Економија
„Back to school“ акција во Нептун – големи попусти и до 24 рати без камата на смартфони, лаптопи и таблети
„Back to school“ акција во „Нептун“! До 17 септември големи попусти на смартфони, лаптопи, таблети и до 24 рати без камата со хепи-кредит, кредитни картички и синдикална продажба.
На почетокот на школската година подновете се вие и вашите најсакани по одлични цени и со можност за плаќање до 24 рати без камата! Разгледајте ги одличните понуди онлајн на Neptun.mk или во 25-те продажни салони на „Нептун” ширум Македонија. Во „Нептун” може да најдете производи од вашите омилени брендови: Samsung, Huawei, Apple, Asus, Acer, Lenovo, HP, Lenovo, Canon, Sony, Xiaomi и многу други.
„Нептун” има и широка палета услуги за своите клиенти како: лојална програма, инстант-кредити, дополнителни гаранции, разни типови на достава, онлајн продажба, мобилна апликација NEPTUN за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard. „Нептун” лансираше и дигитална верзија на хепи-картичката за лојалност со која им овозможи на клиентите да ја активираат/дигитализираат својата постоечка хепи-картичка на својот мобилен телефон преку веб-сајтот Neptun.mk или преку мобилната апликација NEPTUN. За потрошувачите што немаат хепи-картичка , „Нептун” им овозможи промотивен период во кој ќе може да си купат онлајн дигитална хепи-картичка на 50% попуст. Со дигиталната хепи-картичка клиентите ќе може да ги користат бенефициите од лојалната програма во продавниците на „Нептун” ширум Македонија, како и при онлајн шопинг на Neptun.mk.
„Нептун”, најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на производи од бела техника и апарати за домаќинство, е присутна 21 год. на македонскиот пазар и е застапена со 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

