Економија
ССК: Како ќе се прецизираат критериумите за трансфер на вработените од јавниот во приватниот сектор?
Сојузот на стопански комори смета дека постојат повеќе дилеми во врска со процесот за премин на вработените од јавната администрација во приватниот сектор, кој е најавуван од страна на Министерството за информатичко општество и администрација. Според претседателката на СКК, Данела Арсовска, се отвораат важни прашања: како ќе се одвива самиот процес во моделот на премин од јавен сектор во приватен кој првпат ќе се применува во земјава, дали ќе биде овозможена извесна доквалификација или преквалификацијата на овие кадри и кој ќе го изврши истото?
„Она што е предмет на дискусија во последно време и на кое треба да се посвети големо внимание, е најавата за трансфер на службеници од јавен во приватен сектор, лица за кои ќе се оцени дека нема повеќе потреба во јавната администрација. Се поставува прашањето како ќе се прецизираат критериумите за овие лица, дали анализите кои се прават прецизно ќе утврдат какво образование и вештини поседуваат, како би биле атрактивни за премин во приватниот сектор. Приватниот сектор со оглед на континуираниот одлив на квалификувана работна сила со кој се соочува, активно бара на пазарот на труд лица со дефицитарни и специфични занимања, пред се од техничките и строго специјализирани струки“, се вели во соопштението.
Според неа се отвора и прашањето колку време би траел тој процес на адаптација за ново работно место и кој би бил очекуваниот степен на продуктивност по преквалификација за оние работни места за кои приватниот сектор има потреба.
„Предизвиците кои ќе треба да се надминат во овој процес се бројни, како мислењето особено на младата популација за високиот степен на атрактивност за вработување во јавната администрација, општото мнение дека работата во јавниот сектор нуди поголема сигурност, но и дека помалку труд се вложува за разлика од приватниот сектор. Воедно согласно анализите, со исклучок на одредени сектори како ИТ и енергетскиот сектор, платите во јавната администрација се во просек повисоки во споредба со платите во приватниот сектор, што креира дисторзија во перцепцијата за атрактивност на работните позиции. Затоа можеби и треба да се запрашаме дали ќе успее моделот од аспект на тоа дали вработените од јавната администрација воопшто ќе сакаат да преминат во приватниот сектор. Тука клучна улога ќе имаат и синдикатите кои ги застапуваат правата на работниците од управата, со кои е потребно темелно да се разговара за тоа кои се нивните ставови по овие важни прашања кои се отвораат“, вели Арсовска.
Очекувањата на ССК се во следниот период отворено да се дискутира по овие точки особено откако ќе се види анализата и предлог моделот на Министерството за информатичко општество и администрација, по што одговори ќе има на голем број дилеми кои се отворија во изминатиот квартал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

