осврна на промената на критериумите за минимална плата која беше направена неодамна и отворањето на дискусијата со пензионерите за промена на методологијата во усогласување на пензиите.
Министерката истакна дека мислењето на Советот е особено значајно во поглед на креирањето на мерки и измени во законските решенија кои ќе придонесат за подобрување на животниот стандард на пензионерите.
Со оглед на тоа дека, денешната средба беше прва и повеќе насочена кон запознавање и отворање на дискусија, подолга и подетална средба на советот беше договорена да се реализира до крајот на овој месец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Економија
Средба Божиновска – Агелер: Поддршка од САД за размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/ageler-bozinovska-1.jpg)
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Ангела Агелер.
Како што известува Министерството, на средбата се разговарало за новоформираното министерство за неговите цели, активности и проекти.
Министерката Божиновска ја истакна огромната важност за реализирање на нови капитални инвестиции во полето на енергетиката и усогласување на постоечките закони со оние на Европската Унија во делот на енергетиката.
Неопходно е зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји, истакна Божиновска имајќи предвид дека стратешката определба која е во насока на зајакнување на односите со нашиот партнер САД.
На средбата се нагласи и поддршката на САД во делот на размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката и обновливите извори на енергија, се наведува во соопштението на Министерството.
Економија
Зголемување на цените на горивата од полноќ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/benzin-gorivo-960x639-1-2.jpg)
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,00 % во однос на одлуката од 1.7.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,641 %, кај дизелот зголемувањето е во просек 1,924 % , кај екстра-лесното масло зголемувањето е во просек 1,125 % и кај „мазутот“ зголемување во просек околу 2,178 % поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно приспособување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок з,355 %.
Од 9.7.2024 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 84,00 (денари/литар)
– моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 86,00 (денари/литар)
– дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 77,00 (денари/литар)
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,50 (денари/литар)
– „мазут М-1 НС“ – 48,634 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат1,00 денар/л.
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,626 денари/кг.
Економија
Пет корисници на пакетот Halk EZ добија по два ВИП-билета за фестивалот Exit
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/kampanja-ext.jpg)
Време е за журка! Пет корисници на банкарскиот пакет за млади Halk EZ (Halk Easy) добија по две ВИП карти за фестивалот Exit, кој од 10 до 14 јули ќе се одржи на Петроварадинската тврдина во Нови Сад.
На извлекувањето кое се одржа на 5 јули, беа извлечени петте добитници кои ќе имаат можност да ја искусат Exit авантурата како ВИП гости на еден од најголемите фестивали во Европа. Покрај ВИП карти за музичкиот фестивал, наградата вклучува и авионски превоз, хотелско сместување и возбудливи тури со џип и катамаран за две лица.
„Го креиравме пакетот за млади Halk EZ за да понудиме поинакво искуство на припадниците на младата популација, искуство кое е прилагодено на нивниот начин на живот. Пакетот Halk EZ, покрај банкарски услуги соодветни на нивните потреби, претставува и платформа за едукација, поттикнување општествена одговорност, дружење и забава. Токму затоа заедно со нашите партнери од Visa одлучивме на младите кои се дел од пакетот Halk EZ да им овозможиме возбудливо фестивалско доживување на Exit кое ќе го паметат цел живот“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.
Пакетот Halk EZ е создаден за да одговара на секојдневните потреби на младите, студенти, средношколци, млади претприемачи и сите млади луѓе кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии. Тој нуди беспплатно мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење на истата, и низа иновативни услуги како GarminPay, SmartSend, SmartCash.
ПР текст