Контакт

Економија

Happy Hours акција во Нептун од 14 до18.12. – Огромни попусти и најдобри понуди!

Објавено пред

Само од 14 до 18 декември во сите  продавници на „Нептун“ има супер акција Happy Hours со огромни попусти и најдобри понуди!

Ајде во продавниците на „Нептун“ ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk, разгледајте ги понудите и изберете од најголемиoт избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење и сушење, плотни, фурни, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други.

Покрај оваа акција Happy Hours со огромни попусти, во „Нептун“ има уште многу други активни промоции со кои се опфатени голем број производи од сите продуктни категории со попусти и до 24 рати без камата! Во промоциите секој ќе може да си најде нешто за себе и за своите најблиски како подарок за празниците што следат. Изберете супер подароци од активните промоции за смартфони, телевизори, ИТ-опрема, апарати за домаќинство или, пак, апарати за лична нега и убавина и изненадете ги вашите најблиски.

(ПР текст)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Никола Рибароски избран за претседател на Комората на друштва за геодетски работи

Објавено пред

На редовно годишно собрание, делегатите го избраа Никола Рибароски за претседател на Комората на друштва за геодетски работи.

По изборот тој истакна дека ќе ги застапува заедничките интереси на членовите на Комората институциите на национално и интернационално ниво, ќе ги чува угледот, честа и правата на членовите и вработените овластени геодети, и ќе се грижи дејност да ја вршат во согласност со матичниот Закон.

Рибароски е дипломиран геод. инжинер и магистер по технички науки на Градежниот факултет во Скопје. Има повеќегодишно искуство во секторот и во изминатиот мандат беше член на управниот одбор на Комората.

„Рибароски делуваше со силни и континуирани заложби за подобрување на условите за работа за геодетските друштва, но и за зголемување на јавните овластувања за геодетите кои се неопходни за либерализација на пазарот и економски раст на секторот“, се наведува во соопштението на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Прикажи повеќе...

Економија

„Ел-Џи“ размислува да се повлече од пазарот на паметни телефони

Објавено пред

„Ел-Џи електроникс“ може да го напушти производството на паметни телефони откако изгуби околу 4,5 милијарди долари во тој бизнис во изминатите пет години, пишува корејскиот бизнис портал „Кореа Хералд“ (The Korea Herald).

Извршниот директор на компанијата, Квон Бонг-сеок, испрати порака до вработените во концернот што навестува дека може да следат големи промени во сегментот на паметните телефони.

„Без оглед на какви било промени во насоката на бизнисот со паметни телефони, вработувањето ќе се одржи, така што нема потреба да се грижите“, рече тој.

„Како што се интензивира конкуренцијата на глобалниот пазар на мобилни телефони, време е Ел-Џи да донесе ладна проценка и најдобриот избор“, рече менаџерот на компанијата.

„Компанијата ги разгледува сите можни мерки, вклучувајќи продажба, повлекување и намалување на бизнисот со паметни телефони“, се вели во соопштението.

Претходно, се појавија информации дека Ел-Џи (LG) можеби се подготвува да ги намали или расклопи своите мобилни единици. Според овие шпекулации, околу 60 проценти од вработените би биле преместени и прераспоредени во други деловни единици во рамките на компанијата или во други подружници на Ел-Џи.

Кога ја презеде функцијата во јануари минатата година, извршниот директор Квон вети дека ќе направи пресврт во бизнисот со паметните телефони.

Прикажи повеќе...

Економија

Бочварски: Годинава ќе има над 200 милиони евра инвестиции во патната инфраструктура

Објавено пред

Оваа година планирани се над 200 милиони евра инвестиции само во патната инфраструктура. Продолжуваме со изградба на пругата кон Бугарија, со гасификацијата, со нови проекти во комуналната инфраструктура. Нè чека долга и интензивна градежна сезона, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој заедно со заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, изврши увид на реконструкција на мост на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

„Ни претсоти долга градежна сезона, каде што инвестициите во инфраструктурата дополнително ќе ги засилиме. Продолжуваме со изградба на автопатите и експресните патишта, со 25 нови проекти во комуналната инфраструктура, со изградба на магистралните гасоводи, а со почетокот на градежната сезона почнуваме со рехабилитација на локалните улици и патишта во согласност со динамиката предвидена со завршените тендерски постапки“, изјави Бочварски.

