Економија
Credissimo на првиот училиштен ден израдува повеќе од 550 првачиња во Македонија
Компанијата спроведе кампања под името „Секогаш биди број 1”, во која раздаде подароци за првачињата во 18 основни училишта низ целата држава.
Општествените активности на водечката „финтек“компанија Credissimo не запираат. Откако на почетокот на годината ги поддржа вработените на Инфективната клиника во Скопје, преку иницијативата „Топол оброк навреме“,компанијата пред неколку недели директно се приклучи во хуманитарна акција за помош на засегнатите граѓани и херои кои учествуваа во гасењето на пожарите, со донирање на огромна количина пакети со храна, пијалак и средства за хигиена. Денес компанијата ја спроведе третата општествена кампања годинава. Credissimo овој пат одлучи да ги изненади и израдува токму најмалите – првачињата,на првиот училиштен ден.
По повод петтиот роденден,компанија реши да раздава подароци, па затоа организира кампања под името „Секогаш биди број 1”,во која се подготвија над 550 подароци за првачињата во 18 основни училишта низ целата држава. Училишниот караван ги посети дел од основните училишта во Скопје (Бутел, Бардовци, Љубанци и Љуботен), а подароци имаше и за првачињата во Валандово, Јосифово, Берово, Маврово и Ростуше. Во основно училиштеза деца со посебни потреби „Д-р Златан Сремец“ во Скопје, на подароците им се израдуваа сите дечиња од училиштето.
„Сметаме дека одговорноста и придонесот кон образованието на младите е одговорност на сите во општество. Токму поради тоа сакаме патот кон напредокот на првачињата да биде поддржан и од нас. Со овие подароци сакаме да ги мотивираме и да ги поттикнеме уште од првиот училиштен ден да го дадат својот максимум, да го искористат својот потенцијал и секогаш да се борат да бидат број 1 во она што го прават. Ова е третаопштествена кампањашто ја правиме оваа година, асо посилно темпо продолжуваме и во следниот период“, изјави Георги Руков, директор на ФД Кредисимо.

Благодарност за кампањата изрази и една од директорките во училиштата.
„Во името на нашето училиште и неговите вработени, како и во името на родителите и пресреќните дечиња, сакаме да искажеме огромна благодарност на Credissimo. Подароците штоги добивме се од големо значење за нашето училиште, а особеноза нашите ученици, бидејќи покрај тоа што училишните пакети ќе им овозможат полесно да ги совладуваат новите работи штоќе ги учат, ова е и мотив плус за да се радуваат на почетокот на годината и со огромен ентузијазам да почнат да чекорат по едукативниот пат. Ова е прекрасна активност и е одличен пример како една успешна компанија дава свој придонес во општеството“, изјави Матилда Бајкова, директорка на училиштето „Аврам Писевски“ во Бардовци.
Од компанијата потврдија дека постојано планираат и подготвуваат нови општествени акции, а за оваа кампања изразија особена благодарност до нивниот партнер Хелоу Пост, кој им помогна сите првачиња да ги добијат своите подароци навреме!
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

