Економија
Средба на Заев со високи претставници на ЕБOР, договорена понатамошна соработка

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик-министерката за финансии, Ширет Елези, денеска во Министертството за финансии се сретнаа со високите претставници на ЕБОР, Анка Јоана Јонеску, актуелна директорка на ЕБОР во нашата држава, и Анди Аранитаси, кој од септември годинава ја презема оваа должност во земјава.
На средбата е заеднички оценета како успешна досегашната соработка со Европската банка за обнова и развој и е утврдено дека има услови интензивната соработка да продолжи и во претстојниот период.
На состанокот е констатирано дека се направени добри политички чекори во Република Северна Македонија и во односите со соседите и дека тоа отвори простор за поактивна регионална соработка и интеграции, а со тоа и економски развој на нашата држава.
„Паралелно со интеграциските процеси во НАТО и исчекорите во европските интеграции, силно сме посветени на растот на економијата, преку поддршка на претпријатијата, вложувања во инфраструктурата, зголемување на капацитетите на општините, со цел секој граѓани да почувствува директни економски бенефити. Во тој процес, соработката со ЕБОР ни е многу важна, бидејќи Европската банка за обнова и развој е меѓу најголемите стратешки партнери на нашата држава”, рече Заев.
Се разговараше и за зголемувањата на капиталните инвестиции, вложувањата во патната и железничката инфраструктура, во енергетиката, за значењето од почитувањето европски стандарди во реализацијата на проектите, како и за придобивките од соработката со ЕБОР.
Во таа насока разговарано е и за можноста ЕБОР, преку експерти, на техничко ниво да се вклучи во развојот на капацитетите на општините, за коишто е заклучено дека можат значително да придонесат во економскиот развој.
Премиерот Заев сподели и некои од чекорите што ќе се преземат во делот на супституирањето на придонесите за работниците, со цел зголемување на платите, за што се споделени искуства со позитивни резултати од оваа мерка, во земји од поширокиот регион. На средбата е заклучено дека соработката помеѓу Владата и ЕБОР ќе продолжи и во следниот период, со востановената динамика и согласно новата стратегија на ЕБОР за Северна Македонија, којашто дава резултати во делот на квалитетот на живот за граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Божиновска: Новата ТС Охрид го поврзува Балканот и европскиот пазар на електрична енергија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес изврши теренска посета на градилиштето за изградба на новата трансформаторска станица Охрид (ТС Охрид), дел од проектот за интерконекција Македонија–Албанија. Проектот опфаќа две целини – LOT 1: далноводот Битола – граничен премин со Албанија и LOT 2: изградба на трансформаторската станица Охрид во близина на селото Мешеишта.
Божиновска се запозна со текот на интензивните градежни активности што се одвиваат на површина од 80.000 метри квадратни: изградба на потпорни ѕидови и наклони, градежни работи на командната зграда, комплетирани фундаменти и започната монтажа на челични носачи и опрема во 400 kV постројка.
„Со реализацијата на овој проект, Северна Македонија гради мост кон европските пазари на електрична енергија, создава услови за стабилно и економично снабдување за граѓаните и отвора простор за приклучување на нови производители од обновливи извори – што е наш врвен приоритет, “истакна Божиновска.
Изградбата на новата 400 kV линија е стратешко зајакнување на стабилноста и сигурноста на електроенергетската мрежа на земјава. Со тоа се заокружува електроенергетското поврзување со сите соседи, што овозможува не само зголемена стабилност и доверливост, туку и активно учество на пазарите за балансни и системски услуги и размена на енергија во регионот.
При посетата, таа беше пречекана и детално информирана за напредокот на проектот од страна на проект менаџерот Дарко Докузовски.
Економија
Поставен камен-темелник на новата фабрика на „Чагатај кабло“, инвестиција вредна 6 милиони евра

Поставен е камен-темелник на новата фабрика на „Чагатај кабло“, инвестиција вредна 6 милиони евра и 200 нови работни места, изјави премиерот, Христијан Мицкоски.
„Компанијата ‘Чагатај кабло’ почнува со изградба на нова фабрика во рамките на ТИРЗ Скопје 1. Се работи за инвестиција во вредност од 6 милиони евра. Ќе се изгради објект со површина од 10.000 квадратни метри и ќе се отворат нови до 200 работни места или вкупно, како што рече и претседателот на управниот одбор, ќе дојдеме до бројка од 500 работни места, кои ќе произведуваат овде во производните капацитети на компанијата ‘Чагатај кабло’“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека со ова ќе се воведат нови технологии, ќе се прошири капацитетот и ќе се создаде идна вредност што ќе остане овде – во нашата татковина.
Секој ваков почеток не е добар само за компанијата, додаде Мицкоски, туку е добар за локалната заедница, добар за националната економија и добар за иднината на секој млад човек што сака да остане овде.
„Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности. Земја во која трудот се исплати. Земја во која инвестицијата има смисла. Земја во која институциите се партнери на бизнисот – не пречка, туку поддршка“, рече Мицкоски.
Економија
Инвестиција од 1 милијарда евра на „Казанџи груп“ за изградба на гасни централи, трајно решение за аерозагадувањето, најави ВМРО-ДПМНЕ

Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е создавање услови за нов циклус на економски раст. Се поттикнува економската слобода на инвеститорите преку креирање на фер услови за сите стопански субјекти. Се враќа довербата на странските инвеститори за своите инвестиции да ги пласираат во државата, да отворат нови или да ги прошират своите капацитети. За разлика од минатото кога имаше недостаток на доверба кај инвеститорите во владата на СДС и ДУИ сега домашните и странските инвеститори имаат партнер во владата на ВМРО-ДПМНЕ, велат од владејачката партија.
Од таму наведуваат дека се официјализираше меморандум за соработка со компанијата „Казанџи груп“ којашто е светски гигант во енергетиката. „Казанџи Холдинг“, е водечка турска компанија со преку 25 години искуство, оперира со инсталиран капацитет од над 3,500 MW во осум држави и е активна во 22 земји на четири континенти.
„Во Македонија „Казанџи груп“ ќе инвестира 1 милијарда евра за изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи со 500 MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1 TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво. Освен енергетската стабилност, со градењето на когенеративни гасни централи, трајно се решава загадениот воздух. Со оваа и останатите инвестиции во енергетиката државата ќе стане енергетски независна. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има јасна стратегија и план за енергетскиот сектор во служба на граѓаните. За енергетска ефикасност, енергетска стабилност и независност на државата. Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.