Економија
Fashion Group: Со лојалти-картичката отсега купувај и онлајн

Fashion Group ги израдува своите корисници со нова убава вест. Лојалти картичката сега во функција и за онлајн програмата, па тие што ја поседуваат ќе можат да уживаат во нови поволности на www.fashiongroup.com.mk!
„Клиентите често не’ прашуваа дали Лојалти картичката што ја имаат важи и за онлајн купувањата, а ние сега таа опција направивме да биде возможна! Слушајќи ги нивните потреби и сакајќи да им го направиме шопинг искуството уште подобро, одлучивме сите оние што веќе ја имаат оваа наша картичка, да можат да ја искористат и на нашата онлајн продавница!“, посочуваат од Fashion Group.
Оттаму велат дека условите за користење на Лојалти картичката, користењето на поените остануваат исти како и во физичките продавници на брендовите и целиот процес е синхронизиран и онлајн.
Со секоја сметка од или над 6.000 денари направени во нашите продавници Mango, Springfield Parfois, Women’Secret, Boss, Geox, Bitsiani, Dan John, имате можност да станете дел од клубот на лојални потрошувачи и да уживате во уште едно уникатно шопинг искуство, сега и онлајн.
„Купувачите ќе можат да ги искористат своите поени каде што ќе посакаат. За онлајн користењe, потребно е само корисникот да биде логиран со истиот е-маил со кој што е регистрирана картичката. На неговиот профил ќе може да си ги види поените со кои располага, а делот каде да се внесе бројот на картичката за да ги искористат поените е јасно видлив. Единствената разлика при користењето на Лојалти картичката при онлајн шопинг е што после извршената и процесирана нарачка, поените ќе бидат достапни после изминати 30 дена“, објаснуваат од групацијата.
Оние што можеби се’ уште немаат лојалти картичка, истата можат да ја добијат со направена сметка над 6.000 денари во некоја од продавниците на нивните брендови, а сите информации поврзани со онлајн програмата за лојалност се наведени и на следниот линк –https://www.fashiongroup.com.mk/loyalty.
„Нашите корисници сега уште повеќе можат да уживаат во купувањето и да ги користат сите бенефиции, бидејќи сакаме да ја негуваме лојалноста која ни ја даваат во изминативе 20 години. За сите дополнителни информации, корисниците на услугите на Fashion Group можат да се обратат и во продавниците на нашите брендови, како и во онлајн службата. Во овој период актуелни се и големите летни попусти, па сега имаат можност повеќе купувањето да им биде со уште поголем мотив, поволности и задоволство!“, велат од Fashion Group.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.