Контакт

Економија

Трипуновски: Исплатата на субвенциите за тутун се обврска, а не милостина

Објавено пред

„Исплатата на субвенциите – пари кои што државата им ги должи на земјоделците, не е милостиња на Љупчо или Заев како што тоа сакаат да го прикажат, туку нивна обврска согласно закон.Исплатата на субвенциите доцни веќе три недели. Наместо на време да почнеа со исплага сега прават гужви по банки, ја злоупотребуваат полицијата и прават драма, од нешто што требаше да помине како рутинска исплата“, вели Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на Љупчо Николовски во врска со исплатата на субвенциите за тутунот.

dobivaj vesti na viber

„Почитувани замислени величини. Субвенциите мора да ги исплатите, тоа е обврска и не се претставувајте како лажни хуманитарци. Тие земјоделци произведуваат и плаќаат данок за да имате вие пари да фрлате на тендери и партиски вработувања и најмалку што заслужиле е да им се исплати тоа што е нивно.Исплатата сега не ве аболицира од одговорност за сите пропусти во изминативе три години. Тутунот оваа, како и во изминативе три години како сте на власт им се откупува под цена, и се врши нереална проценка, вештачки се обезвреднува тутунот на земјоделецот.

Дополнително, оваа исто како и во изминативе три години големи количини на тутун останаа неоткупени.Тутунарите не се мали деца за да ви поверуваат на лагите. Попусто се трудите да манипулирате. Тутунарите и земјоделците во целост не се задоволни од вашите политики и чекаат да си заминете“, вели Трипуновски.

Економија

„Бехтел и Енка“ на средба со градежната индустрија за коридорите

Објавено пред

На 29 април 2025 година, во кампот на Бехтел ЕНКА во Гостивар, се одржа значајна средба помеѓу менаџментот на компанијата и домашните компании членки на Здружението на градежнишво при Стопанската комора на Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Овој настан, организиран во рамки на соработката помеѓу Бехтел ЕНКА и Стопанската комора, имаше за цел да ја продлабочи соработката и да овозможи поголема вклученост на домашните градежни компании во реализацијата на Коридорите 8 и 10д – два од најзначајните инфраструктурни проекти во земјата и поширокиот регион.

Џош Бејкер, проектен менаџер во Бехтел ЕНКА, изрази благодарност за конструктивната соработка со Комората и за силниот интерес од домашните компании. Тој истакна дека моментално околу 60% од снабдувачите на проектот се локални, како и повеќе од 90% од подизведувачите, со цел дополнително да се зголеми ова учество.

„Со нетрпение очекуваме да изградиме длабоки и соработувачки партнерства со талентирани домашни компании и да работиме заедно за постигнување на највисоки стандарди за безбедност и квалитет,“ изјави Бејкер.

Тој додаде дека и покрај почетните доцнења поради експропријација, градежните активности на делниците Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола напредуваат стабилно, а делницата Тетово–Гостивар е во фаза на засилено активирање.

„Повеќе од 35 години, Бехтел ЕНКА успешно реализира автопатски проекти низ Балканот, благодарение на силната соработка меѓу нашите директно вработени тимови и подизведувачите, од кои поголемиот дел се од локалниот пазар во кој работиме. Овој модел на партнерство – изграден врз тимска работа, взаемно учење и заедничка посветеност – е клучот за нашиот успех. И на нашиот тековен проект го продолжуваме овој пристап, и веќе гледаме ветувачки резултати во областите каде што сме вклучиле подизведувачи. Во Бехтел ЕНКА, ние не ги доделуваме обврските и потоа се повлекуваме; работиме рамо до рамо со нашите подизведувачи за да обезбедиме безбедност, квалитет и навремена испорака. Ова обединето залагање е суштинско за постигнување на највисоките стандарди низ целиот проект“, истакна Џанберк Атила, заменик раководител на проект – менаџер за изградба и терен.

Крис Хинспетер, бизнис менаџер на проектот, додаде дека Бехтел ЕНКА е посветена на транспарентност во процесите за набавка и подизведување. „Сакаме овој процес да биде отворен и достапен. Колку повеќе локални компании се приклучат, толку посилен ќе биде проектот,“ изјави тој.

Техничките менаџери Озкан Доган (подизведување), Хакан Билај (земјени работи), Фатих Курт (структури) и Чаглар Кандемир (карпи и постројки) ги презентираа процедурите и можностите за регистрација и квалификација на домашните компании, охрабрувајќи ги активно да аплицираат за наредните можности.

