Економија
Финансиска помош и за занаетчиите и вршителите на самостојни дејности

Владата денеска ја донесе уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица што вршат самостојна дејност, а кои се погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот. Ним ќе им биде исплатена финансиска помош за април и мај 2020 година.
„Оваа уредба е за нашите сограѓани занаетчии и вршители на самостојни дејности, кои исто така ги чувствуваат последиците“, рече премиерот Оливер Спасовски.
Финансиската поддршка на физичко лице што врши самостојна дејност опфатени со оваа уредба ќе се спроведува преку владината програма за финансиска поддршка со исплата на финансиски средства на трансакциска сметка преку која физичкото лице е барател на финансиска поддршка за исплата на финансиска поддршка за април и мај 2020 година.
Финансиската поддршка е исплата на финансиски средства за април и мај 2020 година во износ најмногу до 14.500 денари месечно.
И за оваа мерка сите услови за стекнување право на користење на поволностите ќе бидат објавени во уредбата што ќе се публикува во „Службен весник“ и на веб-страницата на Владата.
Спасовски најави дека за сите наредни уредби за другите економски мерки ќе известува одделно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Трипуновски: Имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи според податоците на ДЗС

Државниот завод за статистика изминативе денови излезе со податоци, со споредба на првиот квартал од 2024 година и со првиот квартал од 2025 година.
„Бројките говорат дека имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од општина Босилово.
„Во градинарскиот сектор зголемувањето е до 50% во споредба со првиот квартал од 2024 година. Тоа значи дека навистина како Влада, како Министерство се движиме во вистинска насока, да го зголемуваме производството и девизниот прилив во државата“, појасни министерот.
Министерот посочи дека и во другите сектори има зголемување во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи.
„Тоа е еден добар параметар, добар показател дека навистина она што го работиме изминативе 10-11 месеци како Влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски дава позитивни резултати“, истакна министерот Трипуновски.
Економија
Трипуновски: За откупот на пролетната зелка имаме девизен прилив од околу 32 милиони евра

Во изминатиот период, изминативе месеци посветивме сериозно внимание, на иста маса разговаравме со откупувачите и земјоделците за пласманот на зелката од оваа реколта и постигнавме одличен резултат, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски одговарајќи на новинарско прашање за пласманот на зелката.
„Одличниот резултат го постигнавме поради тоа што заеднички покажавме дека кога ќе се постигне договор и истиот ќе се почитува, македонскиот земјоделец може да добие вистинска цена како што доликува“, појасни министерот.
Трипуновски посочи дека досега согласно податоците со кои што располага Министерството, девизен прилив кај македонските градинари од овој регион кои што произведуваат пролетна зелка се движи некаде околу 32 милиони евра.
„Ова е уште еден показател дека македонските земјоделци ќе ја добијат вистинската грижа“, истакна министерот.
Економија
Трипуновски: Со откупувачите на младиот компир се постигна договор во корист на земјоделците

„Денеска сум во општина Босилово, каде што имаше тематски состанок, разговаравме за откупот на земјоделски производи, младиот компир од реколта 2025 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„На состанокот заедно со откупувачите на оваа култура, како Министерство, како вистински медијатор седнавме и разговаравме за продолжување на откупот на компирот од оваа реколта“, појасни министерот.
Трипуновски додаде дека резултатот кој што денеска е постигнат е на задоволство на земјоделците.
„Она што сакам да го потенцирам е дека продолжуваме да се грижиме и да го цениме трудот на македонскиот земјоделец, за да работи со профит, со рентабилност. Затоа што може само така да ја вратиме довербата према институциите и да го зголемуваме земјоделското производство“, истакна министерот.
Тој посочи дека министерството и Владата посветено се грижат за земјоделците и работат во нивна корист се со цел да се зголеми земјоделското производство во Македонија.