Економија
„Тојота“ повлекува 3,4 милиони возила поради дефект

„Тојота“ ќе повлече околу 3,4 милиони возила во целиот свет поради можен дефект на воздушните перничиња.
Одлуката ги опфаќа моделите „корола“, „корола матрикс“, „авалон“ и „авалон ХВ“ во Северна, Централна и во Јужна Америка, вклучувајќи 2,9 милиона возила во Соединетите Американски Држави.
„Тојота“ соопшти дека засега нема да има повлекување автомобили во Јапонија и Европа.
Возилата што ќе бидат повлечени потенцијално имаат проблем со електронската контролна единица, која можеби нема соодветна заштита од бучава.
„Ова може да предизвика воздушните перничиња да не се активираат или да не се активираат целосно, како и до тоа безбедносните појаси да не се затегнат пред судир“, објаснуваат од компанијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Пониски цени на бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42 % во однос на одлуката од 14.7.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,559%, кај дизелот за 0,837%, кај екстра лесното масло за 0,048% и кај мазутот намалувањето е за 1,882%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,650%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,314 ден/кг и сега ќе изнесува 40,158 ден/кг.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.7.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Една година нема проблем со откуп и со висина на откупна цена на земјоделски производи

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Трајан Димковски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.
„СДС имаше неисплатени субвенции од 2021 година па навака. Кога дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, ги исплати сите заостанати субвенции и продолжи со редовна исплата.
За разлика од времето на СДС, сега субвенциите се исплаќаат редовно и завршуваат кај вистинските земјоделци.
Веќе една година нема проблем ниту со откупот ниту со висината на откупната цена, напротив, имаме досега највисоки откупни цени и за тутунот и за грозјето и за пченицата и за раноградинарските култури.
Пченицата се откупува сега за 12 денари, а министерството ќе покрие и други трошоци на земјоделците.
Откупните цени на винското грозје за 2025 година, поконкретно за Вранец се 21.3 денари, а за Смедеревка 18.9 денари.
МЗШВ нема скратено средства за земјоделците. Тоа е одлика на СДС, кога не им ги исплаќаа субвенциите и ги оставаа со празни раце, па си делеа тендери и фотелји меѓу нив.
Земјоделците јасно го имаа искажано револтот кон СДС, а го искажаа и сите останати граѓани“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
(Видео) Мицевски: Обезбедени се средства од двата повици на Владата за Крива Паланка, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите општини и сите граѓани

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска од Крива Паланка изјави дека преку двата повици на Владата, за општината се обезбедени вкупно 3,3 милиони евра. Тој истакна дека токму тоа е доказ дека новата влада се грижи подеднакво за сите општини и сите граѓани.
„Во последната година, со централна власт од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, обезбедени се 800 илјади евра од првиот повик за општините и уште 2,5 милиони евра од вториот повик – само за Крива Паланка“, рече Мицевски.
Тој ја критикуваше актуелната локална самоуправа, посочувајќи дека во изминатите три години биле реализирани капитални инвестиции од само 3 милиони евра, што, според него, е резултат на „безидејноста“ на градоначалникот.
„Денеска разговараме со граѓаните за сите проблеми, нереализирани проекти и лажни ветувања кои ги добиваа со години“, изјави Мицевски.
Во својата изјава тој потенцираше дека „Крива Паланка има потреба од промени“ и најави дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе понудат ново раководство кое ќе одговори на потребите на граѓаните.