Економија
Твининг-проект со Хрватска: Засилена внатрешна контрола во институциите
Македонските ќе учат од искуствата на европските институции како да ја унапредат внатрешната контрола. Денеска официјално почна твининг-проектот „Понатамошно подобрување на системот на внатрешна контрола“, финансиран од Европската Унија, а кој го спроведува Министерството за финансии во соработка со Министерството за финансии на Република Хрватска.
Како што истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски, се прават реформи во управувањето со јавните финансии, кои ќе го подобрат квалитетот на менаџирањето, ќе ја зголемат транспарентноста и отчетноста, а истовремено ќе придонесат за успешно спроведување на преговорите за влез во ЕУ.
„Владата на Република Македонија е посветена на спроведување реформи во управувањето со јавните финансии, поради што ја донесе Програмата за реформа во управувањето со јавни финансии, во чии рамки еден од приоритетите е внатрешна контрола. Реформата во оваа област е дел од процесот на подготовка на нашата земја за успешно спроведување на преговорите за влез во ЕУ од поглавјето 3.32 Финансиска контрола. Дополнително во завршна фаза е подготовката на документот ‘Политика за јавна внатрешна финансиска контрола 2019-2021’ кој е стратешки документ за понатамошен развој на системот за внатершна контрола во јавниот сектор“, рече министерот за финансии, Драган Тевдовски.
Фрејк Јанмат од Делегацијата на Европската Унија рече дека твининг-проектот ќе придонесе за подобрување на регулативата, развој на алатки за подобра контрола и внатрешна ревизија, подобрување на капацитетите на институциите на локално и централно ниво, како и подобар надзор на Централната единица за хармонизација, која се наоѓа во Мнистерството за финансии.
Даниела Степиќ, од Министерството за финансии на Хрватска, која е проектен лидер, истакна дека една од придобивките на проектот ќе биде и финализирање на новиот закон за јавна внатрешна финансиска контрола, хармонизиран со европската регулатива.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

