Економија
„Техномаркет“ – секогаш во чекор со новите технологии
Светот живее во постојано менување. Промените се дел од секојдневието . Техномаркет е компанија која речиси 25 години се грижи да се задржи чекорот со новите технологии нудејќи ги на пазарот производите од најдобрите светски брендови.
Техномаркет со појавата на македонскиот пазар, на прво место ги става потребите на потрошувачите , разбирајќи ја потребата од висок квалитет, пристапни цени и голем број на поволности за купувачите.
Чекорејќи во слух со новите иновации , Техномаркет прерасна во бренд кој на пазарот се истакна како промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство, црната (ТВ, аудио, видео) и белата техника, како и IT производите.
![]()
Од само една продавница во Скопје во 1997 година , брендот Техномаркет денес е блиску до сите граѓани низ земјата, со отворени 19 продажни салони и континуирано проширување и подобрување на своите услуги, сопствена логистичка мрежа и онлајн продавница. И она што е најважно, и понатаму на прво место се потребите на купувачите и квалитет на услугите.
Технологијата денес не е само алат или предмет кој го употребуваме во секојдневието, таа станува составен дел од животот . Технологијата денес има персонален карактер и купувачот со неа има личен однос , повеќе од било кога во минатото. Денес на пазарот има се повеќе паметни уреди. Токму поради овие причини , во Техномаркет посебно се води грижа персоналот да биде секогаш одлично обучен и подготвен да ги даде сите неопходни одговори на купувачите, споредувајќи ги карактеристиките на моделите од различни брендови, притоа овозможувајќи им на купувачите вистински избор.
![]()
Мобилни телефони, лаптоп компјутери, слушалки , таблети , машини за перење, фрижидери, шпорети , телевизори, фен, пегли , се само дел од уредите без кои не би можеле да го замислиме секојдневието.
Денес во продажните салони на Техномаркет можат да се најдат апаратите за домаќинство од познатите брендови Samsung ,Liebherr , Philips, Sony, Panasonic, Electrolux, AEG, NEO, Indesit, Hotpoint Ariston, Rowenta, Tefal, Krups и многу други.
Брендот Техномаркет овозможува оригинална гарантна карта од производителот , истовремено брз и ефикасен сервис на своите производи , како и оригинални резервни делови со што ја зацврстуваат сигурноста на своите купувачи.
![]()
Техномаркет ја негува својата политика за квалитет и се стреми кон целосна посветеност на целите и креирање на задоволни потрошувачи.
Дека квалитетот на услугата е на прво место потврдуваат и меѓународните бизнис награди и признанија.
Техномаркет е добитник и на наградата Best Buy од самите потрошувачи со истражување спроведено од швајцарската агенција Iceritas за соодносот меѓу квалитетот и цената.
Истата оваа меѓународна асоцијација со седиште во Цирих , Швајцарија, на брендот Техномаркет, му ја додели престижната награда „Costumer Friend – Dedicated to Excellence“, награда која се доделува на компании кои се докажани на пазарот и имаат врвен однос со своите клиенти и потрошувачи.
![]()
Модерниот начин на живеење овозможува брз пристап до информациите, и додека го пиете утринското кафе на вашите социјални мрежи може да ги дознаете сите промоции и попусти на производите во Техномаркет , а со големиот избор на поволности за плаќање може да го распоредите сопствениот буџет. Плаќањето во Техномаркет може да биде на кредит, со кредитни картички , или пак преку синдикална продажба на рати.
Доколку не сакате да го напуштите својот топол дом, купувањето може да го направите и од дома, преку онлајн продавницата на Техномаркет , каде исто така оваа компанија е водечка и уште од самиот почеток поставува стандарди како во изгледот на страната така и во нејзината функционалност.
Екстремните попусти за Black Friday станаа препознатливи за брендот Техномаркет. Како што тоа се прави во светски познатите ланци на продажба, така и кај нас, на крајот од месец ноември , а во пресрет на божиќните и новогодишните празници , цените на производите во ТЕХНОМАРКЕТ вртоглаво опаѓаат .
![]()
Пристапните цени, врвната услуга и поволностите при купување ќе го направат овој Black Friday розов и весел за сите кои ќе одлучат да го поминат во продажните салони на Техномаркет .
За први да ги дознаете новите акции, промоции и попусти следете ја официјалната страна, како и Facebook и Instagram профилите на брендот ТЕХНОМАРКЕТ.
https://www.facebook.com/TehnomarketMakedonija/
https://www.instagram.com/tehnomarket_makedonija/
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

