Економија
Шпаркасе банка со нови атрактивни услови за штедење
Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува со своите активности да носи различни привилегии за клиентите, следејќи ги пазарните промени, и со тоа и да креира атрактивни понуди што целосно одговараат на потребите на крајниот корисник.
Како синоним за стабилност и сигурно партнерство, кога станува збор за штедењето, Шпаркасе Банка ја продолжува промотивната понуда за Депозит Плус со нови, повисоки каматни стапки, фиксни за целиот период на орочување, во периодот од 1.4.2023 до 30.6.2023 година. Па, така, средствата со Депозит Плус во денари можат да се орочат на 13 и на 24 месеци, со што при орочување на 13 месеци каматната стапка изнесува 2,9%, додека при орочување на 24 месеци каматната стапка изнесува 3,5%. Депонентите, пак, кои ќе се одлучат за депозити во евра на 12 месеци добиваат каматна стапка од 1,9%, додека за 25 месеци каматна стапка од 2,5%.
Депозит Плус е орочен депозит со фиксна каматна стапка за целиот период на орочување, креиран за оние што се заинтересирани да штедат и кои сакаат да направат добар план за заштеда на подолг период во стабилна финансиска институција.
Сите информации може да ги погледнете на веб-страницата на Шпаркасе Банка, за Депозит Плус во денари прочитајте на следниот линк https://bit.ly/3onWF2H , а за Депозит Плус во евра на следниот линк https://bit.ly/43Fl2Jm .
Или, пак, можете да се јавите на Контакт центарот на 02/15050 достапен во секое време.
Денес штедењето претставува предизвик за клиентите и истовремено многу корисна навика со која ја обезбедуваме нашата и иднината на нашите деца. Токму затоа изберете партнер од доверба каков што е Шпаркасе Банка – дел од најсилната банкарска групација во Југоисточна Европа, која бележи близу 200 години традиција во штедење. Со овој промотивен депозит и со сигурен и стабилен партнер за штедење каков што е Шпаркасе Банка, секогаш добивате нешто плус.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

