Економија
Јавниот долг понизок за 3,8 процентни поени во третиот во однос на вториот квартал
Јавниот долг заклучно со третиот квартал падна под 60 проценти од БДП, определено со мастришкиот критериум на Европската Унија, позиционирајќи се на ниво од 59,3 отсто од БДП. Ова ја покажува добро поставената фискална политика и доброто управување со јавните финансии и во време на пандемија, информираа од Министерството за финансии.
Јавниот долг забележа намалување од 3,8 процентни поени во однос на вториот квартал од 2021 година, односно од 63,1 отсто колку што изнесува заклучно со вториот квартал.
Согласно денеска објавените податоци на Министерството за финансии, јавниот долг изнесува 6,950.7 милиони евра, додека на 30.6.2021 изнесувал 7,386.8 милиони евра.
Намалувањето на долгот се должи пред сè на исплатата на Еврообврзницата издадена во 2014 година, во износ од 500 милиони евра. Значајно е дека и покрај рецесијата, Владата успешно настапи на глобалните пазари на капитал и средствата за оваа Еврообврзница беа обезбедени со издавање нова Еврообврзница во март 2021 година со историски најниска каматна стапка од 1,625 отсто.
Министерството за финансии цврсто стои на својата заложба за стабилизирање на долгот и негово позиционирање на ниво до 60 проценти од БДП што е во рамки на Мастришкиот критериум.
На среден рок, односно до 2026 година, проекциите во Стратегијата за управување со јавниот долг се дека тој ќе се стабилизира и ќе се намали на 57,7%, додека државниот долг ќе се сведе на 50,7%.
Тоа ќе се реализира преку Планот за фискална одржливост со кој се обезбедува постепено стеснување на вкупниот буџетски дефицит од 4,9 % во 2021 година на 2,2 % во 2026 година, а преку подобрување на наплатата на буџетските приходи, намалување и реструктуирање на буџетските расходи и промени во изворите на финансирање на буџетскиот дефицит. Сето ова е насочено кон забрзан економски раст, кој, пак, согласно донесениот План за забрзан економски раст во наредните пет години треба да придонесе за двојно зголемување на стапката на БДП во однос на просекот во изминатите 10 години и од 2,5 % просечно годишно да имаме стапки на раст на БДП над 5 проценти до 2026 година, како и инвестиции кои се проценуваат на 12 милијарди евра. Важно е дека од предвидените 4 милијарди се инвестиции од јавниот сектор, а тие ќе генерираат дополнителни 8 милијарди евра приватен капитал. Концептот е така воспоставен што не генерира дополнително задолжување и даночни оптоварување на граѓаните.
Кризата предизвикана од Ковид-19 и справување со последиците наметна потреба од обезбедување дополнителни средства за мерки во здравствениот сектор и поддршка на економијата и граѓаните, што влијаеше на зголемување на долгот во речиси сите земји, вклучително и во нашата. Но исправните политики и навремените мерки кои изнесуваат над 1 милијарда евра, покажаа дека земјата се справува со кризата, а притоа обезбедува и фискална консолидација. Јавниот долг на крајот на 2020 година изнесуваше 60,2 проценти, во првиот квартал 2021 изнесува 61,2 отсто, во вториот квартал 63,1 проценти и сега на крајот на третиот квартал се спушти на 59,3 отсто.
Податоците за нивото на јавниот долг Министерството за финансии транспарентно ги објавува на својата веб-страница на квартално ниво. Воедно во рамки на фискалниот бројач Министерството за финансии објавува месечни податоци за висината на државниот долг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

