Економија
„Јунајтед груп“ именува нови извршни директори на компаниите „Виваком“ и „Нова“ во Бугарија
„Јунајтед груп“, водечката телекомуникациска и медиумска компанија во Југоисточна Европа, денеска објави дека го именувала Николај Андреев за извршен директор на „Виваком, водечкиот оператор во Бугарија.
„Јунајтед груп“, исто така, објави дека Дирк Геркенс, директор за програма, продукција и рекламирање во „Јунајтед медиа“, е назначен за извршен директор на „Нова бродкастинг груп“, најголемата бугарска медиумска компанија.
Андреев од 1 декември ќе ја преземе функцијата од досегашниот директор на „Виваком“, Атанас Добрев, кој во август најави оставка, додека на неговото место на извршен директор на Нова ќе дојде Дирк Геркенс, поранешен генерален директор на RTL Club и TV2 во Унгарија.
„Среќни сме што денеска назначивме двајца искусни директори во Бугарија. Николај е исклучителен професионалец кој ги има докажано своите квалитети во неколку индустрии, вклучувајќи го и развојот на Нова во успешна компанија каква што е денес. Како телевизиски директор со над 25 години искуство, Дирк е високо ценет низ цела Европа“, рече извршниот директор на „Јунајтед груп“, Викторија Боклаг.
Боклаг додаде дека е убедена дека под нивно водство „Виваком“ и „Нова бродкастинг груп“ ќе го продолжат успешниот бизнис од претходните години. „Бугарскиот пазар и нашиот бизнис во таа земја се многу важни за ‘Јунајтед груп’. Сигурна сум во понатамошниот успех на ‘Виваком’ и на компанијата’ Нова’“, заклучи таа.
Андреев се приклучи на Нова Бродкастинг Груп како финансиски директор во 2009 година, а во 2019 година беше назначен за извршен директор. Магистрирал финансии и е добитник на наградата EI/Forbes „Финансиски директор на годината“ во 2014 година.
Геркенс се приклучи на „Јунајтед груп’ минатата година како член на Одборот на директори на „Јунајтед медиа“ и е вклучен во управувањето со овој бизнис од преземањето на „Нова бродкастинг груп“.
„Јунајтед груп“, со седиште во Холандија, во чии рамки функционираат SBB и нејзините услуги EON и Total TV, а медиумските содржини се емитуваат од телевизиите и порталите N1, Nova S и Sport Klub, е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. Компанијата работи во осум земји, има приближно 11 милиони клиенти, речиси 14.500 вработени и годишни приходи од околу 2 милијарди евра. „Јунајтед груп“ има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на корисниците најатрактивниот избор на ТВ-содржини од целиот свет. Значајните инвестиции во дигиталната инфраструктура, медиумските содржини и технологијата, обезбедуваат извонредност на производите и услугите што ги обезбедува на клиентите. Од март 2019 година, „Јунајтед груп“ е во мнозинска сопственост на BC Partners, една од најголемите инвестициски компании во светот.
За повеќе информации посетете ја веб-страницата: https://united.group/ и http://www.unitedmedia.net
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

