Економија
ФИТР анализа: Домашните компании подготвени за инвестиции за излез од кризата
Во периодот од 24 јули до 19 август, ФИТР спроведе анкета – прашалник, на кој одговориле 256 домашни компании.
Од нив во најголем дел се микро 57% (145) и мали 31% (79), но свој придонес дале и 10% (26) средни и 2% (6) големи претпријатија. Тие направија евалуација во повеќе категории поврзани со висината на финансиската поддршка, проценките на ризик од инвестици, процесот на аплицирање, техничката помош, достапноста и критериумите.
Анализата од анкетата која ја спроведе ФИТР по првиот циклус од инструментот за финансиска поддршка за технолошки развој, кој е наменет за надминување на последиците од Ковид-19, ги даде следниве индикатори:
Домашните компании се подготвени да започнат со инвестииции во време на актуелната криза, бидејќи вакво прилагодување им е неопходно за опоравување и понатамошно функционирање. Над 50% од компаниите сметаат дека моментот за вложување е соодветен, додека само за 13% е се уште рано да се влезе во нов инвестициски циклус.
Во однос на износот на финансиска поддршка, 40% од вкупниот број компании сметаат дека е доволна за инвестиции во фазата на опоравување што е особено изразено кај средните (73%) и малите претпријатија (68%), како и дека процентот на ко-финансирање е соодветен 58%. 29% пак сметаат дека треба да се зголеми. Според сегашните услови, со овој инструмент финансиската поддршка е структурирана по големина на компанијата и тоа до 750.000 илјади денари за микро, 1.5 милиони денари за мали и до 3 милиони денари за компании со средна големина и не може да надмине 70% од вкупниот буџет на инвестицијата. Останатите 30% се средства кои ги обезбедуваат самите компании.
Анкетата покажа еден интересен податок дека високи 74% компаниите кои учествуваа во анкетата, не користат друг вид на државна помош, а само 26% користат и тоа во најголем дел субвенции за минимална плата, 69%, 16% користат бескаматен кредит, а само 9% односно 5 компании се корисници на средства на ФИТР.
Голем дел, односно 44% сметаат дека процесот на аплицирање е јасен и едноставен, додека само 8% се соочиле со суштински проблеми при пополнување на формуларот. За 40% од компаниите критериумите за евалуација се соодветни, додека 25% сметаат дека со нив се фаворизитаат одредени индустрии. Тие меѓу другото предлагаат и поширок опсег на активности кои се финансираат како и фокус на компаии чии проекти ја подобруваат животната средина. 16% пак не веруваат во објективноста на доделување на поддршката.
На прашањето како го оценуваат новововедениот механизам за поврат на средствата компаниите имаат различни ставови и тоа: 19% сметаат дека овој механизам е добар, но дека процентот на поврат треба да се намали, додека поголемиот дел од 29% сметаат дека основот за поврат на средствата треба да биде пресметан од приходите остварени од проектот, а не пресметан на база на остварени приходи на ниво на претпријатие.
За потсетување, со овој механизам средствата се доделуваат со поврат од 15% од бруто добивката остварена во првите три години по завршување на проектот
Самиот прашалник на анкетираните правни субјекти им остави можност за нивни идеи и предлози, а како најзначаен се издвои предлогот за подобрување на овој процес каде дел од компаниите предложија ФИТР сам да ја обезбедува документацијата од државните институции како и онлајн обуки и туторијали за аплицирање.
Резултатите од оваа анализа и препораките на домашните компании се можност за нивен директен придонес во креирањето на условите за вториот циклус што Фондот планира да го реализира веднаш по завршување на тековниот. Тие ќе бидат вклучени во инструментот за поддршка за економско заздравување, кој во моментов е во фаза на адаптација.
Инаку за реализација на втор и следни циклуси на јавни повици за економско заздравување Фондот иницира дополнителни средства од Владата, над веќе обезбедените 200 милиони денари, од кои поголем дел ќе бидат искористени уште со првиот циклус.
Програмата за економско заздравување е дел од третиот пакет економски мерки на Владата и е наменет за поддршка на микро, мали и средни компании кои имаат потврден потенцијал за успешно работење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

