Економија
ССК: Франција го отвора европскиот пат за македонската винска индустрија
Потпретседателот на Сојузот на стопанските комори за надворешни односи и претседател на Туристичко-угостителската комора, Аркан Керим, реализира посета на познатиот вински регион Болен, јужна Франција, како гостин на винарницата „Шато де Гурдон“, чиј сопственик е македонската винарница „Тиквеш“.
Директорот на „Тиквеш“, Светозар Јаневски, и Керим остварија повеќе значајни средби, меѓу кои и со градоначалникот на Болен, Антони Зилио, заменик на градоначалникот Андре Вигли, и со претседателот на Унијата на претприемачите на Болен, Жан Мишел Луј.
Керим истакна дека Франција е наш важен економски партнер како и политички поддржувач на патот на нашата земја кон членството во ЕУ потенцирајќи дека овие добри релации треба да се искористат за унапредување на соработката во секторот на винската индустрија.
„Инвестицијата на ‘Тиквеш’ во француската винарница ‘Шато де Гурдон’ е добар пример на градење мостови меѓу компаниите од овој сектор од двете земји, кои го отвораат патот на македонските винарници кон пазарот на Европската Унија. Во таа насока договорено е продлабочување на економските односи помеѓу македонските и француските компании, како и посета на Македонија од страна на француските компании од регионот на Болен. Овие соработки даваат дополнителен поттик за раст на трговската размена, особено за зголемување на македонскиот извоз“, истакна Керим.
Земајќи предвид дека еден од стратешки извозни земјоделски производи на нашата земја е виното, Сојузот во рамките на меѓународните активности овозможува стратешка поддршка на винскиот сектор во земјата преку организирана промоција на меѓународните вински настани, вмрежување и лобирање за унапредување на поврзаните индустрии, како земјоделството, туризмот, во соработка со домашните, но и со странски релевантни институции.
Во делот на производство на вино во нашата земја, од 2005 година наваму почна т.н. револуција во винскиот сектор во земјата, пред сè, со приватизацијата на дел од винарниците, инвестирањето во нова технологија и отворањето нови модерни винарници. Сепак, целосниот потенцијал сè уште не е искористен бидејќи е потребно да се зголеми извозот на пакувано вино, коe се извезува со додадена вредност, што придонесува кон целокупен раст на секторот, зголемување на вредноста како на виното така и на грозјето како суровина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

