Економија
Black Friday Week во „Скопје сити мол“
Black Friday во Skopje City Mall не е само еден ден. Ниту два, ниту три, туку цели 7 дена.
Дали сте подготвени еден супер шопинг настан? Овој пат нема брзање затоа што тука сме цели 7 дена со попусти и акции.
Скопје Сити Мол реши оваа година да вметне промена во интернационалната кампања Black Friday која ја прави веќе традиционално 6та година. Од 23 ноември ( понеделник) во Skopje City Mall започнува нашата Black Friday Week манија која ќе трае се до 29ти ноември.
Skopje City Mall нека биде местото кое сите вие љубителите на шопингот сигурно нема да го одминете. Од 10:00 часот продавниците на најголем трговски центар ќе обезбедат специјални попусти за сите купувачи во рамките на акцијата Black Friday.
„Oваа година најавуваме нов концепт на оваа кампања. Попусти кои ќе траат цели 7 дена. Ја ставивме безбедноста на посетителите и вработените на прво место. Black Friday прераснува во Black Friday Week. Целта е да се обезбеди и да им се овозможи на јавноста и посетителите да купуваат производи со Black Friday цени. Затоа повелете во Скопје Сити Мол нa шопинг со огромни попусти кој трае цела недела” – изјавија од Скопје Сити Мол.
Продолжување на Black Friday & Weekend попустите во текот на цела недела од 23ти до 29 ноември.
Модните продавници, како и оние за бела техника најавија намалувања на цените кои ќе се движат се до – 60%, -70%. Ви посакуваме незаборавен шопинг во Skopje City Mall на денот кога целиот свет го зафаќа шопинг манијата наречена Black Friday! Не го пропуштајте ова шопинг уживање BLACK FRIDAY WEEK!
При посета на омилениот Скопје Сити Мол, потребно е да носите заштитна маска, одржувате безбедно растојание и да ги почитувате правилата и знаците поставени кај нас. Заштити се себе и тие околу тебе, Скопје сити Мол – Се што сакам! Кај дел од закупците, попустите ќе важат од 27 до 29 ноември!
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