Тој додаде дека објавена е тендерската постапка за изградба на пругата во двете фази од Куманово до Крива Паланка за што во наредниот период се очекува да се избере изведувач за градежните работи.

Во однос на реконструкција на мостот, министерот Бочварски истакна дека ова е инвестција со која ќе се подобри безбедноста во сообраќајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион30 минути

Црна Гора најави дека во земјата ќе пристигнат три различни вакцини

Граѓаните на Црна Гора ќе имаат можност да бираат помеѓу вакцините на „Фајзер / Бионтек“, кинеската „Синофарм“ и руската вакцина...

Свет14 часа

(Видео) Џонсон со предупредување: Новиот вид коронавирус посмртоносен од претходниот

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва предупреди дека според најновите податоци новиот вид на Ковид-19 може да биде посмртоносен од другите...

Регион15 часа

Вучиќ: Ќе се обидеме да направиме фабрика за вакцини во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека ќе се обидат да направат фабрика за вакцини во Србија. Како што се наведува...

Свет15 часа

Уште една компанија ја намалува испораката на вакцина за ЕУ

Компанијата „Астра зенека“ соопшти дека почетните испораки на вакцината против коронавирус за земјите на ЕУ ќе бидат помали од предвиденото....

Свет17 часа

Илјада луѓе во Шведска примиле вакцина што се транспортирала на прениска температура

Околу илјада луѓе во Шведска примиле вакцина на „Модерна“ која се чувала на погрешна температура за време на транспортот, објави...

Економија19 часа

Повеќето од службениците вработени по Рамковниот ќе бидат прераспределени во МВР и УЈП

Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека 1.349 службеници вработени по Охридскиот рамковен договор до крајот на јануари ќе почнат со...

Европа20 часа

ЕК бара објаснување од „Фајзер“ за доцнењето на вакцините

Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“ за причините поради кои повторно се одложува испораката на вакцини против...

Македонија21 час

Обвинителството незадоволно од условната казна за поранешниот советник на Чулев

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е незадоволно од условната казна за Зоран Ѓорѓевски, кој беше вработен...

Македонија22 часа

Филипче: Спремни сме да ги примиме вакцините од Србија

Министерот за здравство, Венко Филипче, пред денешниот разговор за вакцините од Србија вели дека не постојат пречки ковид-вакцините да пристигнат...

Топ23 часа

(Видео) Пресечен меѓународен канал за дрога, запленети 40 килограми марихуана

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, заедно со Одделот за специјални полициски...

Македонија23 часа

Општина Центар додели 400.000 денари помош за Петриња и Сисак

Советот на Општина Центар додели парична помош во висина од 400.000 денари на градовите Петриња и Сисак во Хрватска. „По...

Македонија23 часа

Заев и Спасовски земаат највисоки плати во Владата

Премиерот Зоран Заев зема највисока плата од 87.813 денари, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е втор на списокот...

Македонија24 часа

Царовска на средба со МАНУ: Реформите во образованието се неопходни ако сакаме подобри резултати

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и членовите на работната група денес ги продолжуваат дебатите за предложените...

Регион24 часа

Мира Фурлан починала од западнонилска треска

Познатата актерка Мира Фурлан починала од вирусот на западнонилската треска, пишуваат хрватските медиуми. Актерката неколку месеци се борела со болеста...

Европа1 ден

Урсула фон дер Лаен: ЕУ ќе мора што побргу да обезбеди вакцини за Западен Балкан

Европската Унија со посебен механизам ќе обезбеди вакцини против коронавирусот за Западен Балкан што е можно побргу, рече претседателката на...

Свет1 ден

Уапсени двајца соработници на Навални затоа што повикувале на протести

Русија уапси двајца соработници на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, и се закани дека ќе ги тужи другите поради...

Европа1 ден

ЕУ воведува темноцрвени зони на епидемиолошката карта на Европа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, најави воведување нова ознака на епидемиолошката карта на Европа, темноцрвена зона, од...

Свет1 ден

Бајден бара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје со Русија

Претседателот на САД, Џо Бајден, ќе побара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје „Нов СТАРТ“ со Русија,...

Свет2 дена

(Видео) Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

Новиот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата...

Европа2 дена

Холандија воведува полициски час, луѓето веќе смислуваат начини како да го избегнат

Предлогот на холандската влада да воведе полициски час, прв по Втората светска војна, помина во парламентот, пренесува АФП. #BREAKING Dutch...

Досие