Д-р Јелисавета Георгиева Јовевска одговорна во Комората за инфраструктура и економски развој ја истакна подготвеноста и капацитетот на македонските компании во вклучување на овие значајни инфраструктурни проекти: „Нашите компании имаат децении искуство, и дома и во странство. Веруваме во заеднички настап – обединување на домашната експертиза со меѓународни стандарди.“

Стопанската комора на Северна Македонија ја потврди својата поддршка за своите членки и ги повика сите заинтересирани компании да ги контактираат за помош и ресурси поврзани со ангажманот на проектот.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Добив одлична вест во авион – растот на индустриското производство за март е 5,2 отсто

Објавено пред

Од

На пат од Валенсија кон Скопје, добив одлична вест во авион: раст на индустриското производство за март од 5,2% на годишно ниво, споредено со март 2024 година и после долго време раст на индустриското прозводство на квартално ниво, објави премиерот, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Имено, во првиот квартал од 2025 споредено со првиот квартал од 2024 година, индустриското производство порасна за 2%. Посебно радува фактот што расте преработувачката индустрија во Март за 4,8%, а во првиот квартал за 3,6%. Што наследивме како влада? Во вториот квартал од 2024 година, индустриското производство паѓаше со -7%, а индустријата беше во тешка рецесија. Следеа два квартали на стабилизација и конечно имаме во првиот квартал од 2025 година раст на индустриското производство, во исклучително сложени услови за Европската економија и автомобилската индустрија“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Според него, ова се солидни индикатори и инспирација Владата да продолжи со дисциплинирани и развојни економски политики.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Битиќи: Македонија на дното во регионот по економски раст и според Светската банка

Објавено пред

Од

Светската банка ја ревидираше својата проекција за растот на македонската економија за 2025 година од 3,0% на 2,6%. Надолната ревизија продолжува и за 2026 година, со очекуван раст на БДП од 2,7%, наместо претходно проектираните 3,2%. Станува збор за сигнал кој произлегува од реалните економски текови, не од желби и политички маркетинг. Светската банка не се занимава со реторика, туку со економска логика според која и во 2027 година се очекува раст од 2,8% – и тоа треба да го земеме сериозно, изјави Фатмир Битиќи од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Ако ја погледнеме и регионалната перспектива, додаде тој, Северна Македонија се соочува со уште еден неповолен факт – нашата земја има најниска проекција за раст во регионот на Западен Балкан за 2025 година и под регионалниот просек од 3,2%.

„Истовремено Светска Банка забележува дека земјата се соочува со проширен фискален дефицит, слабеење на трговската позиција, номинално забавување на инфлацијата, но притоа идентификувајќи домашни ценовни притисоци кои сигнализираат дополнителни ризици за стабилноста на куповната моќ. Сето ова упатува дека просторот кој Светска Банка го детектира за брзо економско закрепнување е многу потесен отколку што се претставува во јавноста од страна на Владата“, вели Битиќи.

Според него, со оваа надолна ревизија на проекциите, Светската банка укажува дека македонската економија во моментов не покажува динамика која би можела да поддржи стапка на раст над 3%. Во таков контекст, вели Битиќи, проекциите за 3,7% или дури 4% што ги слушаме од одредени владини претставници, се повеќе личат на претпоставки, отколку на факти произлезени од економска анализа.

„Најдобра потврда за тоа се тековните макроекономски индикатори. Индустриското производство, како чувствителен барометар на реалната економија, покажува длабоко нестабилна слика. Од септември до декември 2024 година бележеше континуиран пад, со минимален позитивен раст во јануари од 1,4%, за потоа повторно да се врати во негативна зона од -0,8% во февруари. Овие флуктуации упатуваат на отсутност на предвидливост и стимулативна економска политика“, рече Битиќи.

Истовремено, додаде тој, имаме нарушувања во ликвидноста кај компаниите – поради доцнење на повратот на ДДВ и на исплатата на договорните обврски од страна на државата – што дополнително ја згаснуваат економската активност.

Што се однесува до средства од унгарскиот кредит – 250 милиони евра за приватниот сектор и 250 милиони за општините, според Битиќи, сè уште не се рефлектираат во агрегатните податоци.

„Доколку тие беа ефективно инкорпорирани во економијата, се очекуваше барем иницијален сигнал за инвестициска активност. Но, таков сигнал не постои“, тврди Битиќи.

Дополнително, додаде тој, реализацијата на капиталните расходи на централно ниво изнесува само 13,55% до крајот на април, а кај општините просекот е околу 3%, со екстремни случаи и под 1%. Според него, под вакви услови, очекувањата за раст од над 3% на БДП се економски неосновани. Ниту една економија не може да генерира раст без продуктивни инвестиции – било да се јавни или приватни.

