Економија
Тевдовски: 10,2 милијарди денари повеќе за здравството, образованието и социјалната заштита во 2019 година
Во буџетот за 2019 година има 10,2 милијарди денари повеќе средства за здравство, образование и социјална заштита, изјави денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски.
„И годинава во буџетот за овие намени има алоцирано повеќе средства во однос на минатата година. Ова значи дека во континуитет се работи на зајакнување на овие сектори, а со тоа се вложува во човечкиот потенцијал и во зголемување на продуктивноста“, истакна Тевдовски на денешната презентација на „Систематската дијагностика за земјата“, изработена од Светска банка.
„Клучен фактор за економски развој и борба против сиромаштијата е човечкиот капитал. Со вложување во луѓето се зголемува продуктивноста, што ќе го поттикне економскиот раст и ќе креира подобро платени работни места“, додаде министерот во своето обраќање.
Тевдовски истакна дека Владата има направено сеопфатна реформа на системот за социјална помош и детска заштита. Со реформата, како што рече тој, Македонија е прва во регионот која воведува гарантиран минимален приход, а ќе се зголеми и опфатот на детскиот и образовен додаток.
Во однос на образованието, министерот рече дека се работи на зголемување на опфатот на децата во претшколско образование. Целта е опфатот да се зголеми од 30 % на 50 %.
Се работи и на подобрување на инфраструктурата, како и на квалитетот на програмите, како во образованието, така и во здравството. Министерот посочи дека подобро платените вработени се попродуктивни. Затоа Владата и оваа и следната година ги зголемува платите на вработените во клучните сектори, како здравството, образованието и детската грижа, вели Тевдовски.
„Имаме реален проблем во здравството со одлив на кадри. За таа цел и годинава и следната година предвидовме покачување на платите на здравствените работници, со дополнително покачување од 10 % за специјалистите. Кога вработените се подобро платени, тие се попродуктивни. За таа цел, ги покануваме платите и во образованието и детската грижа. Покрај јавниот сектор, со воведување повисоко ниво на минимална плата, како и владините мерки за поддршка на раст на платите, се придвижи спиралата на плати и во приватниот сектор“, рече Тевдовски.
Министерот рече дека Владата работи и на отворање нови работни места. И следната година во буџетот се предвидува највисоко ниво на средства за активните мерки за вработување. Се предвидуваат и мерките за поддршка на фирмите, кои треба да ги поттикнат иновативноста, извозот, инвестициите и отворање нови работни места, вели министерот за финансии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

