Економија
Светска премиера на Cross Turismo: Практичната верзија на Porsche Taycan
Porsche ја продолжува електричната офанзива со нова варијанта на Taycan
Porsche со виртуелна презентација официјално го претстави новиот Taycan Cross Turismo пред јавноста.

Производителот на спортски автомобили го проширува портфолиото на производи од својата прва гама на целосни електрични спортски автомобили со додавање на оваа разноврсна теренска верзија, со што се продолжува систематското следење на јасната мисија за еколошка и одржлива мобилност. Како и спортскиот седан Taycan, Taycan Cross Turismo има придобивки од иновативниот електричен погон со архитектура од 800 волти. Новата високотехнолошка верзија со погон на сите тркала и адаптивна воздушна суспензија, исто така, обезбедува бескомпромисна динамика надвор од патот. Триесет и шест милиметри повеќе простор за глава за патниците на задните седишта и повеќе од 1.200 литри багажен простор, го прават Cross Turismo идеален за сите намени.

„Во 2019 година, испративме клучен сигнал со дебито на нашиот прв електричен спортски автомобил“, рече Оливер Блуме, претседател на Извршниот одбор на Porsche AG, на светската премиера на новиот и поразновиден дериват. „Ние се гледаме како пионери на електричната мобилност: до 2025 година, половина од сите нови возила кои ќе ги испорачаме ќе имаат електрифициран погон – или целосно електричен или plug-in хибрид. Во 2020 година, еден од три испорачани возила во Европа имаа електричен погонски систем. Иднината припаѓа на електричната мобилност. Со Taycan Cross Turismo, ние правиме уште еден голем чекор во оваа насока“.
Сите варијанти на Cross Turismo се достапни веднаш
Четири варијанти на Taycan Cross Turismo се веднаш достапни по официјалното лансирање на пазарите. Пакетот на батерии „Performance Battery Plus“, кој има капацитет од 93.4 kWh, е стандардно достапен. Моделите кои ги нуди Cross Turismo се следните:

- Taycan 4 Cross Turismo со 280 kW (380 КС), со „overboost“ моќност при лансирање „Launch Control“ 350 kW (476 КС), забрзување од 0 до 100 км/ч за 5,1 секунда, максимална брзина од 220 км/ч и досег од 389 – 456 км.
- Taycan 4S Cross Turismo со 360 kW (490 КС), со „overboost“ моќност при лансирање „Launch Control“ 420 kW (571 КС), забрзување од 0 до 100 км/ч 4,1 секунда, максимална брзина од 240 км/ч и досег од 388 – 452 км.
- Taycan Turbo Cross Turismo со 460 kW (625 КС), со „overboost“ моќност при лансирање „Launch Control“ 500 kW (680 КС), забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,3 секунди, максимална брзина од 250 км/ч и досег од 395 – 452 км.
- Taycan Turbo S Cross Turismo со 460 kW (625 КС), со „overboost“ моќност при лансирање „Launch Control“ 560 kW (761 КС), забрзување од 0 до 100 км/ч за 2,9 секунди, максимална брзина од 250 км/ч и досег од 388 – 419 км.
Високотехнолошката шасија со погон на сите тркала и адаптивната воздушна суспензија стандардно доаѓа кај сите четири модели. Опционалниот пакет Off-Road го зголемува растојанието од земјата до 30 mm. Ова значи дека може да се вози и Cross Turismo на терени надвор од патот. Стандардниот „Gravel Mode“ ја подобрува адаптивноста на новиот модел за возење по нерамни патишта.

Во однос на визуелниот изглед, Taycan Cross Turismo внимателно го следи концептот Mission E Cross Turismo презентирана на Саемот за автомобили во 2018 година во Женева: Неговата силуета е дефинирана од спортската линија на покривот која се спушта надолу, позната како „Flyline“ и доаѓа од дизајнерите на Porsche. Дизајнерските детали вклучуваат зголемени лакови на тркалата, уникатни предни и задни дифузери и странични прагови. Како дел од пакетот Off-Road Design, Cross Turismo има специјални клапи на аглите на предните и задните браници и на краевите на праговите. Со тоа се создава впечатлива надворешност, а се обезбедува и заштита на подвозјето.

Спортски додатоци: нов заден носач и Porsche електрични велосипеди
Единствено за Taycan Cross Turismo, Porsche разви заден носач за три велосипеди кој поставува нов стандард во поглед на големина и начин на користење. Може да се користи универзално за различни видови велосипеди. Една од неговите иновативни одлики е дека задната врата може да се отвори дури и кога е натоварен задниот носач. Porsche исто така претстави два висококвалитетни електрични велосипеди – eBike Sport и eBike Cross. Со нивниот безвременски дизајн, како и моќната, одржлива технологија на погон, тие се совршено усогласени со Taycan Cross Turismo.

