Економија
Стилско лето со Dan John: неодоливи попусти до 50 отсто
Летото кај многумина буди мотив и инспирација за што подобар изглед. Нека не ве спречуваат високите температури да го дадете најдоброто кога е вашиот изглед во прашање.
Fashion Group продолжува со изненадувањата и фантастичната летна понуда. Овој пат, мажи, вниманието го насочуваме кон вас.
Во Dan John ќе најдете сѐ што еден модерен маж треба да го има оваа сезона и тоа буквално за секоја пригода на неодоливо намалување до -50% на колекција пролет-лето ’23. Од стилски парчиња облека до модни додатоци со кои ќе ја заокружите вашата комбинација – имате сѐ на едно место и многу повеќе!



И верувајте, дефинитивно ќе ви се допадне она што го гледате!
Ако планирате одмор и сакате да се подновите со ново парче, направете спој по ваша мерка на одличните бермуди и маиците во полежерен или покласичен крој. Сакате принтови? Не е проблем, кошулите со летни дезени и текстура нема да поминат незабележано!



Од друга страна, ако ве очекува некоја свеченост и барате совршен формален стил, погледнете ги новите летни костими. Италијанска елеганција со која не можете да згрешите.
Ако работниот стил ви наметнува класичен изглед, понудата на кошули е голема и со сигурност ќе најдете нешто по ваш вкус.
Секако, ниту еден изглед не е комплетен без добри чевли, па без проблем одберете мокасини, еспадрили или пак класични чевли во согласност со комбинацијата. Нека италијанската естетика доминира со секој направен чекор.

Ве чекаме во продавницата во Ист Гејт зааедно да ја погледнеме новата шик колекција и сите оние парчиња на одлично намалување. А ако сте веќе на одмор или не ви се излегува од дома поради високите температури, секогаш сме достапни онлајн на www.fashiongroup.com.mk.
Мажи, сега е време да го привлечете вниманието со својот стил.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

