Економија
„Форд“ открива ново искуство со линијата на електрични возила Go Electric
Напредната линија електрични возила на Форд ја означува новата граница за компанијата и за нејзините клиенти, објавија на специјалниот настан „Go Further” во Амстердам, Холандија.
Новиот ранг на модели, под знамето на Форд хибриди, се одликува со софистицирани средни, целосни и вклучени погонски склопови за да се подобри ефикасноста на горивото и искуството на возење за клиентите во Европа, притоа носејќи ги вредностите на брендот Форд, како што се довербата, достапноста и забавата да се вози со електрични возила.
Форд ја откри „Go Electric” новата Kuga plug-in хибрид варијанта на компанискиот нов СУВ, со средна големина. Ова е фордовиот најелектрифициран автомобил и прв Форд со полу-хибрид, целосен хибрид и plug-in хибрид погонска склопка.
Новиот Explorer Plug-in хибрид седмосед СУВ и новиот Tourneo модифициран plug-in хибрид со осум седишта ги направија своите први појавувања на глобално ниво – секој од нив нуди чисти електрични возни капацитети, покрај возниот ранг и слободата на традиционалниот мотор за внатрешно согорување.
Форд, исто така, ја откри новата Fiesta EcoBoost хибрид со софистицирани полу-хибридни модели за намалени CO2 емисии, оптимизирана ефикасност на гориво и пореспонсивно и наградувачко возачко искуство.
Како дополнување, Форд објави дека целосно новиот електричен Transit ќе се приклучи на линијата на електрични комерцијални возила во 2021 година. Дизајнирано е да испорача чист електричен погон. Новото комбе ќе придонесе до почисти, потивки градови и намалени трошоци за водење на бизнис и оператори.
“Визионерски, технолошки напредни и со користење на широк ранг електрифицирани решенија, да одговораат на различните потреби на различни клиенти, нашите нови Форд хибридни возила ќе ја направат електрификацијата релевантна и достапна за повеќе возачи од кога било порано”, вели Стјуарт Раули, претседател на Форд Европа. “Денес претставените модели се само почеток на нашите планови да развиеме разбирлива линија на паметни возила за паметен свет. Од Fiesta до Transit, секое ново возило ќе има електрична верзија кое најдобро им одговара на потребите и џебовите на клиентите ширум Европа”.
Форд хибридните возила кои веќе се понудени или потврдени за претставување во Европа:
• Mondeo хибрид со четири врати и караван – имаат сопствено полнење, целосен хибрид, бензински-електричен погонски склоп технологија која нуди примамлива алтернатива на дизелот. Mondeo хибрид караванот, денеска, беше претставен како нова СТ-линија варијанта.
• Transit EcoBlue хибрид и Transit Custom EcoBlue хибрид – користат полухибридна технологија да ги намалат редовните трошоци за корисниците на комбиња и за операторите.
• Tourneo Custom EcoBlue хибридот се одликува со полухибридна технологија која ја унапредува ефикасноста на горивото за осумседот или за деветоседот.
• Transit Custom Plug-In хибрид – опремен со напреден електричен погонски склоп кој го користи Фордовиот 1.0 литарски EcoBoost мотор како зголемувач на досегот. Возилото во моментов се тестира за подобро да се разберат придобивките за природата и клиентите во Лондон, Обединетото Кралство со понатамошни тестови кои наскоро ќе почнат во Валенсија, Шпанија и Келн, Германија.
Електричниот СУВ инспириран од Ford Mustang ќе пристигне во 2020 година, со целосен електричен досег на возење од 600 км (повеќе од 370 милји), користејќи ја Светската Хармонизирана Светлосна Тест Процедура за Возила (WLTP) и способноста за брзо полнење.
Единствениот од својот вид минибус, Форд Транзит Паметен Енергетски Концепт со 10 седишта и помага на компанијата да ги истражи решенијата за понатамошна оптимизација на енергетската ефективност и досегот на возење на електрични возила.
