Економија
ФИТР со Светска банка креираше инструмент за економско заздравување за пост-кризната фаза
Фондот за иновации и технолошки развој достави до Владата нова мерка за Технолошки развој за брзо прилагодување на КОВИД окружување. Наменет е за економско заздравување на домашните компании во пост-кризната фаза, нивно брзо прилагодување кон новонастанатите пазарни услови и брз развој.
Новата мерка е подготвена во консултации со повеќе стопански комори и бизнис асоцијации во земјата, а обезбедена е првична согласност и од Светската Банка, како клучен финансиски партнер на Фондот.
„Фокусот на мерката е брза реорганизација и воведување на дигитални системи и алатки со цел прилагодување кон новите услови на функционирање, подобрување на организационата структура, реорганизација на работните процеси со цел зголемена продуктивност, прифаќање и воведување на насоки за заштита на вработените и клиентите поврзани со КОВИД кризата, како и воведување на нови производи или услуги за кои постои зголемена побарувачка во новонастанатите пазарни услови“, велат од ФИТР.
Предвидени се и скратени рокови за аплицирање, пократко времетраење на проектите – најмногу до шест месеци, како и соодветно прилагодени износи за ко-финансирање.
Иницијалниот вкупен буџет за овој инструмент е 200 милиони денари. Со оваа мерка, во првично одобрениот износ се очекува да се опфатат помеѓу 180 – 200 домашни компании. Финансиската поддршка е прилагодена кон големината на компаниите, па така микро претпријатијата би можеле да добијат најмногу до 750.000 денари, малите претпријатија до 1.500.000 денари, а за максималниот износ до 3.000.000 денари може да аплицираат претпријатијата со средна големина. Компаниите се обврзани да обезбедат најмалку 30% сопствени средства за учество во инвестициите.
Со оваа мерка, Фондот воведува иновативен механизам на финансирање, преку кој се доделуваат средства со поврат од 15% од бруто добивката остварена во првите три години по завршување на проектот. Домашните компании немаат обврска да обезбедат гаранции за добивање на финансиска поддршка. Користењето на средствата од Фондот, како и досега, ќе биде предмет на мониторинг од страна на реномирани странски ревизорски куќи, ангажирани од страна на Фондот.
По завршување на владините процедури, ќе следи јавен повик за доделување на финансиска поддршка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

