Економија
Тетово и Гостивар в година ќе добијат гас
Изградбата на гасоводната мрежа се одвива со силно темпо и се очекува магистралните гасоводи да бидат завршени во текот на 2020 година, истакнаа министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и министерот за економија, Крешник Бектеши, при денешниот увид во изградбата на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар.
Гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар е со вкупна должина од 86 километри, а вредноста на инвестицијата изнесува 29 милиони евра. Составен дел од изградбата на овој гасовод се и шест блок-станици и главно мерни регулациски станици за Тетово и Гостивар.
„Гасификацијата на земјата е наш врвен приоритет и максимално сме посветени на изградбата на магистралниот гасовод. Имаме речиси 90 отсто реализација за оваа година со последната реализирана ситуација, односно инвестирани се над 1 милијарда и 300 милиони денари. В година почнуваме со нови проекти. Ја продолжуваме изградбата на гасоводна мрежа од Гостивар кон Кичево и почнуваме со изградба на гасовод од Велес до Свети Николе за што веќе се водат преговори за финансирање.
Гасификацијата е круцијално значење за економијата и е од бенефит како за граѓаните така и компаниите, за животната средина и за општеството во целост“, изјави Сугарески.
Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека дистрибутивната мрежа ќе се гради преку јавно-приватно партнерство за што веќе Владата формирала комисија.
Според директорот на Националните енергетски ресурси, Бајрам Реџепи, магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар ќе биде завршен во првата половина на следната година, а веднаш потоа ќе се почне со серија тестирања по што до крајот на 2020 година гасот ќе биде пуштен во употреба.
„Магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар е во должина од 78 километри плус крак Тетово во должина од 10 километри и досега имаме реализирано приближно 70 отсто од градбата. Во тек е и изградбата на мерно регулациската станица во близина на Тетово, со капицитет доволен за целосно снабдување на Полошкиот Регион“, истакна Реџепи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

