Контакт

Економија

Спортски, практичен и елегантен: Пристигна Новиот Audi Q5 Sportback

Објавено пред

Пристигна новиот SUV на AUDI: Q5 Sportback. Ова купе SUV со динамични линии им се обраќа на клиентите кои го ценат не само експресивниот дизајн и техничката иновација, туку и спортскиот карактер и високото ниво на секојдневна употребливост.

dobivaj vesti na viber

Audi Q5 Sportback пристигна во нашите салони и зрачи со моќно присуство како што е типично за моделите Q од Audi. Големи отвори за воздухот стојат на октагоналната единечна предна рамка. Предните светла со нивната карактеристична дневна светлосна сигнализација се одликуваат со LED или опционална Matrix LED технологии. Континуираната, елегантно моќната линија на страниците ги нагласува тркалата, а со нив и quattro погонот на сите тркала. Страничните контури на вратите влеваат стабилност и робустност на новиот SUV. Кровната линија се протега ниско до крајот на возилото и започнува со наклонот многу рано, така што третиот страничен прозорец нагло се намалува кон крајот на задниот дел. Остро закосеното задно стакло и навидум високо поставениот заден браник му даваат динамичен и моќен изглед на Q5 Sportback.

Иновативност: задни светла со дигитална OLED технологија

Audi ги нуди задните светла со иновативна дигитална OLED технологија. Секоја светлосна LED група вклучува три диоди кои емитуваат светлина и зрачат во особено хомогена црвена боја. Секоја LED група е поделена на шест сегменти, кои можат да се контролираат поединечно. Клиентите можат да изберат од три задни светлосни потписи при нарачување на своето возило, од кои секој вклучува динамично сценарио за осветлување во „Coming Home/Leaving Home“ функцијата. Дополнителна спортска графика се прикажува кога е избран режимот „Dynamic“ во системот за избор на режим на возење. Ако друго возило се приближи до Q5 Sportback од задниот дел на помалку од два метра, сите OLED сегменти го зголемуваат осветлувањето, обезбедувајќи лесно забележување. Предуслов за оваа функција е автомобилот да има еден од системите за асистенција – или Adaptive Cruise Control или Active Lane Assist.

Голем избор: бои и материјали

Audi го нуди новиот купе SUV со пакетите за опрема Advanced или S-Line. Разликите лежат во singleframe решетката на предниот дел, страничните отвори за воздухот и особено задниот браник. Постојат 12 бои и различни елементи за додатоци кои можете да ги изберете, како на пр. Black Пакет. Со должина од 4,69м, Q5 Sportback е седум милиметри подолг од неговиот сестрин модел, Q5. Ја делат истата висина (1,66 м.) и ширината (1,89 м.), но отпорот на воздух изнесува 0,30 кој е помал во однос на Q5.

Долгото меѓуоскино растојание од 2,82 метри обезбедува доволно простор во внатрешноста. Со своите хоризонтални линии, ентериерот е елегантен и просторен. Внатрешните пакети на опрема „Design“ и „S-Line“ му даваат уште поелегантен или спортски изглед. Тие доаѓаат во широк избор на бои и материјали за тапацир, вклучувајќи врвна квалитетна кожа од Напа. Пакетот на опрема „Design“ вклучува пакет за амбиентално осветлување Plus – неговите ефекти на осветлување суптилно ја истакнуваат типичната завршна обработка на сите елементи од производството на Audi.

Флексибилност и сестраност

Багажниот простор има волумен од 510 l, кој се зголемува до 1480 l со преклопување на задните седишта. Новиот SUV содржи бројни практични квалитети. Понудата започнува со 150 kW (204кс) 2.0 TDI мотор, кој сега може да влече приколка со тежина до 2.4 тони. Кровни шини се опционално достапни, како и Hill Descent Control за дополнителна безбедност. Стандардната спортска суспензија нуди директен контакт со патот, додека достапна е алтернативната суспензија со контрола на дампери или комплетна сестраност, која се добива од адаптивната воздушна суспензија.

Дигитални и интуитивни: контрола и поврзаност

За контролите, дисплеите и инфозабавата, Q5 Sportback ја презема третата генерација на MIB3. Дигиталниот Audi виртуелен кокпит Плус со 12,3-инчен дисплеј и главниот дисплеј се исто така главен дел од инструмент таблата. Мултифункционалниот волан Плус, овозможува безбедно и едноставно ракување со најважните функции и дисплеи.

MMI навигацијата Плус, зедно со инфозабавниот систем е поврзан со 10,1-инчен дисплеј на допир. Неговата гласовна контрола со природен говор го користи знаењето од интернет поврзувањето и може да се активира со изговарање „Еј Audi“. Многу поставки за возилото може да се зачуваат во индивидуални профили на корисници и да се зачуваат на порталот на клиенти myAudi. Хардверски модули се достапни по избор, како што се телефонската кутија Audi или 3D Premium системот за озвучување Bang & Olufsen, кои го надополнуваат системот за инфозабава.

(ПР текст)

Економија

ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем

Објавено пред

Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.

dobivaj vesti na viber

Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.

Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.

ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?

ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:

· Кабинетски батерии

· Контејнерски батериски системи

Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.

✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.

РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА

За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:

📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка

📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани

Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.

КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ

ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:

· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање

· проектирање на батерискиот систем

· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен

· пуштање на батеријата во работа

· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите

· 24/7 мониторинг на батерискиот систем

· одржување на батерискиот систем

· приклучување во нашата балансна група

· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија

ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ

Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:

02/5122 809

075 277 354

[email protected]

[email protected]

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина

Објавено пред

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.

dobivaj vesti na viber

Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.

Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.

Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.

Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Објавено пред

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.

dobivaj vesti na viber

Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.

На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.

Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет30 минути

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет51 минута

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет1 час

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа2 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет2 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет2 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...

Македонија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...

Свет13 часа

ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки

Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да...

Македонија14 часа

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува,...

Македонија14 часа

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор

Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување...

Македонија16 часа

„Сите сме под стрес“: сопругата на пејачот Даниел Кајмакоски разговараше со медиумите по киднапирањето

Сопругата на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, Марина, се огласи еден ден по неговото киднапирање . Имено, ноќта меѓу сабота и...

Топ19 часа

Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река

Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна...

Македонија20 часа

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...

Топ20 часа

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија21 час

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...

Македонија21 час

Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија22 часа

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на...

Македонија23 часа

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет24 часа

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа1 ден

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...