Економија
Aвтомобил на годината во Германија за 2022 година: Новото „пежо 308“ е прогласено за победник
На 26 октомври 2021 година, жирито за „Aвтомобил на годината во Германија“(GCOTY) го прогласи новото „пежо 308“ како победник, меѓу 11 кандидати од 9 производители на автомобили во компактната класа. За жирито, стратегијата „Моќта на изборот“ на PEUGEOT беше во особен фокус: клиентите можат да избираат помеѓу бензин, дизел и два plug-in хибридни мотори. Дополнителни причини за доделување на наградата на компактното возило се модерната технологија, дигиталниот и индивидуално програмираниот PEUGEOT i-Cockpit® како и новиот дизајн со новото лого на PEUGEOT.
Компактното возило од брендот Peugeot е прогласено за победник, како и неговиот претходник кој има добиено многу награди, вклучително и наградата „Автомобил на годината за 2014 година“.
Оваа награда е најпосакувана награда во автомобилската индустрија.
PEUGEOT 308, Германски COTY победник во Компактната класа
„Ова е прва награда за новата генерација на PEUGEOT 308. Многу сме горди што 308 успеа да се наметне во компактната класа во Германија. Голема благодарност до жирито за автомобил на годината во Германија и целиот тим на PEUGEOT. Успехот, исто така, ни покажува дека сме на вистинскиот пат со стратегијата „моќта на изборот“ и нашиот постојан пат кон електромобилноста. Со новото „пежо 308“, веќе електрифициравме 80 % од нашата понуда на автомобили. изјави Haico van der Luyt извршен директор во PEUGEOT Германија
Ново „пежо 308“ израз на новиот идентитет на брендот
Како прво сериско возило со новото лого, „пежо 308“ е израз на новиот индентитет на брендот Peugeot. Full LED предните светла го прикажуваат типичниот светлосен потпис на брендот (вертикални напред и со форма на три лавовски канџи назад).
Најсовремените системи за помош при возење, како што се камерата за возење наназад, системот за предупредување од можен судар, помошта за следење на слепи точки со досег од 75 m, помошта за сопирање при итни ситуации и активниот систем за предупредување за напуштање лента со интервенција на управувачот обезбедуваат дополнителна безбедност при возење.
PEUGEOT i-Cockpit® (компактен управувач, head-up дисплеј, централен екран на допир) е дополнително развиен и модернизиран кај новиот PEUGEOT 308. Со i-Connect® Advanced и дигиталните i-Toggles®, моделот има интуитивен и мрежно поврзан инфозабавен систем.
Верен на слоганот „моќта на изборот“, новото „пежо 308“ се нуди во две plug-in хибридни верзии (електричен и бензински мотор 180 КС и 225 КС) како и со мотор со внатрешно согорување со различни бензински или дизел мотори. Целосно електрична верзија ќе следи во 2023 година.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

