Економија
Џенгфеи: „Хуавеј“ не ги шпионира корисниците
Основачот и директор на компанијата „Хуавеј“, Рен Џенгфеи, реши да го прекине молкот и ѝ се обрати на јавноста по обвинувањата дека неговата компанија ги шпионира корисниците кои дојдоа од повеќе земји, пред сè од САД.
„’Хуавеј’ никогаш не би им дозволил на кинеските власти да пристапат до податоците на корисниците, дури и кога Пекинг би го побарал тоа. Не, кинеските власти никогаш не побарале од нас пристап до податоците“, рекол тој, отфрлајќи ги на овој начин наводите дека „Хуавеј“ работи во корист на државата. Џенгфеи рекол дека компанијата е посветена на корисниците.
„Кинеското министерство официјално појасни дека во Кина не постои закон што ги обврзува компаниите да инсталираат ‘бекдор’ пристап до корисничките уреди. Во Кина тоа не постои. Ниту ‘Хуавеј’, ниту јас лично никогаш не сме добиле такво барање од која било влада да обезбедиме какви било информации, посебно не недолични“, рекол тој.
Основачот на „Хуавеј“ е поранешен офицер на Народноослободителната армија на Кина и угледен член на Комунистичката партија. Рен рекол дека неговите долготрајни односи со Комунистичката партија не влијаат на неговиот став и решителност да се спротивстави на барањата на која било влада која би барала податоци за корисниците.
Властите на САД забранија продажба на телефоните на „Хуавеј“, како и телекомуникациска опрема од оваа компанија под изговор дека се користат за шпионажа. Но работите кулминираа неодамна со приведувањето на ќерката на Рен во Канада, која е финансиски директор на „Хуавеј“, поради американските обвинувања дека компанијата продавала забранета технологија на Иран.
Минатата недела кинескиот суд, пак, осуди на смрт канадски дилер на дрога под обвинение дека во земјата внел 220 килограми метамфетамин. Сега се чека на одлука од Канада, а многу аналитичари тврдат дека се работи за класична размена, посебно поради тоа што судот затворската казна за канадскиот државјанин од затворска казна ја преиначи во смртна казна.
Рен одбил да ја коментира ситуацијата со неговата ќерка. Само кусо рекол дека многу му недостасува, како и дека верува дека американскиот и канадскиот правен систем се фер и дека ќе ја почека одлуката пред да даде коментар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

