Економија
Фолксваген го претстави новиот „туарег“
Со конективност од новата ера и пионерска фузија на системи за асистирање, удобност, осветлување и инфозабавни системи, новиот „туарег“ (Volkswagen Touareg) е подготвен за пат кон иднината. Најголемите пазари за третата генерација на „туарег“ се Кина, Европа и Русија, а светската продажба на претходните две генерации изнесува речиси еден милион единици.

Премиера на Innovision Cockpit – „Фолксваген“ за првпат во новиот „туарег“ го претставува целосно дигитализираниот Innovision Cockpit. Овде дигиталните инструменти (дигитален кокпит со 12-инчен дисплеј) и врвниот инфозабавен систем Discover Premium (со 15-инчен дисплеј) се спојуваат за да формираат дигитална оперативна, информативна, комуникациска и забавна единица која едвај има потреба од конвенционални копчиња или прекинувачи. Нудејќи интуитивна контрола и максимална персонализација, со Inovision Cockpit, „туарег“ денес нуди футуристичкиот дигитален ентериер.

Фокус кон луѓето – Возачите го користат Inovision Cockpit за да ги прилагодат системите за помош, ракување и комфор кон нивните индивидуални желби и потреби, со што автомобилот станува личен „туарег“. Ова отвора свет во кој возачот и патниците повеќе не мора да се прилагодуваат на автомобилот, туку автомобилот се прилагодува кон нив. Како нов паметен телефон, „туарег“ е поставен и подесен на лични потреби. Ова е овозможено со нови високософистицирани поврзани системи и програми – контролирани преку дигиталниот интерфејс и мултифункционалениот волан.

Фузија на нови системи за помош, ракување и комфор – „Туарег“ започнува со најголемиот спектар на системи за помош, ракување и удобност, некогаш интегрирани во автомобил на „Фолксваген“. Системот за помош при ноќно возење Night vision кој детектира луѓе и животни во темнина преку термичката камера и системот за помош при вкрстен сообраќај со активно управување со сите тркала, претставуваат само дел од технологијата интегрирана во ова возило.

Нови димензии и намалена тежина – Во споредба со својот претходник, третата генерација на „туарег“ е умерено поширока и подолга. Новите димензии имаат позитивни ефекти врз пропорциите на возилото и во неговата внатрешност. Додадената надворешна должина води, на пример, до значително зголемување на капацитетот на багажот, од 697 до 810 литри. И покрај зголемената должина и ширина, новиот „туарег“ е за 106 килограми полесен, поради својата мешана материјална конструкција од алуминиум (48 проценти) и високотехнолошки челици (52 проценти).
На стартот V6 мотори, подоцна достапен и како plug-in хибрид – Во Европа, „Фолксваген“ првично ќе понуди два дизел-мотора V6 за новиот „туарег“ 2018 со излези од 170 kW / 231 КС и 210 kW / 286 КС. На голем број пазари, ова ќе биде проследено со бензински мотор V6 (250 kW / 340 КС) и турбодизел V8 (310 kW / 421 КС). Подготвен е и нов plug-in хибриден погон (270 kW / 367 КС) кој ќе биде достапен подоцна во годината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Microbalkans 2025: Никола Јошевски за усогласувањето на правните рамки со директивите на ЕУ
Никола Јошевски, генерален менаџер и сопственик на Mint Fintech Group и претседател на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија, учествуваше на престижната регионална конференција Microbalkans 2025, што се одржа во Дубровник, Хрватска, од 5 до 7 ноември 2025 година.
Како панелист на високопрофилната дискусија „Усогласување на правните рамки со директивите на ЕУ“, Јошевски се приклучи на водечки европски партнери и институции кои активно придонесуваат за развојот на социјалните финансии во регионот на Западен Балкан.

Панелот се фокусираше на регулаторната хармонизација, финансиската инклузија, платните системи и усогласувањето со процесот на пристапување кон ЕУ, со посебен акцент на улогата на микрофинансиските институции и финтек решенијата во одржливиот развој и регионалната соработка.
Во своето обраќање, Јошевски ја нагласи потребата од создавање на стабилен и интегриран финансиски систем што ги надминува класичните регулаторни рамки, посочувајќи:
„Главниот предизвик не е само во пренесувањето на директивите на ЕУ во националното законодавство, туку во создавањето на целосен екосистем – таков што нè прави конкурентни, инклузивни и силни дома.“
Панелот поттикна значајна дискусија за иднината на финансиската регулатива во регионот и улогата на микрофинансиските институции во зајакнување на финансиската стабилност, транспарентност и дигитална трансформација.

Конференцијата Microbalkans 2025, поддржана во рамките на соработката со Европската унија, го обедини врвот на експертизата од Европа и Западен Балкан, создавајќи дијалог за унапредување на социјалните финансии, микрокредитирањето и финтек иновациите.
Присуството на Mint Fintech Group на овој настан уште еднаш ја потврди посветеноста на компанијата кон модернизација на финансискиот сектор во Македонија, создавање инклузивна економија и промовирање европски вредности во финансиските услуги.
Со своето учество, Јошевски ја зацврсти позицијата на Македонија како активен партнер во градењето на современ, конкурентен и одржлив финансиски екосистем, кој ја поврзува регионалната соработка со европските стандарди и отвора нови можности за раст и развој.
(ПР)
Економија
СДСМ: Инфлацијата зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта
Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%, велат од СДСМ.
„Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат. Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната и основните производи растат, сметките се повисоки, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите. Платите и пензиите заостануваат далеку зад растот на цените, граѓаните секојдневно плаќаат повисоки цени за леб, млеко, масло, лекови, за сметки а платите не мрдааат. За само година и половина ДПМНЕ донесе економска стагнација, раст на инфлацијата и пад на животниот стандард“, се наведува во соопштението.
Економија
Електродистрибуција го имплементира најновиот систем SIEMENS SCADA за дигитално управување со мрежа – Скопје
Во финална фаза на имплементација е најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со среднонапонска и високонапонска мрежа, со што значително ќе се унапреди дигиталната трансформација и системите за далечинско управување и мониторинг, соопштија од компанијата.
Со помош на најновиот SCADA систем, како што е појаснето, ќе се оствари меѓусебно поврзување на диспечерските центри на ЕВН и МЕПСО со цел поквалитетно водење на целата електроенергетска мрежа во државата.
„Со инвестиција од еден милион евра, најсовремениот SCADA систем овозможува повисоко ниво на автоматизација, сигурност и оперативна контрола, што претставува клучен предуслов за ефикасна енергетска транзиција и поголема диверзификација на изворите на електрична енергија во земјата. Системот има особено значење во периоди кога сѐ поголем број фотонапонски централи се приклучуваат на дистрибутивната мрежа. Досега се регистрирани 2.963 нови приклучоци од обновливи извори, со вкупна инсталирана моќност од 860 MW, што во одредени ситуации може да претставува предизвик за стабилноста на енергетскиот систем. Со ваквите инвестиции во дигитализација на клучните процеси, Електродистрибуција обезбедува поквалитетни, доверливи и поефикасни услуги за своите корисници и ја зацврстува сигурноста и ефикасноста на мрежата, потврдувајќи ја својата заложба за модерна, транспарентна и дигитална енергетска инфраструктура“.

