Економија
Тевдовски: Рекордни 2,4 милијарди евра извоз во Германија
Минатата година трговската размена со Германија изнесувала 3,2 милијарди евра, од кои 2,4 милијарди евра се извоз од Македонија, што е историски највисоко ниво. Во првите три месеци позитивниот тренд продолжува со 16% раст на извозот кон Германија, што е показател за добрите владини политики. Сепак соработката може уште повеќе да се развива, преку иницијативи за поврзување на компаниите – истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на бизнис приемот, организиран од Фондацијата Фидрих Еберт, Министерство за финансии и Град Скопје.
На приемот присуствуваше германскиот пратеник Метин Хакверди, а се обратија и заменик претседателот на Владата Радмила Шеќеринска и градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.
„Традиционално македонско-германската економска соработка е силна. Германија е најзначајниот партнер на Македонија во стоковата размена. На наше големо задоволство, кај трговската размена имаме нагорен тренд. Имено во 2017 година имаме историски највисока размена во износ од 3,2 милијарди евра, односно раст од скоро 13% во однос на претходната година. Имаме и највисока стапка на раст на извозот кон Германија од 2,4 милијарди евра, или 15% повисока во однос на 2016 година. Овој тренд продолжува и во првото тримесечје од 2018 година со раст од 16%“ рече Тевдовски.
Како што посочи тој, инвестициите од Германија во последните десет години изнесувале околу 250 милиони евра, но потенцијалот е многу поголем за вложување на германските компании во земјава. Министерот рече дека Македонија може да понуди квалификувана работна сила и добра бизнис клима.
Тевдовски истакна дека и токму ваквите иницијативи, како Бизнис приемот, се добри за продлабочување на соработката.
Министерот Тевдовски истакна дека Владата е посветена на евроинтеграциските процеси и спроведување на реформите.
„Владата посветено работи на приклучувањето на Македонија кон Европската унија. Работиме на реформскиот процес, имаме стратегија и план за реализација, а за само една година имаме и конкретни резултати и крупни промени. Од аспект на јавните финансии, Македонија е лидер во реформите од сите земји аспиранти за членство. Тоа беше констатирано и истакнато минатата недела во Брисел на Економско-финансискиот дијалог помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан и Турција“ рече Тевдовски.
Тевдовски истакна дека транспарентноста е значително зголемена, јавниот долг е ставен под контрола, додека инвеститорите ја вратиле довербата во македонската економија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

