Економија
Субвенција од 2 денара за килограм откупени сливи
Владата на денешната седница донесе одлука за воведување нова мерка за стабилизирање и решавање на проблемот со откупот на сливи, соопшти Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. Конкретно, сите правни лица откупувачи на сливи регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење трговија со земјоделски производи, кои извршиле откуп на сливи од реколтата 2018 година од домашно производство, ќе добијат субвенција од 2 денара за килограм откупени сливи. Одлуката стапува во сила со објавување во „Службен весник“.
„Оваа нова мерка ќе го поттикне договорениот откуп на произведената слива од родот 2018 и ќе ја подобри конкурентноста на домашната преработувачка индустрија. Субвенцијата ќе важи за количините сливи што ќе се откупат до 15 септември 2018 година по откупна цена не пониска од 5 денари за килограм индустриски сливи. Исто така, новата субвенција ќе ја добијат и оние откупувачи што ќе откупат свежи сливи, со кои на еден од состаноците што ги одржа тимот од МЗШВ е договорено откупната цена за оваа слива да не биде пониска од 8 денари за килограм“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Министерот посочи дека новата мерка е донесена заеднички со производителите, преработувачите и откупувачите на сливи на работните состаноци што тимот од МЗШВ изминативе денови ги одржа со сите засегнати страни. Притоа Николовски додаде дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство изминатава една и пол година воведува системски мерки за поттикнување на равојот на земјоделството.
„Минатата година субвенциите за овошни насади, вклучително и за сливите, ги зголемивме 10 отсто. По овој основ зголемени субвенции добија над 2.500 производители на сливи за што се исплатија 64 милиони денари. Со годинешната програмата за директни плаќања 20 отсто ја зголемивме субвенцијата за одржување овошни насади, вклучително и за сливите, за развојната категорија овоштари што имаат од 1 до 5 хектари. Тие ќе добијат 39.600 денари субвенција за хектар. Исто така, во програмата за оваа година ги зголемивме субвенциите за предадено овошје во преработувачки капацитети од 2 на 3 денари за килограм. Дополнителен поттик за производството и откупот на сливи е новата мерка од 2 денара субвенција за откупувачите, што сега ја воведуваме“, изјави министерот.
Николовски потенцира дека ова е прва година во која се зголеми и поддршката за преработувачките капацитети не само во делот на директните исплати туку и во делот на нивната поддршка преку ИПАРД-програмите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска–Мелинвуд: Започнува најобемната енергетска обнова на јавните згради досега
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Мелани Мелинвуд, претставник на Француската агенција за развој (AFD), а во врска со реализацијата на Планот за реконструкција на јавните згради – еден од клучните столбови на Реформската агенда на државата.
Фокусот на средбата беше ставен на имплементацијата на Планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите на јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – стратешки документ што поставува јасна, тригодишна рамка за најмасовната и најсистемска енергетска обнова на јавни објекти во земјата досега.
Станува збор за План што веќе е усвоен од Владата по сеопфатен процес на усогласување со вкупно 33 институции, што ја потврдува неговата институционална тежина и стратешко значење за модернизација на јавниот сектор.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како носител на оваа стратешка реформа, интензивно работи на обезбедување финансиски средства за реализација на обврските што произлегуваат од Реформската агенда, како и од постојните законски обврски. Согласно законската рамка, секоја година е предвидено да се реконструираат најмалку 3% од вкупната корисна подна површина на јавните згради, при што мерките за енергетска ефикасност се задолжителен и нераздвоен дел од секоја реконструкција, истакнуваат од таму.
На средбата беше истакнато дека во моментов е во подготовка таканаречената scoping студија (студија за определување на опфат), со која детално ќе се утврдат параметрите за рехабилитација и обнова на зградите, како и јасни критериуми за приоритизација на објектите што први ќе влезат во процесот на реконструкција.
Со ова, е нагласено во соопштението, државата прави крупен исчекор кон намалување на потрошувачката на енергија, пониски трошоци за јавниот сектор, подобри услови за работа во институциите и значително намалување на емисиите на штетни гасови, во согласност со европските климатски политики.
„Оваа реформа претставува конкретен чекор кон позелена, поекономична и поодржлива јавна администрација – со директни придобивки за граѓаните и за државниот буџет“.
Економија
Трипуновски: Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун во вредност од 170 милиони евра
Денес, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство и претседателот на Сојузот, посетивме неколку откупни пунктови со цел да се направи увид во завршната фаза од откупот на тутунот, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„Според последните податоци, досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун од последната реколта, просечната цена е 419,15 денари за килограм“, посочи тој.
Министерот Трипуновски додаде дека вкупната вредност на откупениот тутун изнесува околу 170 милиони евра, од кои 95,6% веќе се исплатени на тутунопроизводителите кои го имаат предадено својот род.
„Останува уште мала количина тутун која согласно предвидената динамика, ќе биде откупена во наредниот период. Секоја откупна компанија ќе има отворен пункт до крајниот рок за откуп, кој трае до крајот на месец февруари“, појасни министерот.
Економија
COMBO.mk – Новата онлајн дестинација за алат, апарати за домаќинство и многу повеќе
COMBO официјално ја пушта во употреба својата нова онлајн продавница, со цел купувањето да стане побрзо, поедноставно и подостапно за сите корисници низ државата. Со новата платформа, COMBO ја пренесува својата богата понуда во дигитално искуство што овозможува лесна нарачка, преглед на производи и безгрижна набавка од дома.
COMBO е современо продажно одредиште со продажен простор од 6.000 м² и асортиман од над 15.000 производи, внимателно селектирани за секојдневни потреби и професионална употреба. Понудата опфаќа девет главни категории: машини и алат, градинарски алат, апарати за домаќинство, автокозметика, лепила и силикони, електрика, оков за мебел, чешми и туш системи, како и производи за домашни миленици. Компанијата посветува внимание на брза достава и професионална услуга, со фокус на практичност и доверба при секоја нарачка.
Што добиваат купувачите
- Онлајн купување со широк избор на производи во девет различни категории.
- Практична набавка од едно место – од професионални алати и градинарска опрема, преку апарати за домаќинство и електрика, до чешми, туш системи и производи за домашни миленици.
- Брза достава и флексибилни опции за испорака низ цела Македонија.
- Стручна поддршка и советување при избор на производи.
- Сервисна поддршка и гаранција за производите.
- Услуга насочена кон лесно, сигурно и безгрижно корисничко искуство.
За повеќе информации и новитети, посетете ја веб-страницата на Combo.
(ПР)