Форд е посветен да биде водач во овозможување избор на своите клиенти на возила со лесен достап за полнење, поддршка со зголемена поврзаност и поврзани услуги за мобилност.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Народна банка: Просечната стапка на инфлација за 2025 година изнесува 4,1%
Денеска се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и домашната економија, како и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.
Во согласност со тековните економски движења и оценетите ризици од надворешното и домашното окружување, Извршниот одбор одлучи да ја задржи основната каматна стапка на постојното ниво. Така, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 4%. Воедно, на аукцијата на благајнички записи, којашто ќе се одржи на 11 февруари, понудата ќе изнесува 54 милијарди денари, а понудата на наредните аукции ќе се утврдува согласно проектираната промена на ликвидносната позиција на банкарскиот систем на неделна основа.
„Задржувањето на внимателниот пристап при водењето на монетарната политика произлегува од потребата за стабилизирање на инфлацијата близу до долгорочниот просек, од динамичната кредитна активност, домашните политики коишто влијаат врз побарувачката, како и од присутните надворешни ризици поврзани со тековната неизвесност во светските трговски политики и геополитички тензии. Се очекува дека досегашните измени кај задолжителната резерва, кај макропрудентните мерки во делот на критериумите за квалитетот на кредитната побарувачка, како и одлуките поврзани со управувањето со системските ризици ќе обезбедат дополнителна поддршка за монетарната политика. Комбинираното дејство на овие мерки ќе придонесе за одржување на стабилноста на девизниот курс и за обезбедување на ценовната стабилност на среден рок, како и за ограничување на потенцијалните системски ризици“, соопштија од Народната банка.
Просечната стапка на инфлација за целата 2025 година изнесува 4,1%, под влијание на промените на цените кај базичната и кај прехранбената компонента.
Од Народната банка соопштија дека остварувањата кај инфлацијата се близу до октомвриската проекција, но таа и понатаму е над историскиот просек, поради што нејзиното одржливо стабилизирање и понатаму е во фокусот на монетарната политика.
„Најновите проекции за берзанските цени на примарните производи за наредниот период се ревидирани претежно во нагорна насока. Ризиците за идната динамика на инфлацијата и понатаму постојат, а се поврзани со променливото надворешно окружување, но и со домашните фактори што влијаат врз агрегатната побарувачка“, се наведува во соопштението.
На крајот на јануари 2026 година, нивото на девизните резерви изнесува 5.600,5 милиони евра и е повисоко во однос на крајот на 2025 година, што според сите меѓународни показатели за адекватноста на девизните резерви се оценува како соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, остварувањата на менувачкиот пазар во јануари упатуваат на нето-приливи од приватните трансфери коишто засега се малку пониски од очекувањата за првиот квартал. Податоците за надворешнотрговската размена во четвртиот квартал од 2025 година упатуваат на трговски дефицит којшто е малку повисок од очекувањата според октомвриската проекција.
Во третиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП забрза и изнесува 3,8% на годишна основа, што е малку над оцената во рамките на октомврискиот циклус проекции. Расположливите високофреквентни податоци за четвртиот квартал од 2025 година засега упатуваат на понатамошен раст на економската активност, којшто благо би забрзал според последните проекции. Светската неизвесност, особено поради трговските политики и геополитичките тензии, и натаму претставува најголемиот надворешен ризик за домашната економија. Во однос на домашното окружување, обемот и динамиката на остварување на домашните инфраструктурни проекти се едни од главните фактори за темпото на идниот економски раст.
Во однос на движењата во монетарниот сектор, првичните податоци за депозитите и кредитите на банките за јануари 2026 година упатуваат на натамошно јакнење на депозитната база на банките, но и на динамична кредитна активност, чиишто годишни стапки на раст засега се над очекувањата за првиот квартал од годината.
Општо земено, со одлуката донесена од Народната банка и натаму се задржува внимателниот пристап во водењето на монетарната политика, којшто е усогласен со најновите движења кај главните макроекономски показатели и проценетите надворешни и домашни ризици. Надворешните ризици и понатаму постојат, а внимателно се следат и домашните фактори коишто влијаат врз доходот и побарувачката. Народната банка е подготвена да ги користи сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната стабилност на среден рок.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР

