Контакт

Македонија

Меркел загрижена за поскапувањето на увозните давачки во САД

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази загриженост во врска со одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да наметне увозни давачки врз алуминиумот и челикот и повика на преговори за намалување на тензиите.

„Со загриженост го гледаме зголемување на тарифите за одредени производи“, рече Меркел.

Таа додаде дека ја поддржува ЕУ во нејзината желба за дијалог со САД, но исто така и со земјите кои можат да бидат погодени, како Кина.

Денеска Трамп потпиша указ за значајно воведување царина на увоз на челик за 25 отсто и алуминиум за 10 проценти. Овој чекор на Трамп би можел да доведе до избивање глобална трговска војна. Со високите тарифи ќе бидат опфатени земјите од Европската Унија и Кина, но не и Канада и Мексико, со кои САД и натаму преговара за новиот трговски договор. Негативни реакции за тарифите пристигнаа од сите краеви на светот.

Економија

Владата ќе одвои дополнителни 4 денари за килограм предадено грозје наменето за преработка

Објавено пред

Mинистерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, заедно со градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, имаше работен состанок во Кавадарци со претставници на здруженијата на лозарите и винарските визби.

На состанокот министерот информираше за новата дополнителна интервентна мерка за откуп на грозје, која претходниот ден беше договорена на состанок со владиниот економски совет, на кој беше присутен и премиерот Зоран Заев.

Со оваа дополнителна интервентна мерка Владата ќе одвои допплнителни 4 денари за килограм предадено грозје наменето за преработка, а средства ќе се обезбедат од ковид-програмата на Владата.

„Освен мерките кои ние ги предложивме претходно, за да се достигне ланската цена на грозјето и поддршката за извозот на флаширано и наливно вино, која беше наменета за супституција во транспортот, денес ја претставивме и новата мерка која ја преземаме поради квалитетот на грозјето кое има под 18 малигани, ние дополнително како Влада ќе помогнеме со дополнителни 4 денари за тоа грозје кое не е наменето за вино, туку ќе има друга намена, како на пример за вински дестилат или за концентрат за сокови“ – изјави министерот Хоџа.

Претходно договорените 2 денара за вранецот и смедеревката остануваат да важат и ќе бидат исплатени од Програмата за директни плаќања и 2 денара субвенција за откупено грозје, средства кои ќе бидат исплатени до крајот на оваа година преку владината ковид-програма. Остануваме на супституција на транспортот со 20 отсто на транспортните трошоци за наливното вино и 30 проценти супституција за флашираното вино.

Дополнително за извозот, за откупени до 12 милиони килограми државата ќе субвенционира 2 денара, ако се откупени и извезени надвор од државата помеѓу 12 и 25 милиони килограми ќе добијат 3 денари, а ако откупат и извезат повеќе од 25 милиони килограми ќе добијат 4 денари субвенција.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува да работи во интерес на сите чинители на секторот. Со заеднички труд и заложби ќе продолжиме во насока на стабилно, конкурентно и развиено земјоделство.

Прикажи повеќе...

Економија

Уште десет дена можност да се аплицира за развој на социјални и зелени бизниси

Објавено пред

Здружението за социјални иновации АРНО апелира до сите млади што имаат желба да ги развијат своите бизнис-идеи со кои се нуди решение за некаков општествен или еколошки предизвик да аплицираат за програмата RISE, која е во тек. Повикот е наменет за млади на возраст од 18 до 35 години и е отворен до 27 септември.

Проектот RISE се спроведува во регионот на Западен Балкан со цел да им понуди на младите луѓе програма преку која тие ќе ги развијат своите идеи почнувајќи од нула. Програмата, освен менторска и експертска поддршка, нуди и мотивација, инспиративни приказни, дружење и регионални вмрежувања. На крајот од првата фаза две избрани тима од секоја земја ќе добијат финансиска и експертска поддршка за понатамошен развој на зелениот/социјалниот бизнис.

Проектот RISE е развиен и мониториран од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), „Група СОС пулс“, Мрежата за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), Францускиот институт и Француско-германската канцеларија за млади (ОФАЈ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО, Balkan Green Foundation, Nesto vise, Smart Kolektiv, IEC Tehnopolis и Yunus Social Business. Проектот RISE е кофинансиран од Француската агенција за развој (АФД) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

„Нашата земја има прекрасни примери на млади луѓе кои не се само претприемачи ориентирани кон профит, туку се млади што преку своите бизниси прават добро за земјата и заедниците. Го имаме примерот на екомагионичарот Кристиан Шопов, кој преку своето екосоцијално претпријатие едуцира куп млади дека пластиката не може магично да исчезне, го имаме примерот на тимот на Challenger, кој завчера за 24 часа успеа да дојде до 500 корисници, кои ја користат нивната мобилна апликација и се мотивираат да пешачат и возат велосипед. Имаме креативни млади, ги каниме да аплицираат и да се впуштат во патешествието RISE Journey. Веруваме дека нема да биде лесно, ама ветуваме дека ќе биде забавно“, изјави Ирина Јаневска од АРНО.

Прикажи повеќе...

Економија

Бислимовски со предлог до синдикатите: Проширување на листата на граѓани со субвенции или намалување на ДДВ-то за потрошената струја

Објавено пред

Проширување на листата на граѓани кои се опфатени со субвенции за енергетска сиромаштија со оние лица кои се погодени од здравствената криза е една од опциите што може да се преземе за да се заштитат ранливите потрошувачи погодени од ковид-кризата – е предлог-решението од РКЕ за кое синдикатите посочија дека ќе го разгледаат во рамките на органите и телата на синдикатите и за истото ќе продолжат со разговорите на следните состаноци на кои ќе бидат поканети и граѓански организации.

„Станува збор за механизам кој подразбира привремено проширување на постоечка листа за надоместок за енергетска сиромаштија со лица кои се погодени директно од здравствената криза. Ние треба да им помогнеме на најранливите, а не да ги субвенционираме богатите – ова воедно е и заедничка препорака на РКЕ и Секретаријатот на Енергетската заедница. Институциите мора да разгледаат кои предлог-решенија се применливи: проширување на листата на граѓани со субвенции, намалување на ДДВ-то за потрошената електрична енергија и слично. Сега на потег е Собранието и надлежните министерствата како предлагачи на измени во закон“, посочи претседателот на Бисмилоски на состанокот со синдикалните лидери.

Бислимоски информираше дека Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги е ставена на располагање со сиот свој капацитет да биде логистика во процесот на разговори кои синдикатот ќе го води со владата и со соодветни анализи и практики да го аргументира барањето за помош кон најранливите категории граѓани.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет10 часа

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура11 час

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет12 часа

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Топ12 часа

Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредени уште тројца од семејството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во...

Регион14 часа

Стотици луѓе на Парадата на гордоста во Загреб, бараат промена на Уставот

Стотици луѓе се собраа на плоштадот Свети Марко во Загреб, каде се одржува 19. Парада на гордоста. Учесниците на Парадата...

Македонија14 часа

Шестмина починати и 140 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на...

Регион14 часа

(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција денеска, однесе два животи, предизвикувајќи поплави и материјална штета. Two dead, one...

Спорт15 часа

Ѓоковиќ кршеше рекети, судијата го нарекуваше Федерер, но влезе во полуфинале

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со судни маки успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Рим, откако...

Македонија15 часа

(Видео) Како ќе изгледа враќањето на училиште: на секое дете ќе му се мери температура, маските ќе се вадат само за време на оброкот

Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ И УСАИД, изработи видео во кое на јасен...

Топ15 часа

Приведен светиниколец за мачење на животни

СВР Штип – ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од селото Ерџелија, Свети Николе, поради мачење животни,...

Македонија17 часа

Османи: Предизвиците со Бугарија иако делуваат жестоко, тие се надминливи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ги претстави приоритетите во неговиот мандат. Како прв и најважен приоритет Османи ги...

Свет18 часа

Се огласи Навални: Патот кон закрепнувањето е јасен, но долг

Рускиот опозиционер, Алексеј Навални, објави фотографија на „Инстаграм“ на која се гледа како се симнува по скали и напиша дека...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија20 часа

Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави статус на „Фејсбук“ со кој ги негира информациите дека таа избегала откако...

Македонија20 часа

МОН: Децата кои немаат уреди за онлајн настава ќе може да ја следат од училница

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и...

Свет21 час

Трамп: До април ќе има вакцина за секој Американец

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец....

Македонија21 час

За еден ден казнети 384 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Свет22 часа

Европската агенција за лекови одобри употреба на дексаметазон за лекување на Ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на лекот дексаметазон за лекување на пациенти со Ковид-19 кои имаат проблеми со...

Топ22 часа

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел

Дваесет и четиригодишен скопјанец е осомничен дека ги сокрил оружјето, муницијата и дрогата во бункери во Бутел кои беа откриени...

Спорт22 часа

Либански фудбалер почина откако беше погоден од залутан куршум

Либанскиот фудбалер Мохамед Атви почина во болница откако беше погоден со залутан куршум во главата. 32-годишниот Атви бил погоден во...

Досие