Економија
Тевдовски: До 2016 долгот беше галопирачки, ние го стабилизиравме
Јавниот долг е под контрола и за него се известува транспарентно и со веродостојни податоци. Ако од 2008 до 2016 година јавниот долг беше брзорастечки, сега е стабилизиран и е на пониско ниво во однос на 2016 година. Ова го истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски, на работилницата со новинари посветена на јавниот долг, а во рамките на кампањата на Министерството за финансии за финансиска едукација.
„За разлика од периодот од 2008 до 2016 кога јавниот долг беше брзорастечки, галопирачки и се зголеми од 23 отсто од БДП на 48,8 отсто, сега тој е стабилизиран и е понизок од 2016 година, односно изнесува 48,7 отсто од БДП. Исто така, велиме дека долгот е под контрола бидејќи трошокот што го плаќаме – каматите, се значително намалени. На пример, ако на почетокот на 2016 година каматата за 12-месечни записи, без девизна клаузула, изнесувала 2,6 отсто, на почетокот на 2017 – 2,1 отсто, сега таа е намалена на 0,8 отсто. Издејствуваме најниска каматна стапка од 2,75 отсто за еврообврзницата од 2018 година, а претходните еврообврзници имале камати во распон од 4 до 10 отсто“, рече Тевдовски и додаде дека зголемена е и рочноста на портфолиото и преполовен е бројот на аукции што го прави долгот полесен за сервисирање.
Министерот истакна дека транспарентно се известува за долгот и со веродостојни податоци. Тој рече дека земјата неодамна пристапи кон највисокиот статистички стандард СДДС плус, кој го исполнуваат само 18 земји во светот.
Тевдовски рече дека ако претходната влада го тргнала негарантираниот долг од пресметката за јавен долг и престанала да ја изработува стратегијата за управување со јавен долг, оваа Влада со измените на Законот за јавниот долг ги враќа.
„Со измените на Законот за јавниот долг, кои се во собраниска процедура, го враќаме и негарантираниот долг во пресметката за јавен долг. Ова беше препорака од меѓународните финансиски институции, како и наша заложба за транспарентно известување за долгот откако во 2014 негарантираниот долг беше изваден од пресметката. Исто така, со измените во законот ја враќаме стратегијата за јавен долг, која во 2011 година беше вметната во фискалната стратегија, со што се намали обемот на податоци. Со изработка на Стратегија за управување со јавниот долг, јавноста детаљно ќе биде информирана за портфолиото и менаџирањето со долгот“, вели Тевдовски.
Инаку, министерот за финансии посочи дека целта за организација на овој настан е почеток на активна кампања за финансиска едукација, која опфаќа разни профили на интерес и разни возрасти. Тој посочи дека во духот на фискалната транспарентност, освен што се објавуваат сите податоци, тие преку едукацијата стануваат и попристапни за целата јавност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

