Контакт

Македонија

Миро Церар: ЕУ падна на балканското прашање

Објавено пред

Словенечкиот министер за надворешни работи, Миро Церар, рече дека брегзит го покажал единството на Унијата околу малата земја членка Ирска, но дека ЕУ „паднала“ на балканското прашање кога не можела да се договори да ги отвори разговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија.

„Има некои позитивни ефекти во делот на Европската Унија во врска со брегзит, затоа што, на некој начин, го одржавме нашето единство за време на овој процес. Покажавме дека сме во состојба да застанеме зад една мала земја, Ирска, да ги заштитиме нејзините интереси “, рече Миро Церар за АП.

Церар предупреди дека одлуката на ЕУ да не ги отвори преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија испраќа негативен сигнал до нестабилниот Западен Балкан.

„Верувам дека ова одложување и неуспехот да се донесе одлука беше историска грешка“, рече словенечкиот министер за надворешни работи.

Словенија влезе во ЕУ во 2004 година.

Економија

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,76 % во однос на одлуката за изменување на одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 7.4.2021 година.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 0,50 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за изменување на одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 7.4.2021 година.

Малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за изменување на одлуката од 7.4.2021 година.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,513 денари за килограм и сега ќе изнесува 34,266 денари за килограм, известува Регулаторна комисија.

Од 13.4.2021 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– за моторниот бензин „евросупер БС-95“ цената ќе биде 67,00 денари за литар, а цената на моторниот бензин „евросупер БС-98“ ќе изнесува 69,00 денари за литар.

– дизел-горивото „евродизел БС“ (Д-Е V) ќе се продава за цена од 58,00 денари за литар, а маслото за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за цена од 57,50 денари за литар.

– цената на мазутот М-1 НС ќе биде 34,266 денари за килограм.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот 1,044 %, кај дизелот 0,121 %, кај екстра-лесното масло 0,031 % и кај мазутот намалувањето е 1,2 %, велат од РКЕ.

Прикажи повеќе...

Економија

Lucky days во „Нептун“ од 12 до 19 април – време е за најголеми попусти!

Објавено пред

„Lucky days” од 12-19 април во „Нептун” – продажна акција со најголеми попусти! Овие “Среќни денови” потрошувачите ќе може да купуваат производи со најголеми попусти и до 60 рати. Разгледајте ги понудите во 25-те продажни салони на Нептун ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk и изберете од најголемиoт избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење и сушење, плотни, фурни, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други.

Акцијата важи за купување во Нептун продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN достапна на Play Store и App Store. Не пропуштајте ја оваа идеална прилика за шопинг по супер цени, посетете ги “Нептун” продавниците и уживајте во овие среќни денови!

Од одличните понуди може да ви препорачаме прекрасен 50 инчен LG смарт телевизор за само 23.999ден. Доаѓа Европско првенство во фудбал каде ќе игра и нашата репрезентација, опремете се навреме и купете си нов голем смарт телевизор на големи попусти! Ако ви треба нов смартфон ајде во Нептун и купете го моќниот Xiaomi Redmi 9 за само 8.499ден. Нептун е и најдобрата дестинација за ИТ опрема и компјутери. Како топ понуда за овие Среќни денови, издвојуваме ASUS лаптоп со i3 процесор 10-та генерација, 4GB RAM и 256GB SSD за само 19.999ден., идеален избор и за работа и за настава! Обновете ја вашата кујна со некоја од супер понудите. Изберете комплет вградни уреди за во кујна од брендот BEKO и добијте неверојатни заштеди до 27%! Купете плотна, фурна, машина за садови, микробранова печка и уживајте во готвењето. Ви треба и нов фрижидер? Добијте одлични попусти и изберете фрижидер кој е со најнова технологија и со висока енергетска ефикасност. Застапени се модели од најдобрите брендови како BEKO, LG, Samsung, Candy, Whirlpool, Bosch, Fuego. На промоција се и мали апарати за домаќинство со попусти до 48%! Купете си нова правосмукалка, апарати за нега и убавина, апарати за готвење и правење на здрави напитоци и остварете огромни заштеди!

„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.

Прикажи повеќе...

Економија

Пролетни средби на ММФ и Светската банка – банкарскиот систем е стабилен

Објавено пред

Претпазливото управување со ризиците и соодветната регулативна рамка, усогласена со најдобрите меѓународни стандарди, му овозможија на банкарскиот сектор да ја дочека корона-кризата со силна капитална и ликвидносна позиција. Отпорноста на банкарскиот сектор се потврди изминатата година преку одржување на сите показатели на солидно ниво. Истовремено, банкарскиот систем и натаму обезбедува дополнителна кредитна поддршка придонесувајќи за ублажување на ефектите од пандемијата врз финансиската позиција на населението и билансите на корпоративниот сектор.

Ова беше истакнато на состанокот со потпретседателката на Светската банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде, и регионалната директорка на Светската банка за Западен Балкан, Линда ван Гелдер, на кој учествуваа и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерите Фадил Бајрами, Емилија Нацевска и Ана Митреска. Состанокот се одржа во рамките на пролетните средби на ММФ и Светската банка.

Во разговорот, меѓу другото, беше посочено и на параметрите за банкарскиот систем, кои ја отсликуваат неговата капитална и ликвидносна позиција. Притоа беше нагласено дека солвентноста и ликвидноста на почетокот од корона-кризата беа и подобри од оние на почетокот на големата глобална криза во 2008 и 2009 година. Тоа упатува на поголем простор за апсорбирање на потенцијалните ризици и за непрекинатост на кредитната поддршка од банките во овој период, што е клучно за справување со предизвиците, наметнати од здравствената криза.

Со оглед на продолжениот карактер на кризата во глобални рамки, во периодот што следува треба внимателно да се следат ризиците и да се обезбеди поактивно и превентивно преземање мерки и носење одлуки заради нивно минимизирање. Оттука, како што беше констатирано, произлегува и одлуката на Народната банка за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивидендите, што значи зајакнување на потенцијалните извори на капитал за банкарскиот систем, информираат од кабинетот на гувернерката.

На состанокот особено била нагласена и поддршката од страна на Светската банка во справувањето со пандемијата, како и поддршката за нашата економија на патот кон одржливо закрепнување преку мобилизација на приватниот сектор и воведување реформи што ќе обезбедат одржлив севкупен раст.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион4 часа

(Видео) Суспендирани двајца полицајци кои во Мостар претепаа момче поради кршење на мерките

Главна тема во БиХ деновиве е видеото снимено во Мостар на кое се гледа како двајца полицајци брутално тепаат момче....

Свет5 часа

Директорот на СЗО: Контрола над пандемијата е можна за неколку месеци, ако се почитуваат мерките

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денес изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не...

Топ7 часа

Од автомобил паркиран зад полициска станица украл службени легитимации и картичка за влез во МВР

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 47-годишник, кој на 28 март извршил тешка кражба во близина на полициската станица...

Македонија8 часа

34 починати и 193 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи...

Свет9 часа

Експертите посочуваат дека ни доаѓа нов супер коронавирус, комбинација од 18 мутации

Нов супер сој на коронавирусот во Бразил е комбинација од 18 мутации вклучувајќи ги таканаречените соеви на Бразил, Велика Британија...

Македонија11 час

Нови 30 дена притвор за Камчев

Основниот кривичен суд Скопје му го продолжи притворот за дополнителни 30 дена на бизнисменот Јордан Камчев. „Кривичниот совет при Основниот...

Свет13 часа

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна кај јужноафриканскиот сој, покажува израелска студија

Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ до одреден степен, открива...

Македонија13 часа

Ќе се ограничат цените за лекување пациенти од коронавирус во приватните болници

До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување пациенти од...

Македонија13 часа

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој рече дека вакцините, кои...

Македонија13 часа

Девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро

Денеска се навршуваат девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро. На 12 април 2012 година, на Величетврток, беа убиени...

Свет14 часа

Научниците со охрабрувачки вести: За секој нов сој ќе имаме вакцини

Во тек е трка помеѓу вакцините против Ковид-19 и мутациите на коронавирусот кои се закануваат да ги загрозат, откриле научниците...

Свет14 часа

„Билд“: Меркел го откажала терминот за вакцинирање со „астра зенека“

Германската канцеларка, Ангела Меркел, сè уште не е вакцинирана против коронавирусот, а според весникот „Билд“, таа требало вчера да прими...

Свет15 часа

Поединци немаат чувство за вкус и мирис, дури и една година по заразата од коронавирусот

Три дена по позитивниот тест на коронавирус, сè имаше вкус на картон, се сеќава 38-годишната Елизабет Медина, која го изгубила...

Македонија17 часа

Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници што се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата...

Македонија1 ден

Притвор за шестмината приведени во акцијата со марихуана

Скопскиот кривичен суд определи 30-дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана кои пред два дена беа приведени во...

Македонија1 ден

Првачињата ќе учат по нова наставна програма

На предлог на Бирото за развој на образованието, во петокот Министерството за образование и наука ги усвои новите наставни програми...

Македонија2 дена

Трајче Заев: Комбето не е во сопственост на фирма на Заеви, јас сум на службено патување

Трајче Заев – братучед на премиерот, Зоран Заев, ги отфрла обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за негова поврзаност со акцијата на...

Македонија2 дена

Во болниците се лекуваат 1.699 пациенти со коронавирус, има 340 празни болнички кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и...

Македонија2 дена

(Видео) Милошоски: Македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС, откако стана извесно дека над 200 македонски...

Свет2 дена

Јужна Кореја со „Астра зенека“ ги вакцинира лицата помеѓу 30 и 60 години

Јужна Кореја продолжува со вакцинацијата на лица под 60-годишна возраст со вакцината на „Астра зенека“. Корејската агенција за контрола и...

Досие