Економија
Шпаркасе Банка и СОС Детско село одбележаа 10 години успешна соработка
По повод јубилејни 10 години соработка, Шпаркасе Банка АД Скопје со свои претставници, заедно со бренд-амбасадорот, музичката легенда Влатко Стефановски, како и маскотите Медо Штедо и Медена, пристигна во СОС Детско село, со цел врачување парична донација за потребите на селото, и на тој начин пренесе порака за градење силни врски на доверба и поддршка.
Во периодот од 19.08.2022 до 30.09.2022, со секоја новоотворена депозитна партија, Банката донираше по 600 денари, при што на крајот беше собрана донација во вкупен износ од 184.485 денари.
Дополнително, преку индивидуални финансиски донации од вработените на Шпаркасе Банка, секој месец и вработените донираат за потребите на СОС Детско село и на тој начин ја пренесуваат силната порака за значењето на индивидуалната филантропија.

„Горди сме на долгогодишната соработка со СОС Детско село и среќни сме што ја остваривме оваа донација онаму каде што е најпотребна и во духот на поддршката и хуманоста, како банка демонстриравме колективна одговорност што ќе продолжи и во иднина, и која, се надеваме, ќе инспирира и други компании да придонесуваат во интерес на пошироката заедница“ – изјави Маја Палчевска, директор за развој на производи и маркетинг на Шпаркасе Банка АД Скопје.
„Во 2012 година се воспостави стратегиско партнерство помеѓу Шпаркасе Банка и СОС Детско село. Започнавме со многу љубов преку летен камп ‘Медо Штедо’ и секоја година заедно реализиравме иновативни проекти за обезбедување поддршка на програмите на СОС Детско село од страна на Шпаркасе Банка и воедно и вклучување на вработените во активности со децата. Посебно сме горди што 10 години Шпаркасе Банка е наш стратегиски партнер и што ова партнерството е пример за континуитет и стабилност што ни овозможува остварување на нашата мисија: Топол дом и љубов за секое дете“ – изјави Јулијана Накова Гапо, национален директор на СОС Детско село.

По запознавањето на претставниците на Банката со децата, присутните уживаа во краткиот акустичен концерт на музичкиот великан Влатко Стефановски, а потоа претставници од Банката и Медо Штедо и Медена ги едуцираа дечињата за улогата на банките, како и за штедењето и за тоа зошто е важно да се штеди. Потоа дечињата учествуваа во креативна работилница, во која изработија интересни новогодишни творби.
Шпаркасе Банка верува во поддршка кон заедницата, со цел подобрување на квалитетот на животот на децата без родители, згрижени во СОС Детското село. Истовремено, на овој начин Банката ја подига свеста за важноста на водење грижа за социјално ранливи категории, поттикнува индивидуална филантропија, како и градење култура на солидарност и поврзување. Само со делување во практика може да се зацврснат имиџот и улогата на општествено одговорна банка.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

