Економија
Тевдовски: Со грант ЕБОР да ја поддржи изградбата на автопатот Гостивар -Кичево
Автопатиштата Гостивар-Кичево и Скопје-Блаце и патот Крива Паланка до границата со Бугарија се идните проекти кои ќе бидат во фокусот на соработката со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој учествува на Годишните средби на ЕБОР, кои се одржуваат во Јордан.
ЕБОР се заинтересирани за финансирање на овие проекти и има можност за доделување грант-средства за изведување дел од градежните работи за автопатот Гостивар-Кичево, за што стана збор на средбите. Грантот би се однесувал за дел од изградбата на првата делница од автопатот, односно делницата Букојчани – Кичево во должина од 12 километри. Се очекуваат и грант-средства и за реконструкција на патот Крива Паланка-Деве Баир.
„За автопатот Скопје – Блаце веќе добивме грант од ЕБОР за комплетирање на проектната задача, која треба да биде готова за помалку од три месеци“, истакна Тевдовски. Како што посочи, најголем дел од соработката на Македонија со ЕБОР е во транспортниот сектор. Во делот од железничката инфраструктура на средбите се зборуваше за реконструкција на пругата Скопје – Кичево.
„Од железничката инфраструктура, важен е коридорот 8 – пред сè како идни проекти Скопје – Кичево. Битен е и проектот за електронски системи по должина на коридорот 10 и проектот за изградба гранична станица на железничкиот коридор 10, помеѓу Република Македонија и Република Србија“, рече Тевдовски.
Тој додаде и дека Годишните средби на Европската банка за обнова и развој се одлична можност да се зборува за крупни капитални проекти бидејќи на нив присуствуваат клучни луѓе на финансискиот сектор. „ЕБОР е сериозен партнер на Македонија. Нивното тековно портфолио на проекти изнесува 707 милиони евра. Најголем дел од проектите се од транспортниот сектор, во патната инфраструктура, каде ЕБОР учествуваше во финансиската конструкција на патот Демир Капија-Смоквица, на експресниот пат Штип-Радовиш, ремонтот на пругата на коридорот 10 и рехабилитација на железничката пруга на коридор 8“, рече Тевдовски.
Покрај билатералните средби со високи претставници на ЕБОР, министерот Тевдовски ќе учествува и на Тркалезната маса на Бордот на гувернери и на панелот „Зелена инфраструктура“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

