Економија
Фондот за иновации избра софтверско решение, за проектот доделени околу 4,5 милиони денари
Иновативното решение на компанијата „Некстсенс ДОО“ е избрано како прворангирано на Јавниот повик за финансирање на проект за изработка на информациски систем за управување во областа на патничкиот и товарниот сообраќа, финансирано од Фонд за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за транспорт и врски.
Проектот ќе трае девет месеци, а износот на доделениот грант од страна на Фондот изнесува околу 4,5 милиони денари.
Одлуката ја донесе Комисијата за избор, составена од Иван Чорбев, претставник од ФИНКИ, Драган Јовев, претставник од Министерството за транспорт и врски, Никола Николов, претставник од Министерството за информатичко општетство и администрација, Александра Чавдаревска, претставник од МАСИТ и Тања Илијевска претставник од Фондот за иновации и технолошки развој.
„Проекот „ПристАпп Информациски систем за управување во областа на патничниот и товарниот сообраќај“ ќе овозможи стандардизација и дигитализација на секторите поврзани со превоз на стока и патници. Целта на новото софтверско решение е да обезбеди поефикасен и потранспарентен процес на издавање на различни видови на дозволи и документи за да се зголеми ефикасноста и работата на Министерството за транспорт и врски и да се понудат поквалитетни услуги во секторот транспорт. Новиот систем ги опфаќа сите фази од постапката од електронското аплицирање во патничкиот линиски превоз, како и транспортот на стока, предвидени со Законот за превоз во патничкиот сообраќај, управување на постапките за одобрување решенија, па сѐ до издавање на лиценците и дозволите“, образложи Фондот за иновации и додаде дека истовремено, со ова системско решение трошоците за изработка на новиот софтвер и негово одржување ќе се намалат за 52 проценти во однос на системот кој досега се применува.
Од Фондот велат дека овој систем исто така ќе овозможи интеграција, стандардизација на податоци и процеси и зголемена комуникација меѓу инволвираните страни со цел да се постигне високо ниво на соработка и размена на податоци со останати системи од други институции. Системот ќе биде дел од националната платформа на интероперабилност. Дополнително, додаваат, како дел од ова решение ќе се создаде и Централен регистар на транспортери со информации за сите типови на транспортни компании, според нивните податоци и дејноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

