Економија
Сугарески во ССК на средба со компаниите
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, оствари средба во Сојузот на стопански комори со Градежната комора на Македонија и Комората за геодетски работи. На средбата се дискутираше за законите во надлежност на Министерството за транспорт и врски кои се во функција на подобрување на работата за компаниите во секторот.
Претседателот на Градежната комора на Македонија, Ивица Јаќимовски, истакна дека институциите и компаниите во секторот градежништво како во делот на високоградба, така и во делот на нискоградбата треба да работат заедно на подобрување на условите.
„Во делот на нискоградбата генерална оценка за годинава е дека има одредена реализација, таму каде што како инвеститор се јавува државата, во реализација на инфраструктурни проекти, во делот на гасоводна мрежа, патна инфраструктура и слично. Заеднички стремеж во 2020 на сите учесници во секторот градежништво треба да биде максимално вложување согласно предвидената динамика за реализација на проектите во целост. Локалната самоуправа врз база на своите надлежности да се придржуваат до законите кои се во надлежност на Министерството за транспорт. Во 2020 треба да се дозволи приватниот сектор да може да инвестира со цел придвижување на градежништвото, а со тоа и зголемување на економскиот раст. Сите инволиврани страни во системот треба да вложат максимални напори за реализација на предвидените проекти, а со тоа и зголемување на животниот стандард“, изјави Јаќимовски и додаде дека законите кои се во надлежност на Министерството за транспорт и врски треба да се применуваат доследно, соодветно да се почитуваат роковите предвидени во Законот за градење и Законот за просторно урбанистичко планирање, како и да продолжи воспоставената пракса што ја имаме на заедничко учество при донесување на новите закони.
Горан Јованоски, претседател на Комора на трговски друштва за геодетски работи, истакна дека приватните геодетски фирми, коишто ги застапува геодетската комора, се едни од главните носители во извршувањето на самиот процес на легализацијата.
„Имено, со подготовката и издавањето на геодетските елаборати, геодетските фирми се директни учесници во целокупниот процес на легализацијата. Со новиот закон за легализација на бесправно изградените објекти би се отворил нов фронт за работа за приватната геодетска пракса, но истовремено би се излегло пресрет на сите граѓани, коишто од различни причини ги пропуштиле претходните рокови за поднесување барања за легализација“, изјави Јованоски и додаде дека Комората на трговски друштва за геодетски работи треба да биде информирана и консултирана за Законските измени со цел како професионалци во струката да имаат можност да го дадат придонесот во што поефикасно донесување и спроведување на законската регулатива.
Компаниите порачуваат следната година да има реализација без проблеми на најавените проекти во градежништвото. Раст и стабилност на градежниот сектор значи стабилност и за 26 други стопански гранки директно поврзани со градежништвото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

