Економија
Aмериканскиот џет-сет пиеше македонско вино во Њујорк
На настанот што минатата недела се одржа во Њујорк во организација на познатата модна дизајнерка Дона Каран и фондацијата Urban Zen се служеа македонски вина!
Настанот беше од хуманитарен карактер под името Stephan Weiss Apple Awards и на истиот присуствуваа звучни имиња од областа на модата, забавата, политиката, филмската и музичката индустрија, меѓу кои Дона Каран, Келвин Клајн, Томи Хилфигер, Кит Ричардс, Џими Нелсон, Иман, Хелена Кристенсен, Бернадет Питерс, Росана Ското, Кристи Турлингтон, итн.
Здружението „Вина од Македонија (Wines of Macedonia)“ беше спонзор на престижниот настан, a учествуваа македонските винарници со своите премиум вина, кои имаа одлична можност да се промовираат пред џетсет-посетителите за време на коктелот и вечерата. Гостите навистина уживаа во префинетиот вкус на нашите најквалитетни и наградувани вина.
Минатата недела се одржаа и промоциите на „Вина од Македонија“ со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а за чија организација беше ангажирана македонската маркетинг-агенција Creative House, која има своја канцеларија во Њујорк, и помогна во организација на спонзорството за овој хуманитарен настан:
„На ексклузивните вински настани за презентација на македонското вино учествуваа македонските винарници кои ги претставија своите најдобри производи пред реномирани личности од областа на винската индустрија, а дополнителна значајна улога во овие промоции претставуваше и овој хуманитарен настан. Ова беше одлична можност за нашите винарници да ги промовираат своите производи пред американскиот џет-сет и придонесува во градењето на имиџот на Македонија како винска земја“, изјави Елена Младеновска Јелековиќ, извршен директор на Здружението и изрази голема благодарност до агенцијата Creative House, која помогна во реализацијата на оваа дополнителна дегустација.
„Ги искористивме нашите релации во Њујорк и успеавме да обезбедиме влез на македонските вина на овој престижен настан и ни претставува особено задоволство што бевме дел од ова важно хуманитарно случување во Њујорк“, изјави Мики Павлов, сопственик на маркетинг-агенцијата Creative House во Њујорк.
Настанот Stephan Weiss Apple Awards се одржува традиционално од 2011 година, а главната цел е да ги признае и истакне хуманитарните дела од доменот во кој работи Urban Zen, односно здравството, образованието и културата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

