Економија
ССК и Стопанска комора на Хрватска потпишаа Меморандум за соработка
Сојузот на стопански комори на Македонија денеска потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Хрватска cо цел преземање заеднички активности за унапредување на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете земји.
Меморандумот беше потпишан во рамките на бизнис-форумот кој се одржува денеска во Загреб од страна на потпретседателот на Сојузот, проф. д-р Орце Симов и Лука Буриловиќ, претседател на Стопанската комора на Хрватска.
Во своето обраќање пред присутните високи претставници на хрватската и македонската влада, како и претставници на деловните мрежи од двете држави проф. д-р Симов истакна дека Хрватска е меѓу најголемите политички поддржувачи на евроинтегративниот пат на нашата држава, но сепак потенцијалот за економска соработка сè уште не е доволно искористен.
„Меѓусебната економска соработка има можности значително да се зголеми, при што се отвораат можности за инвестиции во областа на индустриското производство и обновливите извори на енергија, туризмот. Постојат можности и за заеднички настап на трети пазари, заеднички инвестиции, како и воспоставување соработка на заеднички проекти финансирани од ЕУ-фондовите. Земјоделските и прехранбените производи имаат голем удел во нашата трговија, поради фактот што компаниите имаат долга традиција и препознатлив квалитет и присуство на овие пазари. Во насока на поттикнување на соработката, треба да се интензивира организацијата на настани за вмрежување, преку платформи за видео комуникација, како и настани во живо. Саемските манифестации се одлична можност за поврзување и создавање нови деловни контакти, поради што сметам дека би било добро да се обезбеди државна поддршка во двете земји за настап на нашите компании во Хрватска на саеми и обратно. За развој на соработката во туристичкиот сектор би било добро да се воспостават директни летови до туристичките дестинации, а можно е и да се организираат заеднички туристички тури за туристите од подалечните дестинации“, истакна проф. д-р Симов.
Во рамките на форумот покрај потпишувањето на Меморандумот за соработка беше организирана презентација на можностите за инвестиции во нашата земја, претставниците на компаниите ги презентираа своите портфолија, а се организираа B2B средби на претставниците на деловните мрежи.
Препознавајќи ја регионалната соработка за многу значаен фактор за раст и развој на домашната економија Сојузот на стопански комори во изминатиот период активно се вклучува во регионални форуми, саеми и други настани, а е дел од регионалните иницијативи како „Отворен Балкан“ и „Зелен навигатор“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