„Затоа, не станува збор за тоа дали бројките на Светската банка се точни. Станува збор за тоа дали сме подготвени да се соочиме со фактите. А фактите велат: тековната економска политика на Владата не создава простор за здрав и одржлив раст на БДП над 3%. А од друга страна имаме владин модел во кој очекувањата се повисоки од капацитетите“, рече Битиќи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет18 минути

Украина: Подготвени сме денеска да потпишеме клучен договор со Америка

Украина е подготвена да потпише договор за минералите со САД и тоа би можело да го направи подоцна денеска, изјави...

Македонија3 часа

ССМ утре на протест со истото барање како и лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата

Исто како и на ланскиот првомајски протест, и оваа година Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повика работниците и...

Македонија3 часа

Незаконски и неуставно е одобрението за отворање на приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд денеска ја укина одлуката за давање одобрение за основање на приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во село...

Македонија4 часа

(Фото) Злато, сребро, лаптопи, велосипеди и друга стока запленети од Царинската управа при откриени обиди за шверцување

Царински службеници на граничен премин Богородица спречија обид за криумчарење на сребрен накит во вредност од 430.880 денари. Сребрениот накит...

Македонија4 часа

Димитровска: Осомничениот ми е семеен пријател, разговорите не се поврзани со „Адитив“

Петседателката на Комисијата за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, вели дека еден од осомничените од случајот „Адитив“, во кој и...

Топ7 часа

50-годишник од Охрид повеќепати силувал малолетничка, која се породила во март годинава

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50-годишниот С.Т. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување...

Економија7 часа

Вонреден состанок на Божиновска и Бислимовски: МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа...

Македонија7 часа

„Дали криминалот во „Глобал“ тежок 8 милиони евра, за кој Заев беше амнестиран, е дело на кое Филипче се воодушевува и од кое народот треба да учи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Владеењето на Зоран Заев, како на локално, така и на централно ниво беше проследено со криминални и корупциски скандали. Во...

Македонија7 часа

СДСМ: Мерките на Владата за намалување на цените беа неуспешни, граѓаните плаќаат највисоки цени во регионот

„Економската криза сè повеќе го погодува џебот на граѓаните, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да...

Македонија7 часа

„Влен“: По 22 години измама, носиме канализација во Зајас на Али Ахмети

„Кичево, градот што беше заборавен од минатите влади повеќе од две децении, денес се враќа на мапата на сериозни инвестиции...

Свет9 часа

(Видео) Кина објави драматична снимка со порака до САД: „Нема да потклекнеме“

Министерството за надворешни работи на Кина објави драматично видео на социјалните мрежи како директен одговор на политиките на американскиот претседател...

Свет11 часа

(Видео) Трамп: Златната доба на Америка доаѓа; УПС: Ќе поделиме 20.000 откази поради царините

Американскиот логистички гигант УПС вчера објави отпуштање на околу 20.000 работници и затворање на повеќе од 70 објекти низ САД,...

Европа19 часа

Човек на Трамп: Предлогот на Путин е апсурден

Кит Келог, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир...

Македонија20 часа

Партиите од ВЛЕН отсега ќе делуваат како еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН известува дека „денес е направен првиот чекор кон целосно политичко обединување, со заедничка визија и обединета структура, како...

Македонија21 час

(Видео) Запален домот на Александар Пандов: Нема да не запрат и нема да не поколебаат

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. „Ова е...

Македонија22 часа

Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка

„Интерпелацијата за министерот Панче Тошковски не доби поддршка. Очекувано од неколку причини“, напиша Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. „Потребна е...

Македонија23 часа

(Видео) Петровска: Тошковски ја контаминираше истрагата за Кочани

„Трагедијата во Кочани точно е дека е резултат на системски пропусти, ама системот, колеги, има име и презиме или имиња...

Македонија24 часа

(Видео) Меџити: И покрај нашите понуди тие одлучија да бидат заедно со ДУИ и со Ахмети, Таравари има пофалби за владеењето на ДУИ, а избега од тоа владеење

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на прес-конференција извести дека вечерва...

Македонија1 ден

Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски дека не му веруваат и прашаа зошто обвинетите кои се во домашен притвор шетаат по улици

Родителите на загинатите во Кочани успеаја да го извадат надвор министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски откога јавно му порачаа...

Македонија1 ден

Родителите на загинатите се пред МВР: И без душа и без дете, ние пеш дојдовме, сега нека излезе Тошковски место ние да влеземе

Родителите и роднините на загинатите во Кочани стигнаа пред Министерството за внатрешни работи. Решија да дојдат пред Министерството откога министерот...