Високотехнолошки изглед за високотехнолошко возило
Светската премиера на новиот Porsche Taycan Cross Turismo се одржа во Хипербоул студиото во саемските простории во Минхен – Германија. Ова спектакуларно ново студио ги спојува светот на филмот и реалноста: закривен LED ѕид со агол од 270 степени, долг 40 метри и висок 5,5 метри, е комбиниран со LED таван за да се обезбеди површина на екранот од 478 квадратни метри со 70 милиони пиксели. Светската премиера беше емитувана на newstv.porsche.com и истата може да се погледне во било кое време.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Партнерство за енергетската иднина“: Потпишан Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УНДП“
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува јасна и долгорочна рамка за заедничко делување во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и одржливиот развој.
Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Северна Македонија, Армен Григорјан. Со Меморандумот се зајакнува институционалната соработка меѓу двете страни и се отвора простор за координирани активности насочени кон праведна и инклузивна енергетска транзиција, зајакнување на енергетската независност и отпорност на државата, како и исполнување на националните и меѓународните климатски цели.
„Овој Меморандум претставува силна потврда на нашата заложба за модерна, одржлива и праведна енергетска транзиција. Преку партнерството со УНДП добиваме дополнителна експертиза и поддршка за креирање и спроведување политики кои носат конкретни придобивки за граѓаните, економијата и животната средина“, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
Соработката ќе се реализира во согласност со националните приоритети и Програмскиот документ на УНДП за Република Северна Македонија за периодот 2026–2030, со посебен фокус на добро управување, транспарентност и активно вклучување на јавноста во процесите на донесување одлуки поврзани со енергетиката.
„УНДП останува посветен партнер на институциите во Северна Македонија во унапредувањето на одржливиот развој. Овој Меморандум создава силна основа за заедничка работа во енергетскиот сектор, со фокус на чиста енергија, намалување на емисиите и инклузивен јавен дијалог“, истакна постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан.
Меморандумот предвидува заеднички активности во развојот на енергетскиот сектор, рударството и управувањето со минералните ресурси, намалување на емисиите на стакленички гасови преку зголемена примена на обновливи извори и мерки за енергетска ефикасност, како и поддршка во изработката и спроведувањето на национални стратегии, законодавство и акциски планови во областа на енергетиката.
Особено значаен сегмент од соработката е насочен кон јакнење на институционалните, техничките и човечките капацитети, преку градење експертиза и подобрување на процесите за креирање и спроведување јавни политики, како и кон унапредување на транспарентноста и инклузивниот јавен дијалог, со посебно внимание на младите, жените и ранливите групи граѓани. Во рамки на партнерството е предвидена и заедничка организација на национални и меѓународни настани, форуми и иницијативи посветени на одржливиот развој и енергетската транзиција.
Меморандумот е склучен на период од четири години, со можност за продолжување, и претставува значаен чекор кон продлабочување на соработката меѓу Министерството за енергетика и УНДП во насока на одржлива и сигурна енергетска иднина за Северна Македонија.
Економија
Новата Ford Puma Gen-E финалист на европскиот натпревар AUTOBEST 2026!
Ford Puma Gen-E е избрана за финалист на престижниот избор AUTOBEST 2026 – признание што ја потврдува визијата на Ford за иновативна, ефикасна и достапна мобилност.
Како нова електрифицирана генерација на омилениот кросовер, Puma Gen-E комбинира динамичен дизајн, напредни технологии и практичност создадена за секојдневието. Со фокус на одржливост и паметни решенија, моделот нуди возбудливо искуство во градот и надвор од него, без компромис во удобноста и перформансите.
Ова признание од AUTOBEST е уште една потврда дека Ford Puma Gen-E поставува нови стандарди во својата класа.
👉 Вашиот глас е важен!
Поддржете ја Ford Puma Gen-E и гласајте во изборот AUTOBEST 2026 на https://autobest.org/.
AUTOBEST е еден од најрелевантните и највлијателни европски автомобилски избори, основан со цел да ги претставува интересите на реалните возачи низ целиот континент. Жирито на AUTOBEST го сочинуваат реномирани автомобилски новинари од повеќе од 30 европски земји, кои заедно претставуваат над 90% од европскиот автомобилски пазар.
Финалистите и победниците на AUTOBEST се сметаат за репер во европската автомобилска индустрија, а самото учество во финалната селекција претставува значајно признание за квалитетот и визијата на еден модел.
(ПР)
Економија
Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:
„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“

